Сексуално малтретирање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сексуалното малтретирање е застрашување, тероризирање или принуда од сексуална природа, или непосакуваните или непријатните ветувања за награди во замена со сексуални услуги. Во некои околности или пригоди, сексуалното малтретирање може да биде нелегално. Тоа вклучува голем број на однесувања од навидум благи престапи и додевања па се до вистинска сексуална злоупотреба или сексуален напад. Сексуалното малтретирање е вид на нелегална употреба на дискриминација во многу земји, и е вид на злоупотреба (сексуална и психолошка) и тероризирање. За многу бизниси, спречувањето на сексуалното малтретирање, како и одбраната на вработените од покревање на обвинение за сексуално малтретирање, станаа главна цел на законските одлуки. Спротивно на тоа, многу научници се жалат дека сексуалното малтретирање во образованието останува "заборавена тајна", каде воспитувачите и раководителите одбиваат да признаат дека проблемот постои во нивните училишта, или да ги прифатат нивните законски и етички одговорности за да се справат со тоа (Џиех, 1990 година).


Содржина


1 Раната историја на употребата на терминот

2 Ситуации на малтретирање

3 Различни однесувања

3.1 Класи на однесувања

3.2 Видови на малтретирање

3.2.1 Сексуализирани средини (исто така познати како малтретирање од страна на животната средина)

3.2.2 Ритуали и иницијации

4 Одмазда и јаки реакции

5 Ефектите од сексуалното малтретирање и (често)придружните одмазди

5.1 Чести последици на жртвите

5.2 Ефекти од сексуалното малтретирање во организации

6 Ефектите на организациите за сексуално малтретирање

7 Еволуција на законот за сексуално малтретирање

7.1 Соединетите американски држави

7.1.1 Работно место

7.1.2 Образование

7.2 Еволуција на законот за сексуално малтретирање во други надлежности

8 разни правни насоки и дефиниции

8.1 Соединетите американски држави

8.1.1 EEOC дефиниција

8.1.1.1 Сексуално малтретирање – услуга за услуга

8.1.1.2 Сексуално малтретирање во непријателска средина

8.1.1.3 Одмазда

8.2 Австралија

8.3 Република Чешка

8.4 Данска

8.5 Франција

8.6 Индија

8.7 Израел

8.8 Пакистан

8.9 Филипини

8.10 Полска

8.11 Русија

8.12 Велика Британија

9 Дебати

10 Види исто така

11 Препораки

12 За понатамошно читање

13 Сексуално малтретирање во медиумите и литературата

14 Белешки

15 Надворешни врски


Раната историја на употребата на поимот


Поимот сексуално малтретирање беше употребен во 1973 година од д-р Мери Роув во извештај до тогашниот претседател и канцелар на Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) за различните форми на родовите прашања. (видете ги прстените на Сатурн, 1973). Роув изјави дека таа верува дека не е првата која го употребила поимот, затоа што за сексуално малтретирање се дискутирало во женските групи во Масачусетс во раните 1970-ти години, но дека МИТ е првата или една од првите големи организации кои дискутираат за оваа тема (во академскиот совет на МИТ), како и развиваат соодветни политики и процедури. МИТ во тоа време, исто така, ги препозна повредите предизвикани од расно малтретирање и малтретирањето на обоените жени кои може да биде и расно и сексуално. Претседателот на МИТ исто така изјави дека малтретирањето (и фаворизирањето) се спротивни со мисијата на универзитетот, како и неподносливи за поединци.

Во книгата Во наше време: Мемоари на една револуција (1999), новинарката Сузан Браунмилер ги цитира активистите Корнел кои во 1975 година сметаа дека тие го сковале поимот сексуално вознемирување: „Осум од нас седеа во канцеларија ... имавме бура на идеи за она што требаше да го напишеме на плакатите за нашето јавно говорење. Му се обраќавме на тоа како „сексуално заплашување”, „сексуална принуда”, „сексуална експлоатација на работата.” Ниту едно од тие имиња не звучеше правилно. Сакавме нешто што ќе опфати цел спектар на суптилни и несуптилни упорни однесувања. На некој му текна за „малтретирање”. „Сексуално малтретирање! ” Веднаш се согласивме. Тоа е она што беше. ” (Стр. 281). Овие активисти продолжија и го формираа Институтот за работни жени, кој заедно со Здружението против сексуалната принуда, основано во 1976 година од страна на Фреада Клајн, Лин Врли и Елизабет Кон-Штунцт, беа меѓу организациите предводнички кои го поставија сексуалното малтретирање пред вниманието на јавноста кон крајот на 1970-тите.


