Црвеноврат нуркач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црвеноврат нуркач
Подарокот водни тревки, како дел од додворувањето
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Нуркачовидни
Фамилија: Нуркачи
Род: Нуркач
Вид: Црвеноврат нуркач'
Биномен назив
Podiceps grisegena
(Boddaert, 1783)
     Гнездење      Презимување
Синоними

Podiceps griseigena (Lapsus)

Црвеновратниот нуркач е водна птица преселница којашто ја среќаваме во умерените региони од северната хемисфера. Зимското живеалиште во голема мера е ограничено на мирните води надвор од брановите на брегот на океанот, но некои птици презимуваат на големи езера. Тие ги претпочитаат плитките води на езерата, мочуриштата или рибните езера како места за парење.

Го има и во Македонија.

Црвеновратниот нуркач има неопределено темно сива боја во зима. Во текот на сезоната на парење тие стекнуваат карактеристично црвена боја на вратот и пердувите, црна капа и бледо сива боја на лицето од каде е добиено и неговото име. Тие, исто така, имаат развиено систем на додворување и разновидни гласни повици за парење. Откако ќе се спари, таа гради гнездо од водни растенија на врвот на подвижна вегетација во плитките езера или мочуришта.

Како сите водни птици црвеновратниот нуркач е добар пливач и особено добар нуркач и одговара на опасност повеќе со нуркање отколку со летање. Нозете му се поставени позади на телото, блиску до опашката, што ја прави птицата тромава на копно. Таа нурка за риба или за инсекти надвор од вегетацијата. Исто така, ги голта своите пердуви за да го заштити својот дигестивен систем. Заштитата на нејзините два подвида - P. g. grisegena кои се наоѓаат во Европа и западна Азија, и поголемата P. g. holboelii во Северна Америка и источен Сибир - се оценува како најмалку важна, бидејќи глобалната популација ѝ е стабилна или расте.

Таксономија[уреди]

Нуркачите се мали до средно-големи водни птици со лопатести или поретко со мрежести прсти. Постојат повеќе родови од кои најзастапен е Podiceps со девет вида и еден неодамна исчезнат. Најблизок роднина на црвеновратниот нуркач е рибојадниот нуркач кокаљка (шатор)- од Европа и Западна Азија.[2] Можно е црвеновратниот нуркач првично да еволуирал во Северна Америка, а подоцна да се проширил во Европа каде што ја менува исхраната со повеќе инсекти, за да ја намали конкуренцијата со нивниот роднина.[3] Фосилите на овие видови, кои датираат од средниот плеистоцен се пронајдени во Италија.[4]

Родот со име Podiceps доаѓа од латинскиот podicis со значење на „пропустливи“ или „анусот“, и pes што значи „стапало“, а се однесува на поставеноста на нозете на птиците кон задниот дел на нејзиното тело.[5] Видовите со име grisegena се од латинскиот griseus (сива) и Gena (образ) и се однесува на лицето од возрасните птици за време на парење.[6] Црвеновратниот нуркач има два подвида, посочените подвидови P. g. grisegena во Европа и западна Азија, и P. g. holboelii, именувана по данскиот истражувач на Гренландски птици Carl Peter Holbøll, во северна Америка и источен Сибир. Источната Азиска птица има мали разлики од американската форма. Сепак, разликите се премногу мали за да се сметаат како трет подвид.[7]

Опис[уреди]

Црвеновратниот нуркач е средно голем нуркач, помал од кокаљката на Евроазија.[8] Возрасните единки се 40-50 cm долги, со 77-85 cm просечен распон на крилјатa, и тежат 692-925 грама. Кога се во период размножување, имаат црна капа која се протега под окото, многу бледо сиви образи и грло, црвен врат, темно сив грб и слабини и бели долни делови. Очите се темно кафеави а долгиот, зашилен клун е црн со жолта основа.[9]

Возрасен американски нуркач со пиле

Зимските пердуви на црвеновратниот нуркач се потемни од оние на другите нуркачи, неговата темно сива капа е помалку дефинирана и се соединува со сивото лице, а бледата полумесечина која врти околу задниот дел на лицето ѝ претставува контраст со остатокот од главата. Предниот дел на вратот е белузлав или светло сив, задниот дел од вратот е потемно сив; жолтиот дел од клунот е помалку видлив во лето.[9] Иако кај црвеновратниот нуркач не може да има грешка во пердувите, тој е помалку препознатлив во зима, и може да биде помешан со слични видови. Тој е поголем од ушестиот нуркач, со релативно поголем клун и повеќе сиво, отколку бело лице. Тој по големина е поблиску до кокаљката, но тој вид има подолг врат, поконтрасна шара на главата, и секогаш има бела боја над окото.[9] Половите се слични во изгледот, иако машките се во просек потешки од женките. Пилињата имаат пругасто-шарена глава и гради, а постарите малечки имаат пругасто-шарено лице, пригушено-темна капа, бледо црвен врат и интензивно жолта боја на клунот.[9]

Подвидот P. g. holboelii е поголем од именуваната раса со 43-56 cm должина, со 61-88 cm распон на крилјата, и тежина од 750 до 1,600 грама.[10] Перјата се исти како оние на именуваната раса, иако клунот на возрасните е поинтензивно жолт.[11] Разликата во големината помеѓу половите е поголема за овој подвид во споредба со P. g. grisegena.[7]

Црвеновратниот нуркач лета со долгиот врат испружен напред, а големите нозе му заостануваат зад телото, со што се добива еден растегнат изглед.[12] Релативно малите крилја се сиви, малку бели и многу брзо мафта со нив.[9] Малата површина на неговите крила значи дека нуркачот не е во можност да полета од земја,[13] и му треба подолго трчање по вода за да постигне брзина потребна за полетување.[14] Како и сите нуркачи, црвеновратниот нуркач е експерт за пливње, тој ги користи своите нозе како движечка сила под вода, и управува со ротирање на нозете, бидејќи неговатата опашка е премногу кратка за оваа намена.[15]

Ова е една од најгласните птици – нуркачи за време на сезоната на парење, но, како и нејзините роднини, таа е главно тивка во другиот дел на годината. Таа има силен, завивачки или врескачки повик „оууууууух“, испуштен од страна на една птица или пар птици во дует, ноќе или во текот на денот, а често и од засолниште. Долги секвенци до 60 последователни ноти можат да се чујат во текот на пеењето помеѓу птиците од ривалските територии. Голема разноликост на квакање, кокодакање, шиштење, кркотење и гугуткање може да се чујат, и тоа, со многу индивидуални варијации.

Распространетост и живеалиште[уреди]

Возрасна единка во сезона на парење

Размножувањето се одвива во плитките слатководни езера, заливи на поголеми езера, мочуришта, и други внатрешни водни тела, често помали од 3 хектари во обем и помалку од 2 m длабоки. Црвеновратниот нуркач претпочита води во пошумени области или, понатаму на север, во грмушкасти тундри, и фаворизира места со изобилство вегетација, како што се местата каде расте трска.[16] Најдобри живеалишта се езерцата каде има риба, кои имаат изобилство храна како и задоволување на другите потреби за живот.[17] Американскита подвидови се помалку врзани за водени површини каде има густ растителен свет, и понекогаш се размножуваат на прилочно отворени езера.[3]

Сите популации се миграциски и во зима, главно се на море, обично во утоки и заливи, но често и подалеку од брегот каде што рибите се на дофат за нуркање во близина на плитки брегови или острови.[7] Посакуваната промена и зимското живеалиште претставува вода поплитка од 15 метри со песок или чакал на дното, распрскани карпи и места со морски алги.[16] Во текот на зимата, птиците обично се хранат сами и ретко се собираат во јата, но за преселба, се групираат повеќе од 2000 птици на поедини омилени локации.[16] Преселбата е обично во текот на ноќта, но може да се случи и во текот на денот, особено кога летаат над вода. Ова е особено забележливо во есен на Големите Езера во Америка, кога до 18.000 птици може да поминат преку езерото Супериор; за кои се смета дека се канадски млади птици упатени кон Атлантскиот Океан за зимување. Оваа источна маршрута е подолга од онаа на Пацификот, но се избегнуваат Карпестите Планини.[7]

