Берија (боја)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
берија
За координативе

— Бојни координати —

Хекс. тројка #008080
sRGBB (r, g, b) (0, 128, 128)
HSV (h, s, v) (180°, 100%, 50[1]%)
Извор HTML/CSS[2]
B: Нормализирано на [0–255] (бајт)

Берија е нискозаситна боја, синчесто-зеленкаста боја слична на синозелената и темнотиркизната. Со добива со мешање на зелена и сина на основа на бела боја, по потреба затемнувајќи ја со црна или сива.[3] Комплементарна боја на беријата е корално-розовата.[3] Беријата е една од шеснаесетте основни мрежни бои на HTML/CSS, утврдени во 1987.

Името го добила по бојата околу очите на патката берија или „крѓа“ (Anas crecca). [4][5]

Содржина

[уреди] Нијанси на берија

бериска сина
За координативе

— Бојни координати —

Хекс. тројка #367588
RGBB (r, g, b) (54, 117, 136)
Извор Bravo9.com - Плошер
B: Нормализирано на [0–255] (бајт)
Патка берија (A. crecca)

Бериска сина е среден тон на берија со поголема доза на сина боја.

Разните светли и подлабоки сини тонови и зеленкасти берии се користат во модната индустрија, внатрешното уредување, индустриското и графичкото уредување. Извор на оваа боја е системот „Плошер“ (Plochere Color System) осмислен во 1948, кој наоѓа широка примена во внатрешното уредување.

[уреди] Симболика

Меѓу попознатите примени на беријата е како боја на движењето против сексуално злоставување на жените.



[уреди] Поврзано

[уреди] Наводи


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици