Речиси загрозен вид

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Приказ на статусот „речиси загрозен“ во офнос на другите категории на МСЗП.

Речиси загрозен (NT) е заштитен статус кој се назначува за видови и подвидови за коишто се смета дека ќе станат загрозени во блиска иднина, но кои мометанлно не можат да се сметаат за загрозени. Затоа Меѓународниот сојуз за заштита на природата ја нагласува важноста често да се проверуваат ваквите видови.

Речиси загрозените видови обично се блиску до задоволување на критериумите за ранливи видови, како намалувањето на бројноста и ареалот. Ваквите видови оценети од 2001 наваму може да бидат и такви кои зависат од заштитните напори за да не станат загрозени. Овие видови пред 2001 имале своја категорија наречена видови зависни од заштита.

За речиси загрозени се сметаат 3703 таксони. Тука спаѓаат 2423 животински и 1050 растителни видови.

Покрај овие, за речиси загрозени можат да се сметаат и 402 таксони зависни од заштита.

Примери за вакви животни се лиснатиот морски змеј, новозеландскиот гулаб, австралиската дводишалка, турскиот лазач, калифорниската црвенонога жаба, растенијата од видовите Arrojadoa dinae, Chamaesyce olowaluana, Cycas brunnea, и дајачкиот голем лилјак.

Категории и критериуми на МСЗП верзија 2.3[уреди]

Приказ на статусот „ниж ризик“ според постарата верзија 2.3, покрај поранешната поткатегорија „ниж ризик/зависен од заштита“.

Пред 2001 МСЗП користеле категории и критериуми од верзијата 2.3, која имала посебна категорија за видови зависни од заштита (LR/cd). Речиси загрозените видови и видовите зависни од заштита биле поткатегории на категоријата „ниж ризик“. Таксоните оценети последен пат пред 2001 обично го задржуваат статусот LR/cd или LR/nt, иако по денешни критериуми овие видови би биле ставени во една едноставна категорија „речиси загрозени (NT)“.

Речиси загрозената европска видра