Горан Трајкоски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Горан Трајкоски (21 ноември 1963, Титов Велес, СФРЈ) — македонски музичар, најпознат како основач и водач на групата „Анастасија“.

Образование[уреди | уреди извор]

Основното и средното образование ги завршил во Велес, Струга, Охрид и Скопје. Студирал на Филолошкиот факултет, на групата англиски јазик и книжевност. Од крајот на 1980 до почетокот на 1990 година, работел како новинар во Македонската радио-телевизија - Македонско радио и во Канал 103 во областа на македонската народна и современата музика.

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Трајкоски нема формално музичко образование, а со музика почнал да се занимава од крајот на 1970-те, кога во Струга членувал во панк-групата „Афективен набој“. По преселбата во Скопје, свирел во групата „Сарацени“, а во 1983 година ја формирал групата „Падот на Византија“. Исто така, бил член и на групите „Мизар“ и „Апореа“, за потоа да ја основа групата „Анастасија“. Со групите „Анастасија“ и „Мизар“ настапувал на музичките фестивали и сцени низ сите поголеми европски градови. Со Македонската изворна народна музика се запознал благодарение на народните уметници Вања Лазарова и Пеце Атанасовски, а со црковната и источноправославното пеење со посредство на отците Владимир и Стефан Санџакоски.

Со групата „Мизар“, Трајкоски работел на нивниот прв албум од 1988 година. Со групата „Анастасија“ ги објавил следниве албуми:

  • На реките вавилонски/Премин (EP), издание на „Дом“ од Ниш и „Poeta Negra“ од Солун, 1989
  • Before The Rain - sountrack, Polygram France, 1995
  • Melourgia - Libra Music, 1997
  • Face/Burn (EP) - Third Ear Music, 1998
  • Nocturnal - Libra Music/Third Ear Music, 1999

Во 2011 година, заедно со Елена Христова, Трајковски го објавил албумот „Bioscopia“.[1]

Со театарска музика се занимава од крајот на 1980-те при што, самостојно или како член на групата „Анастасија“, компонирал музика за претстави во театрите во Србија, Босна и Херцеговина, Грција и Македонија. Притоа, соработувал со театарските режисери: Владо Цветановски, Сашо Миленковски, Владимир Милчин, Јани Бојаџи, Бранко Брезовац, Раик Алниачик и Златко Славенски. Меѓу другите, тој ја компонирал музиката за театарските претстави:

Тој има компонирано и музика за филм на Пред дождот (1994) на Милчо Манчевски, Среќна Нова 1903 (2013), Ругање со Христос (2018) и Кино љубов (2022) на Јани Бојаџи.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Изданија во кои Горан Трајкоски учествувал како музички автор и изведувач евидентирани од ВБУ Музички Регистар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Elena Hristova, Goran Trajkoski, Bioscopia, SJF Records 131, 2011.