Патка превез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Патка превез
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Фамилија: Anatidae
Потфамилија: Aythyinae
Род: Netta
Kaup, 1829
Вид: N. rufina
Биномен назив
Netta rufina
(Pallas, 1773)

Патка превез (Netta rufina) е голема нуркачка патка. Нејзините живеалишта се мочуриштата и езерата во jужниот дел на Европа и централна Азија, а зимата ја преседуваат во Индискиот потконтинент и Африка. Тие се донекаде и преселници, а северните птици презимуваат само во јужна Африка.

Патката превез ја има и во Македонија.

Опис[уреди]

Возрасниот мажјак е претпознатлив по неговата заоблена, портокалова глава, црвен клун и црни гради, крилјата им се бели, грбот кафеав, а опашката црна.

Женките се воглавно бледо кафеави со црна позадина и белузлаво лице. Овој вид птици се прекрасни, формираат големи јата во зима, но често се мешаат со другите нуркачки патки како што се црвеноглавиот кожувар.

Исхрана[уреди]

Женка

Овие патки главно се хранат преку нуркањето, а највеќе јадат водни растенија.

Размножување[уреди]

Патката превез гради гнездо покрај езера со бујна вегетација и несат околу 8-12 бледо зелени јајца. Тие се најбројни околу области на Англија, вклучувајќи го и Глостер, Оксфордшир и Нортемптоншир. Патката превез е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици (AEWA).


Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2004). Netta rufina. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 г. МСЗП 2006. консултирано на 11 May 2006 (англиски) Entry includes justification the status of "Least Concern".

Надворешни врски[уреди]