Црвена верверица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црвена верверица
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Рбетници
Класа: Цицачи
Ред: Глодари
Фамилија: Верверици
Род: Верверица
Подрод: Верверица
Вид: Црвена вервериза
Биномен назив
Sciurus vulgaris
Linnaeus, 1758
Распространетост на црвената верверица

Црвена верверица или обична верверица (науч. Sciurus vulgaris) — еден од видовите на верверици. Тоа е животно кое живее на дрва, сештојад, глодар кој е раширен по Евроазија, вклучувајќи ја Македонија.[2]

Опис[уреди]

Црвената верверица има типична должина на главата и телото од 19-23 см, и на опашката 15-20 см, тежина од 250/340 гр. Не е полово диморфна, т.е. мажјаците и женките се со иста големина. Се смета дека долгата опашка им помага да ја одржуваат рамнотежата и правецот при скокање и качување по дрвата, а и се покриваат со неа за да се загрејат додека спијат. Крзното варира според годишните времиња и географски, од црно до црвено. Долната страна им е секогаш посветла до бела. Крзното го менуваат два пати годишно, од потенко летно во подебело зимско и со подолги влакна на ушите.

Како и сите верверици, има остри свиени канџи со кои се качува и симнува од стебла, тенки гранки, па дури и ѕидови од куќи. Силните задни нозе ѝ овозможуваат да прави долги скокови помеѓу дрвата. Исто така, знае и да плива.

Размножување и смртност[уреди]

Парењето настанува или во доцна зима (февруари-март) или во лето (јуни-јули). Женката може годишно да одгледа до две легла. Во секое легло се раѓаат по три до четири млади, иако се забележани и случаи со по шест. Бременоста трае 38-39 дена. Младите ги чува мајката, бидејќи се раѓаат беспомошни - слепи и глуви, и тежат околу 10-15гр. Крзното на младите им израснува до 21. ден, очите им се отвораат по 3-4 недели, а забите им растат до 42. ден. После тоа младите верверици можат да јадат и тврда храна, и го напуштаат гнездото во потрага по храна, но се враќаат да цицаат кај мајката додека не достигнат возраст од 8-10 недели.

За време на парењето мажјаците ги откриваат женките кои се во овулација по мирисот, и иако нема додворување, мажјаците ги бркаат женките и по цел час пред сексуалниот однос. Обично повеќе мажјаци бркаат една женка, сѐ додека доминантниот мажјак, обично најголемиот во групата, ќе има сексуален однос. Мажјаците и женките се парат повеќе пати со различни партнери. Типично, женката е сексуално зрела во втората година од животот.

Животниот век на црвената верверица изнесува во просек 3 години, некои индивидуи може да достигнат и 7 години, дури и 10 во заточеништво. Преживувањето е поврзано со достапноста на храна во зима, во просек 75-85% од младите умираат во текот на својата прва зима, а смртноста е 50% за секоја зима после првата.[3]

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Gippoliti (2002). Sciurus vulgaris. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 г. МСЗП 2006. консултирано на 11 мај 2006 (англиски) Database entry includes a brief justification of why this species is near threatened
  2. „Верверички“. Македонска енциклопедија. (2005). Скопје: МАНУ.
  3. Gurnell, J. 1983, Squirrel numbers and the abundance of tree seeds. Mammal Review. 13:133–148

Надворешни врски[уреди]