Ситуации на малтретирање


Сексуално малтретирање може да се случи во различни пригоди. Често, но не секогаш, личноста што сексуално малтретира е во позиција каде има моќ или власт над жртвата (поради разлика во години, или социјални, политички, образовни или вработувачки односи). Видови на односи со малтретирање вклучуваат:

• Личноста што сексуално малтретира може да биде секој, како клиент, соработник, наставник или професор, студент, пријател или странец.

• Жртвата не мора да биде лицето кое е директно малтретирано, туку може да биде секој кој го смета таквото однесување за навредливо или е навреден од него.

• Додека неповолните последици кај жртвата се вообичаени, тоа не значи дека таквото однесување ќе биде незаконско.

• Жртвата може да биде било кој пол. Личноста што сексуално малтретира може да биде било кој пол.

• Личноста што сексуално малтретира не мора да биде од спротивниот пол.

• Личноста што сексуално малтретира може да биде целосно несвесен дека неговото или нејзиното однесување е навредливо или дека претставува сексуално малтретирање или може да биде целосно несвесен дека неговите или нејзините дела може да се незаконски. Преработено од дефиницијата на U.S. EEOC .

• Недоразбирање во комуникацијата помеѓу маж и жена: Тоа може да произлезе од ситуација во која некој мисли дека тој/таа се јасни, но не се сфатени на начинот на кој тие намераваа. Недоразбирањето може да биде или разумно или неразумно. Пример за неразумно е кога маж има одреден стереотипен поглед кон жената така што тој не ја разбрал нејзината експлицитна порака за да престане. (Хејман, 1994)


Различни однесувања


Една од тешкотиите во разбирањето на сексуалното малтретирање е тоа што тоа вклучува спектар на однесувања, и е често тешко на примателот да си го опише на самиот себе, а и на другите, токму она што го искусува. Згора на тоа, однесувањето и мотивите се разликуваат помеѓу одделните луѓе што малтретираат.


Класи на однесување


Џеих и др. ги поделиле личностите што сексуално малтретираат во две широки класи:


• Јавни личности што сексуално малтретираат се флагрантни во своите заводливи или шовинистички ставови кон колегите, подредените, студентите, итн.

• Тајните личности што сексуално малтретираат внимателно ја негуваат ограничената и почитуваната слика на површината, но кога се сами со својата цел, нивните однесувања се променуваат.


Лангелан опишува три различни класи на личности што сексуално малтретираат.


• Предаторските личности што сексуално малтретираат добиваат сексуални возбудувања од понижување други. Ваква личност што сексуално малтретира може да се вклучи во сексуално изнудување и често може да малтретира само за да види како целта ќе одговори. Оние кои не се спротивставуваат дури може да станат цел на силување.

• Доминантни личности што сексуално малтретираат: најчестиот вид, кој започнува со малтретирачко однесување како поттик за егото.

• стратешки или ** територијални личности што сексуално малтретираат сакаат да ја задржат привилегијата во работните места или физичките локации, на пример маж малтретира женски вработени во претежно машки занимања.


Видови на малтретирање


Често се присутни повеќе од еден вид на малтретирачко однесување, па една личност што сексуално малтретира може да се смести во повеќе од една категорија. Ова е краток збир на секој тип.

Пресинг - законски означен како „Услуга за услуга” малтретирање, овие личности што сексуално малтретираат, инсистираат на сексуални услуги во замена со придобивките кои тие можат да ги дадат заради своите позиции во хиерархиите: добивање или задржување на работа, поволни оценки , препораки, сертификати, проекти, промоција, наредби, и други видови на можности.

Мајка/татко слика (исто така познат како помошник на советникот) - Овие личности што сексуално малтретираат ќе се обидат да создадат односи со своите цели како ментор, со што ќе ја маскираат својата сексуална намера со изговор за лично, професионално или академско внимание.

Еден од бандата – малтретирањето се случува кога група на мажи или жени посрамотуваат други со непристојни коментари, физички процени, или друго несакано сексуално внимание. Личностите што сексуално малтретираат може да дејствуваат индивидуално, со цел да припаѓаат или да ги импресионираат другите, или групи може да се здружат врз одредена цел.

