Црвеноглав кожувар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црвеноглав кожувар
Мажјак
Женка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Фамилија: Патки
Потфамилија: Aythyinae
Род: Aythya
Вид: A. ferina
Биномен назив
Aythya ferina
(Linnaeus, 1758)

Црвеноглав кожувар (Aythya ferina) е вид птица од фамилијата патки, се среќава и под името Бугарец. Ја има во Македонија.

Распостранетост[уреди]

Најмногу е распостранет во северна Европа и Азија. Можеме да ја сретнеме во западна и јужна Европа, и во Велика Британија.

Опис[уреди]

Долги се 42-58 cm, а тешки се околу 816 g. Распонот на крилјата им е 74-89 cm, телото и крилјата им се бели, а на женките сиво-кафени. Главите им се кафено-црвени, клуновите им се црни со сиво. Нозете им се сиви, а опашките црни.

Живеалиште[уреди]

Нивни живеалишта се мочуриштата и езерата со длабочина од 1-6 m.

Исхрана[уреди]

Овие патки се хранат со нуркање, јадејќи водни растенија со некои мекотели, водни инсекти и мали риби. Најчесто се хранат ноќе.

Размножување[уреди]

Гнездата ги градат на места сокриени со треви и вегетација. Инкубацијата на женките трае 25 дена, и добиваат 6-12 зелени (маслинести) јајца. Малечките го прават својот прв лет на свои 50-55 дена.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]