Орел

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сур орел[1][уреди]

Орелите се речиси најголеми грабливци.Клунот им е силно развиен,а на врвот свиткан во облик на кука. Темето на главата не им е заоблено, туку рамно.Нозете ,сè до прстите ,им се гаќести ,односно им се обраснати со пердуви, освен кај орелот рибар . Крилјата им се големи и кај најголем број орли достигнуваат до врвот на опашката. Суриот орел е најголем меѓу сите наши орли . Долг е околу 90cm.,а раскрилен достигнува и преку 220cm. Врвовите од крилјата не му ја покриваат опашката, односно покуси се од неа. Пердувите на главата и на вратот му се рѓесто жолти. Опашката му е бела ,а на крајот црно обрабена. Другите пердуви му се темно-кафени до речиси црни. За ловството е мошне штетен, но бидејќи неговата бројност е многу ниска, постои опасност наполно да изчезне. Според Законот за ловството,забрането е негово убивање. Женката неси 2-3 јајца и врз нив лежи 45 дена.

Орел крстач(Орел зајачар)[2][уреди]

Орелот крстач е нешто помал од суриот орел. Ципите на крајот од клунот достигнуваат се до очите.Врвовите од крилјата не достигнуваат до крајот на опашката. Пердувите му се кафено обоени .За разлика од другите орли ,пердувите на рамената од крилјата му се бели.

Гнездата ги прави исклучиво на дрвја.Во април-мај женката носи 1-3 јајца, врз кои лежи околу 45 дена. Како и сите други орли,бројноста на оној орел на нашата Република е мошне мала,па затоа е забранет за отсрел .

Орел клошташ[уреди]

Бојата на перјето кај овој орел е црно-кафена.На покривните пердуви на опашката се забележуваат бели делови. Очите и канџите му се жолти. Младите примероци се испскани по телото со белузлави пердуви и во основа бојата им е посветла отколку на возрасните примероци.

Може да се распознава и по неговото огласубање. Всушност,тоа прилега на остар лаеж на некое мало куче(кјак-кјак-кјак).

Џуџест орел[3][уреди]

Овој вид,според својата големина ,се вбројува меѓу нашите најмали орли што се среќаваат кај нас. Во должина може да изнесе до 50cm , а раскрилен изнесува околу 130cm.

Горниот дел од телото му е костенлив со потемни петна, додека долниот белузлав. Во зглобот на крилјата е видлива една бела дамка во големина на цреша. Опашката му е костенливо обоена ,а од долната страна има четити попречни пруги. Се храни со глувци и други помали цицачи.

Орел рибар[4][уреди]

Орелот рибар е долг околу 60cm.,а раскрилен достигнува до 175cm. Писките на нозете не му се обраснати со пердуви и се со сино-пепеласта боја.Зад темето, врвот и грбот му се жолтеникава-пепеласти, додека долниот дел од телото му е со бела боја. На опашката има 6 црни попречни пруги. Се храни исклучиво со риба. Гнездата ги прави по дрвја.

Наводи[уреди]

  1. „Ловечки прирачник“, Скопје, октомври, 1979 година
  2. „Ловечки прирачник“, Скопје, октомври, 1979 година
  3. „Ловечки прирачник“, Скопје, октомври, 1979 година
  4. „Ловечки прирачник“, Скопје, октомври, 1979 година