Госпоѓица Јулија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Госпоѓица Јулија (шведски: Fröken Julie) е натуралистичка драма напишана во 1888 година од Аугуст Стриндберг, во која се зборува за социјалните разлики, љубовта, страста и борбата меѓу половите. Оваа драма спаѓа меѓу четирите натуралистички драми, и се вбројува во најдобрите остварувања на Стриндберг. Драмата е напишана за еден париски театар, и го следи идеалот на тој театар: да се создаде што поцелосна илузија на стварноста.

[уреди] Содржина

Дејствието е сведено на минимум, и единството на време и простор е така добро спроведено, што завесата и не треба да се спушта. Целото дело се одигрува во грофовската кујна, на Иванден, во 1874 година.

Госпоѓица Јулија е ќерка на гроф, пример за нечиста крв, и на Иванден води љубов со слугата. Тоа на почеток е љубовна игра, при што неа ја возбудува социјалната разлика меѓу нив двајца. После љубовниот чин слугата прави планови за иднината, студено и реалистично, додека госпоѓицата е целата изгубена. Таа во играта направила престап, и сега чувствува дека само со самоубиство може да си ја поврати честа. Слугата гледајќи дека ситуацијата за неа е невозможна, ѝ пружа нож за да се убие.

[уреди] За делото

Збиеноста и интензитетот на драмата одговара на импулсивниот темперамент на Стриндберг, кој овде остварил една од најдобрите натуралистички драми. Нема сомневање дека таква внатрешна трагедија на личност која не може да ја издржи борбата со светот може да ја следиме во драмската книжевност уште од ШекспировиотХамлет“.

[уреди] Наводи


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици