Македонски народен театар

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од МНТ)
Скокни на: содржини, барај


Македонски народен театар
Кратенка МНТ
Основана 1945
Тип културна установа
Место Скопје
Директор Сашо Миленковски
Управа околу 150
Мреж. место www.mnt.com.mk

Македонскиот народен театар (скратено МНТ) е државен театар и најстара театарска институција во Македонија[1].

[уреди] Историја

Македонскиот народен театар е конституиран со Одлука на Президиумот на АСНОМ (бр. 581/45) од 31 јануари 1945, како драмски театар. Во текот на првите две сезони МНТ и функционира исклучиво како драмски театар. Во текот на наредните четири години театарот се доорганизирал: оперскиот ансамбл бил конституиран во 1947 година (првата оперска премиера, „Кавалерија рустикана“, е изведена на 9 мај 1947), а балетскиот во 1949 (првата балетска премиера, Валпургиската ноќ, е изведена на 27 јануари 1949).

Ваквиот модел на театарска организација (драма-опера-балет, популарно наречен австроунгарски), е променет во 2004 година, кога МНТ го задржал драмскиот ансамбл, а операта и балетот станале посебна организација - Македонска опера и балет (МОБ).

Првиот драмски ансамбл на МНТ бил во состав:

Кон овој состав се приклучуваат и дваесетина членови на техничкиот и административниот персонал, кои ја опслужуваат големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена 1927).

МНТ работел во истата зграда до земјотресот од 1963, кога таа била тешко оштетена и подоцна урната. После ова, МНТ работел во привремениот објект Театар Центар, до изградбата на новата зграда на МНТ во 1980-тите. Таа зграда денес ја користи МОБ, а за потребите на МНТ се гради повторно, на истото место и со истиот план, зградата од 1927, урната во земјотресот.

[уреди] Наводи

  1. Jelena Lužina. „Makedonskata nova drama, ili, Voved vo fenomenologijata na sovremenata makedonska dramaturgija“. Detska radost, 1996. 
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник