Владо Цветановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Владо Цветановски
Роден 7 јуни 1959
Слоештица, Демирхисарско, НР Македонија СР Македонија
Починал 23 октомври 2012
Скопје, Македонија Македонија
Занимање режисер
универзитетски професор
Роднини Јордан Плевнеш (брат)
Љубе Цветановски (брат)
Деца Андреј Цветановски
Дамјан Цветановски

Владо Цветановски (Слоештица, Демирхисарско; 7 јуни 1959Скопје, 23 октомври 2012) — македонски режисер и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Цветановски е роден во 1959 година во демирхисарското село Слоештица. Дипломирал на Академијата за уметности во Нови Сад на отсекот за интермедијална режија, во класата на професорот Боро Драшковиќ. Работел како професот на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што го предавал предметот глумечка игра.

Починал ненадејно на 23 октомври 2012 година во својот дом во Скопје, а бил погребан следниот ден на скопските градски гробишта Бутел.[2]

Творештво[уреди | уреди извор]

Цветановски реализирал околу педесет претстави кои се поставeни на театарските сцени во Македонија, како и во Белград, Нови Сад, Сараево, Софија, Санкт Петербург, Кишинев, Париз, Каиро, Кан итн. Неговата последна претстава била "Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот", чија премиера била поставена во Драмскиот театар во Скопје, една недела пред неговата смрт.:[3]

Притоа, најпознати негови претстави се:[4]

  • „Малограѓанска свадба“;
  • „Полковникот птица“;
  • „Домот на Бернарда Алба“;
  • „Среќата е нова идеја во Европа“;
  • „Хамлет“ итн.

За своите претстави, Цветановски освоил бројни значајни награди, како: Млад борец, вонредна Стеријина награда за претставата во целина, пет награди за најдобра претстава во целина на МТФ „Војдан Чернодрински“ и четири награди за најдобра режија на истиот фестивал.[2]

Понатаму, Цветановски се занимавал и со филмска режија. Така, во продукција на Македонската телевизија реализирал неколку документарни филмови посветени на македонските традиционални обележја, а го режирал и играниот филм „Тајната книга“.[4] Исто така, подолго време работел и на сценариото за неговиот втор игран филм со работен наслов "Ослепениот воин", кое останало недовршено поради неговата ненадејна смрт.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ФДУ - наставници“. ФДУ - Скопје. Посетено на 2012-10-23.
  2. 2,0 2,1 „Почина режисерот Владо Цветановски“. Утрински Весник. 23 октомври 2012. Посетено на 2012-10-23.
  3. 3,0 3,1 "Замина скромен, човечен и енергичен човек", Дневник, година XVI, број 4 997, 25 октомври 2012, стр. 17.
  4. 4,0 4,1 "Почина режисерот Владо Цветановски", Дневник, година XVI, број 4 996, 24 октомври 2012, стр. 17.