Просторот за размножување на црвеновратниот нуркач се поклопува со оној на ушестиот нуркач, иако вториот вид има тенденција да се дислоцира од локациите погодни за двата вида. Црвеновратниот нуркач претпочита копнена умерена клима, и е помалку успешна во близина на морски брегови и во субарктички и умерено топли зони. Тоа е обично птица, која живее во низини и која се размножува на висина под 100 m, иако таа прави гнезда и до 1800 метри висина во Турција. Именуваните подвидови се размножуваат од јужна Шведска и Данска, преку централна и источна Европа, на исток до западен Сибир, а презимуваат, главно во Северно и Балтичко Море, со помал број во Јадранско Море, Црно Море, Касписко Море, Средоземно Море и во езерата во внтарешноста.[18] P g. holboelii се размножува во Северна Америка, во Алјаска, западна и централна Канада, како и северниот дел на САД источно до Минесота, во Азија се гнезди во источен Сибир од Камчатка, јужно до Хокаидо и западно до Монголија. Азиските птици презимуваат во морето од Јапонија до Источното Кинеско Море, и американските птици презимуваат на Пацификот, главно од Јужна Алјаска до Британска Колумбија (со помал број на југ до Калифорнија), и на Атлантикот од Њуфаундленд и Лабрадор до Флорида. Некои птици остануваат на Големите Eзера, доколку тие се доволно одмрзнати.[18] Овој вид понекогаш се јавува како заскитан вид преку зима во Авганистан, Пакистан[19] и некои делови од северна и западна Индија.[20][21][22]

Размножување и опстанок[уреди]

Црвеновратните нуркачи вообичаено се гнездат во изолирани парови на далечина поголема од 50 m од гнездо до гнездо иако и полу-колонијално гнездење може да се случи на погодни локации, каде што до 20 пара може да бранат една територија.[16] Полу-колонијално размножување поверојатно е да се случи на локации каде што има големи пловечки површини од вегетација без никаква врска со брегот. Таквите локации, безбедни од многуте предатори и доволно големи да обезбедат заштита од ветер и бранови, имаат гнезда на птиците многу поблиску помеѓу себе отколку кај птиците на брегот, односно на помала оддалеченост од 10 m.[23]

Паровите кои се гнездат во овие колонии снесуваат поголем број јајца за квачење, кои порано се испилуваат и резултираат во покрупни младенчиња.[24] Територијата се брани со покажување на разни начини на заплашување, вклучувајќи ширење на крилјата, интуиција, и со испружување на клуновите, паровите кои се размножуваат во колонии се поагресивни, и помалку е веројатно да го напуштат гнездото незаштитени и покажуваат поголема тенденција да се отселат од колонијата кога не се во процес на инкубација.[25]

Размножувањето е често во слаба врска со галебите или други колонијални водени птици.

Места за гнездење со вегетација

Моногамното парење започнува во април или мај при преселбата или водата каде што се размножуваат, и ритуалот на гласно додворување започнува. Претставата пред самото размножување вклучува тресење на главата, спуштање на главата надолу, паралелно трчање во вертикална позиција и заедничко дарување на разновидно зеленило, а кулминира со „пингвин“ танц во којшто членовите на парот го подигаат целото тело исправено, гради до гради.[9][11]

Како и сите нуркачи, така и црвеновратниот нуркач се гнезди близу вода во којашто тој може да избега, бидејќи позицијата на неговите нозе далеку позади на телото го спречува да може брзо да се движи по копно. Тој, за разлика од другите нуркачи, често се размножува и подалеку во трските. Гнездото претставува една пловечка платформа составена од растенија и отпорна на потонување или пак новоизрасната вегетација, во вода со длабочина од 0.5 до 0.75 m, со поголемиот дел од гнездото под линија на водата.[3] Полагањето на јајцата главно се случува од средината на април до мај во Европа, а нешто подоцна, од средината на мај до јуни, во Северна Америка.[3] Родителите може да го напуштат гнездото во значајни периоди од ноќта, веројатно да избегаат од ноќните предатори. Не е јасно дали ова претставува самозаштита или заштита на јацата со свртување внимание од гнездото, и изгледа дека квачилото во гнездото, не трпи ништо од ова привремено напуштање, било која и да е причината.[26]