Сериски личности што сексуално малтретираат – личностите што сексуално малтретираат од овој тип внимателно градат слика, така што на луѓето би им било тешко да поверуваат дека тие би му сториле на некому зло. Ги планираат нивните пристапи внимателно, и тајно напаѓаат, така што ќе биде нивниот збор против оној на нивните жртви.

Groper - Секогаш кога се појавува можност, очите и рацете на овие личности што сексуално малтретираат почнуваат да талкаат, со што влегуваат во несакан физички контакт кој може да започне безопасно, но да доведе до полошо.

Опортунист - Опортунистите употребуваат физички поставувања и околности, или ретко можностите кои се појавуваат, за да го замаскираат однапред испланираното или намерното сексуално однесување кон нивните цели. Ова често ќе вклучува промена на животната средина со цел да се намалат потиснувачките влијанија на работното место или училиште или да се земе предност на физички задачи за „случајно” опипување на цел.

Заплашувач - Во овој случај, сексуалното малтретирање се користи за да се казни жртвата за некој престап како што е отфрлањето на интересот или напредокот на личноста што сексуално малтретира, или правењето личноста што сексуално малтретира да се чувствува несигурен во себе или за неговите/нејзините способности. Силеџијата го користи сексуалното малтретирање за да ја стави жртвата на негово/нејзино „место.”

Доверлив – личностите што сексуално малтретираат од овој вид им пристапуваат на потчинети, или студенти, како еднакви на нив, или пријатели, и споделуваат за своите животни искуства и тешкотии, споделуваат приказни за да придобијат восхит и симпатија, и ги тераат подредените да споделат за нив нешто како би се чувствувале ценети и доверливи. Наскоро овие односи преминуваат во интимен домен.

Ситуативни личности што сексуално малтретираат – однесувањето на малтретирање започнува кога престапникот претрпел трауматичен настан (психолошки), или почнува да доживува многу стресни животни ситуации, како што се психолошките или медицинските проблеми, брачните проблеми или развод. Малтретирањето најобично престанува доколку ситуацијата се смени или притисоците се отстранат.

Штетник - Ова е стереотипна личност што сексуално малтретира која „не прифаќа „не” за одговор”, која настојува во следењето на своите цели за внимание и оди на состаноци со истите дури и по постојани одбивања. Ваквото однесување вообичаено е лошо протолкувано, без злонамерни замисли.

Кавалер – ова најчесто вербално малтретирање вклучува претерани комплименти и лични коментари кои се сконцентрирани на изгледот или родот и воопшто не се соодветни или засрамувачки за примачот. Понекогаш таквите коментари се проследени со злобни погледи.

Интелектуален заводник – најчесто се среќава во образовни средини, овие личности што сексуално малтретираат се обидуваат да ги искористат своето знаење и вештини како приод за да придобие студенти или информации за студентите, за сексуални цели. Тие може да бараат од студентите да учествуваат во вежбите или „истражувања” кои откриваат информации за нивните сексуални искуства, предности и навики.

Неспособни – овие се социјално неспособни индивидуи кои копнеат по вниманието на нивните цели, кои не ги возвраќаат истите чувства. Тие можат да покажат одобрение, со верување дека нивните цели треба да се почувствуваат поласкани од нивните намери. Но, кога ќе ги одбијат, овие личности што сексуално малтретираат, може да користат методи на насилство како начин за одмазда.

Тајно следење – постојано гледање, следење, контактирање или набљудување индивидуа, понекогаш поттикнати од тоа што оние што следат веруваат дека тоа е љубов, или пак од сексуална опсесија, од гнев и непријателство.

Ненамерни – дела или коментари од сексуална природа, кои не се наменети за да малтретираат, може да преставуваат сексуално малтретирање доколку другата личност се чувствува непријатно со таквите теми.


Сексуализирани средини (исто така познати како малтретирање од страна на животната средина)


Сексуализирани средини се такви средини каде безобразни зборови, сексуално шегување, сексуално експлицитни графити, гледање интернет порнографија, сексуални постери и објекти што деградираат и тн. се вообичаени. Ниту едно од овие однесувања или предмети се задолжително насочени кон некого посебно или се сметаат како малтретирање. Како и да е, тие можат да создадат навредлива средина која е во согласност со „сексуално малтретирање од непријателска средина”.


