Патка берија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Патка берија
Мажјак во лет
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Фамилија: Патки
Род: Патка
Вид: Патка берија
Биномен назив
Anas crecca
Linnaeus, 1758
Светски ареал.
Свелозелено: само лете
Темнозелено: преку целата година
Сино: само зиме
Синоними

Anas crecca crecca Linnaeus, 1758
Anas crecca nimia Friedmann, 1948

Патка берија[2] или крѓа (науч. Anas crecca) — честа и широкораспространета патка која се размножува во деловите со умерена клима на Европа и Азија и прелетува на југ во зима. Името го добила по синозелената нијанса берија.

Станува збор за високодруштвен вид на патка (кога е вон сезона за парење) која може да образува големи групи. Најчесто може да се најде во засолнетите влажни живеалишта и се храни со семиња и водни без‘рбетници. Порано (а понекогаш и денес) како подвид на овој вид патка се сметала и северноамериканската златокрила патка берија (A. carolinensis).

Наводи[уреди]