Пилиња на грбот од родителот

Црвеновратниот нуркач снесува четири или пет (од едно до девет) темно-бели или бледо-сини јајца, просечно широки 3.4 cm, 5.1 cm долги и тешки околу 30.5 грама, при што 10% тежи лушпата.[27] Родителите се менуваат при квачењето на јајцата од 21 до 33 дена, сè додека не се испилат пердувести пилиња кои веднаш се качуваат на грбот од родителите и таму престојуваат поголем дел од времето додека не наполнат од 10 до 17 дена.[11][28] Младите може да бидат хранети од родителите до 54 дена пред да почнат да летаат, а тие ќе може да летаат од 50 до 70 ден.[28] Родителите не се мешаат при хранењето на малечките кога тие сè уште водат грижа за нив. Подоцна, тие се грижат за помладите уште некој период, а се агресивни кон постарите пилиња. Со ова се изедначува опстанокот на сите млади по нивното полетување и ја охрабрува нивната независност.[29] Младите пилиња може да бидат одвоени така што секој родител храни само едно од пилињата. На овој начин, потребата за хранење на младите подеднакво се дели меѓу родителите.[30] По размножувањето возрасните ги менуваат пердувите на крилата (се митарат) и привремено не можат да летаат, а преселбата започнува веднаш штом пердувите повторно израснат.[16] Црвеновратниот нуркач обично има едно легло, иако второто легло и повторното гнездење, ако квачилото се изгубило, може да продолжи во јули или август.

Јајцата можат да бидат уништени и младите убиени од голем број предатори, вклучувајќи го ракунот во Северна Америка и чавката мршојадец во Европа.[3][31] Штуката може да ги улови младите при пливање. Во просек, за секоја возрасна птица, 0.65 млади птици се сè уште живи до нивниот четврти месец, иако стапката на моратлитет кај возрасните птици е непозната. Црвеновратниот нуркач се обидува да ги избегне птиците грабливки со помош на нуркање. Кога се храни, во просек нурка помалку од 30 секунди, времето на нуркање потребно за спасување се пролонгира.[3]

Хранење[уреди]

Родителите ги хранат пилињата неколку недели

На местото за размножување, Црвеновратниот нуркач главно се храни со без`рбетници, вклучувајќи возрасни и ларвовидни водни инсекти, како што се водните бубачки и ларвите на морските коњчиња, вид ракчиња и мекотели. Рибата[32]) може да биде важна локално или сезонски, особено за американските подвидови, а раковите може да претставуваат и до 20% од исхраната на еден нуркач. Птиците кои живеат на брегот често летаат во потрага по храна кон езерата во внатрешноста или кон морето.[16]

Пленот од водата се обезбедува со нуркање или со пливање на површината со главата потопена, а копнените инсекти и нивните ларви се клукаат од вегетацијата. Косата линија надолу од окото до врвот на отворената пониска мандибула (долна вилица) може да се користи за забележување на пленот пред нуркање или кога плива под вода. Нуркачот веројатно го отвора својот клун и гледа надолу во линија на окото кон целта.[33] Европските птици, кои треба да се натпреваруваат со ушестиот нуркач во лов на риба, јадат повеќе безрбетници во споредба со американските подвидови со долги клунови, иако двата вида главно во зима јадат риба.[3] Птиците од споменатите подвидови од најсеверните популации во Финска и Русија, каде не престојува ушестиот нуркач, имаат подолг и потенок клун од оние на југ, и тоа се одразува во имање повеќе риба во нивната исхрана, бидејќи нивниот главен конкурент е отсутен.[34] Ако храната е ретка, родителите може да ги напуштат неизведените јајца, или да дозволат најмалите пилиња да гладуваат, иако таа стратегија не е особено ефикасна во заштита на постарите пилиња.[17]

Како и другите нуркачи, црвеновратниот нуркач внесува во себе големи количини сопствени пердуви, кои остануваат во стомакот на птицата. Пердувите не се голтаат само од страна на возрасните, и тоа главно во периодот на самочистење, туку често им се даваат како храна на младите, понекогаш и само на еден ден од испилувањето. Овие пердуви наскоро се распаѓаат во вид на аморфна маса.[35] Функцијата на пердувите во стомакот е непозната, иако се смета дека тие помагаат да се заштити долниот дигестивен тракт од коски и друг тежок, несварлив материјал.[11]

Статус[уреди]

Возрасна единка со пилиња

Црвеновратниот нуркач живее на голема територија која се протега од 1 до 10 милиони квадратни километри и глобалната бројка изнесува од 150 000 до 370 000 единки,[36] а заедно со P. g. holboellii околу двапати побројнo.[37] Популацијата не е сè уште точно изброена, но забележан е пад (опаѓање на повеќе од 30% во последните 10 години или за три генерации) според IUCN Црвената листа. Поради овие причини овој вид се оценува како најмалку загрижувачки.[1]

