Кокаљка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кокаљка (шатор)
Возрасна единка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Нуркачи
Фамилија: Нуркачи
Род: Нуркач
Вид: Кокаљка
Биномен назив
Podiceps cristatus
(Linnaeus, 1758)

     лето      постојан      зима

Кокаљка, голем нуркач или шатор (науч. Podiceps cristatus) е водна птица, член на фамилијата нуркачи.

Кокаљката ја има и во Македонија.

Опис[уреди]

Кокаљката е најголемиот член од семејството нуркачи од стариот свет, но некои видови се наоѓаат и во Америка. Долги се од 46 до 51 cm, а распонот на крилјата им е од 59 до 73 cm и тежат од 900 до 1500 грама.[2][3] Тие се одлични пливачи и нуркачи и затоа рибата ја ловат нуркајќи. Во лето, со своите впечатливи шари на вратот и грбот не можеме да ги помешаме со друг нуркач; додека во зима, како и другите нуркачи имаат бело околу очите и розев клун.

Новородените имаат карактеристични црно бели линии на главата кои се губат со нивното созревање (растење).

Возрасна единка со младенче
Главата на младенче Кокаљка со карактеристични линии

Живеалиште и гнездење[уреди]

Кокаљката се гнезди во тревнатиот дел од езерата. Подвидот P. c. cristatus е распространет во Европа и Азија по должината на средниот запад, а во зима тие се селат во потопли предели, што значи дека тие се птици преселници. Но, африканскиот подвид P. c. infuscatus и австралискиот P. c. australis не ги напуштаат своите места на живеење, тие се седентарни.

Однесување[уреди]

Родител со две рипчиња за своите младенчиња

За време на парењето кокаљката прави гнезда на површината на водата, бидејќи на копно не се движи многу добро поради тоа што неговите нозе се поставени поназад. Обично се изведуваат по две јајца, а родителите го носат подмладокот на грб помеѓу пердувите. Исто така, секој родител си одбира свој „фаворит” за кој подоцна ќе се грижи и ќе го подучува.

Необично, но со раѓањето младите нуркачи се способни самостојно да пливаат и нуркаат. Возрасните му ги пренесуваат вештините на подмладокот на тој начин што носејќи ги на грб се нуркаат во вода, а потоа ги оставаат младите да испливаат на површината на водата и да допливаат до нив.

Кокаљката воглавно се храни со риба, но јаде и мали ракчиња, инсекти и мали жаби. Овој вид птици е доведен до истребување во Обединетото Кралство во 19 век, бидејќи нивните пердуви биле користени за украсување на капите и дамските шапки. Кралското друштво за заштита на птиците во Британија го сопре нивното истребување, па тие повторно ги населија пределите низ Европа.


Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]