Црвеновратниот нуркач е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските птици преселници AEWA.[38] Од договорните страни се бара да вклучат широк спектар стратегии за заштита, кои се опишани во деталниот акционен план. Планот е наменет за решавање на клучни прашања, како што се: заштита на видовите и живеалиштата, управување со хуманите активности, истражување, едукација и имплементација.[39]

Црвеновратниот нуркач бил ловен од страна на луѓето во северна Европа, во периодите мезолит и палеолит[40][41][42], но не постојат докази за некој позначителен лов во денешно време. Во северна Америка постојат потенцијални закани од загадувачите како што се полихлорирани бифенили (PCBs) пестициди, како што се ДДТ кои предизвикуваат намален репродуктивен успех, поради стерилност на јајцата и потенка лушпа. Областите за размножување може да биде загрозени поради модификација и деградација на езерата и од човечките нарушувања на водата поради разни рекреациони активности.[16] Не постојат докази кои сугерираат дека овие закани може да резултираат со значителен ризик за целокупната популација на птиците, повеке од 70% од популацијата на црвеновратниот нуркач во Северна Америка се размножува во Канада каде што таа е стабилна или се зголемува.[31]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Podiceps grisegena. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003638. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Ogilvie & Rose (2002) 8–9
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Johnsgard, PA (1987) 130–135
  4. Bedetti, C. (2001). „Update Middle Pleistocene fossil birds data from Quartaccio quarry (Vitinia, Italy) – The World of Elephants“ (PDF). „Proceedings 1st International Congress – Rome, October 16–20“: 18–22. http://www.sovraintendenzaroma.it/content/download/4737/62191/.../18_22.pdf. 
  5. Ogilvie & Rose (2002) 98
  6. Ogilvie & Rose (2002) 102
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Ogilvie & Rose (2002) 57–60
  8. Sibley (2000) 29
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 Mullarney et al. 18
  10. Ogilvie & Rose (2002) 92
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 „Red-necked Grebe“. „BirdFacts“. Cornell Laboratory of Ornithology. http://www.birds.cornell.edu/AllAboutBirds/BirdGuide/Red-necked_Grebe_dtl.html. конс. 26 август 2008. 
  12. Fjeldsa (2004) 140
  13. Fjeldsa (2004) 31
  14. Johnsgard (1987) 26–36
  15. Fjeldsa (2004) 10
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 16,5 16,6 „BirdLife International Species factsheet: Podiceps grisegena. BirdLife International. http://www.birdlife.org/datazone/species/index.html?action=SpcHTMDetails.asp&sid=3638&m=0. конс. 12 август 2008. 
  17. 17,0 17,1 Kloskowski, Janusz (2004). „Food provisioning in red-necked grebes (Podiceps grisegena) at common carp (Cyprinus carpio) ponds“. „Hydrobiologia“ 525 (1–3): 131–138. doi:10.1023/B:HYDR.0000038860.37405.d0. 
  18. 18,0 18,1 Harrison (1988) 217
  19. Savage, CDW (1968). „Rednecked Grebe Podiceps griseigena (Boddaert) again sighted in West Pakistan“. „J. Bombay Nat. Hist. Soc.“ 65 (3): 773. 
  20. Rasmussen, PC & JC Anderton (2005). „Birds of South Asia. The Ripley Guide.“. Smithsonian Institution and Lynx Edicions. ISBN 84-87334-67-9. 
  21. Gaston, A J; Pandey, S (1987). „Sighting of Rednecked Grebes (Podiceps grisegena) on the Pong Dam Lake, Himachal Pradesh“. „J. Bombay Nat. Hist. Soc.“ 84 (3): 676–677. 
  22. Mundkur, Taej; Pravez, Rishad (1989). „Sight record of Rednecked Grebe Podiceps griseigena near Rajkot, Gujarat“. „J. Bombay Nat. Hist. Soc.“ 86 (3): 440. 
  23. Sachs, Joel l.; Hughes, Colin R.; Nuechterlein, Gary L.; Buitron, Deborah (2007). „Evolution of coloniality in birds: a test of hypotheses with the red-necked grebe (Podiceps grisena)“. „The Auk“ 124 (2): 628–642. doi:10.1642/0004-8038(2007)124[628:EOCIBA]2.0.CO;2. 
  24. Nuechterlein, Gary L.; Buitron, Deborah; Sachs, Joel L.; Hughes, Colin R. (February 2003). „Red-necked grebes become semicolonial when prime nesting substrate is available“. „The Condor“ 105 (1): 80–94. doi:10.1650/0010-5422(2003)105[80:RNGBSW]2.0.CO;2. 
  25. Klatt, Paul H.; Nuechterlein, Gary L.; Buitron, Deborah (1999). „Frequency and distribution of behaviour of red-necked grebes breeding colonially and in classic territories“. „Behaviour“ 141 (3): 263–277. doi:10.1163/156853904322981842. 
  26. Jablow, Valerie (April 2003). „Bringing Up Baby: Scientists zero in on the caring and cunning ways of a seldom-seen waterbird“. „Smithsonian“ 34 (1): 333–337. http://www.smithsonianmag.com/science-nature/Bringing_Up_Baby.html. 
  27. „Red-necked Grebe Podiceps grisegena (Boddaert, 1783)“. „Bird facts“. British Trust for Ornithology. http://blx1.bto.org/birdfacts/results/bob100.htm. конс. 14 август 2008. 
  28. 28,0 28,1 Ogilvie & Rose (2002) 94
  29. Kloskowski, Janusz (2001). „Temporal patterns of parental resource distribution in the red-necked grebe: equalizing the share of the survivors“. „Behaviour“ 138 (11): 1355–1370. doi:10.1163/156853901317367636. 
  30. Lott (1991) 74, 76, 146
  31. 31,0 31,1 „Red-necked Grebe (Podiceps grisegena)“ (PDF). „"Marshbird" species conservation status assessment“. United States Fish and Wildlife Service. http://www.fws.gov/birds/waterbirds/statusassessment/Redneckedgrebe6.pdf. конс. 16 август 2008. 
  32. Piersma, T (1988). „Body size, nutrient reserves and diet of red-necked and Slavonian grebes Podiceps grisegena and P. auritus on Lake IJsselmeer, The Netherlands“. „Bird Studies“ 35 (1): 13–24. doi:10.1080/00063658809476975. 
  33. Ficken, Robert W.; Matthiae, Paul E.; Horwich Robert (September 1971). „Eye Marks in Vertebrates: Aids to Vision“. „Science“ 173 (4000): 936–939. doi:10.1126/science.173.4000.936. PMID 17751319. http://www.communityconservation.org/publications/science173.4000.1971.pdf. 
  34. Fjeldsa, Jon (1982). „The adaptive significance of local variations in the bill and jaw anatomy of North European red-necked grebes Podiceps grisegena“. „Ornis Fennica“ 59 (2–3): 84–9. 
  35. Johnsgard (1987) 37–53
  36. Шаблон:IUCN2011.1
  37. Ogilvie & Rose (2002) 96
  38. „Annex 2: Waterbird species to which the Agreement applies“ (PDF). „Agreement on the conservation of African-Eurasian migratory Waterbirds (AEWA)“. UNEP/ AEWA Secretariat. http://www.unep-aewa.org/documents/agreement_text/eng/pdf/aewa_agreement_text_annex2.pdf. конс. 4 јули 2008. 
  39. „Introduction“. „African-Eurasian Waterbird Agreement“. UNEP/ AEWA Secretariat. http://www.unep-aewa.org/about/introduction.htm. конс. 4 јули 2008. 
  40. Simmons, Tal; Dani Nadel (1998). „The avifauna of the early Epipalaeolithic site of Ohalo II (19 400 years BP), Israel: species diversity, habitat and seasonality“. „International Journal of Osteoarchaeology“ 8 (2): 79–96. doi:10.1002/(SICI)1099-1212(199803/04)8:2<79::AID-OA386>3.0.CO;2-I. 
  41. Zhilin MG, Karhu AA (2002). „Exploitation of birds in the early Mesolithic of Central Russia. In: Proceedings of the 4th Meeting of the ICAZ Bird Working Group Kraków, Poland, 11–15 September 2001“ (PDF). „Acta zoologica cracoviensia“ 45: 109–116. http://www.isez.pan.krakow.pl/journals/azc_v/pdf/45/08.pdf. 
  42. Mannermaa, Kristiina. „The archaeology of wings: Birds and people in the Baltic Sea region during the Stone Age“. „Academic dissertation“. Faculty of Arts at the University of Helsinki. https://oa.doria.fi/bitstream/handle/10024/38327/thearcha.pdf?sequence=1. конс. 31 август 2008. 

Надворешни врски[уреди]