Ритуали и иницијации


Сексуално малтретирање може да настане и во групи како дел од ритуали или церемонии, каде членовите ги привлекуваат новодојдените да се впуштат во насилни или сексуално експлицитни обреди како шегување или иницијација. Додека ваквите традиции останале во минатото за машко или женско поврзување, како што се тимските спортови, братствата и сестринствата, се повообичаено станува за групи од девојки или жени да се впуштат во слични церемонии.


Одмазда и јаки реакции


Одмаздата и јаките реакции против жртвите се многу чести, особено обвиненијата. Жртвите кои зборуваат против сексуално вознемирување, често се етикетирани како бељаџии кои се на некои сопствени патувања за моќ или пак во потрага по внимание. Слично со случаите на силување или сексуален напад, жртвата често станува обвинета и со нивниот изглед, приватен живот и карактер најчесто подлежат на наметливо и остро набљудување и напад. Ризикуваат непријателство и одвојување од колегите, надзорниците, професорите, соучениците, па дури и од пријателите. Тие можат да станат цел на мобинг или на поврзана агресија.

Жените не мора да значи дека се сожалуваат на жените кои поднесуваат обвинение за сексуално малтретирање. Доколку личноста што сексуално малтретира беше машко, усвоениот сексизам, и/или љубомора во текот на сексуалното внимание кон жртвата, може да охрабри некои жени да реагираат со толку големо непријателство кон оние кои обвинуваат, како некои мачки колеги. Стравот од тоа да се биде таргетиран за малтретирање или одмазда исто така може да предизвика некои жени да одговорат со непријателство. На пример, Луис Џенсон поднесе тужба против компанијата Елевет Таконајт, жените закачија јаже за бесење над нејзиното работно место, ја избегнуваа и на работа и во заедницата – многу од овие жени подоцна го доживеаја истото што и Луис. (Бингем и др. 2002) Жените дури може и да извршат непријателство врз жртвите само за да се поврзат со нивните машки соработници и да изградат доверба.

Одмазда се случува кога жртвите од сексуално малтретирање патат од негативно дејство како резултат од малтретирањето. На пример, кога на обвинителот му се даваат слаби процени или ниски оцени, се саботираат нивните проекти, се одбиени од работа или академски можности, им се намалуваат работните часови, и други активности против нив кои ја поткопуваат нивната продуктивност или нивната способност да напредуваат на работа или на училиште. Тие може да бидат суспендирани, да им побараат да дадат оставка или да ги отпуштат од работа. Згора на тоа, професор или работодавач обвинет за сексуално малтретирање или колега на прекршителот, можат да ја искористат својата моќ за да жртвите никогаш повеќе не се ангажирани или примени во друго училиште. Одмаздата дури може и да вклучи понатамошно сексуално малтретирање како и следење и малтретирање на жртвата преку интернет.

Од оние жени кои и се приближиле за да го споделат своето искуство како сексуално малтретирани од страна на нивните професори, феминистката и писателка Наоми Вулф пишува,

„Се срамам од она што им го кажувам: дека всушност треба да се погрижат за да обвинат, бидејќи она од што се плашат ќе стане вистина. Ниту една од жените кои ме контактирале, имале резултат кој не е полош за нејзе од тишината. Една, се сеќавам, беше присилена да го напушти училиштето под влијание на врсниците. Многу се соочија со бирократски пречки. Некои жени рекоа дека преку ноќ ги загубиле статусите на златни девојки; грантовите пресушиле, писма на препораки повеќе не можеле да добијат. Никоја не беше пресретната со кохерентен процес кој не беше против нив. Обично, оние кои ги носат главните одлуки на факултетите или универзитетите – особено ако е приватен универзитет – здружија сили за да влијаат на членовите на факултетот кои се обвинети; да го заштитат не него туку репутацијата на универзитетот и да зачуваат информации кои излегуваат само за да се заштитат други жени. Целта изгледа не беше да се спроведе рамноправен форум, туку да се контролира штетата.

Друга жена која беше интервјуирана од Хелен Вотсон, социологист, известува дека „Соочувањето со злочинот и јавното справување со него можеби е полошо од патењето во тишина. Сметам дека тоа е полошо од самото малтретирање.” (Вотсон, 1994)


Ефектите од сексуално малтретирање и (често) придружните одмазди


Последиците од сексуалното малтретирање може да варираат во зависност од поединецот, и сериозноста и времетраењето на малтретирањето. Често, инцидентите на сексуално малтретирање спаѓаат во категорија на „само иритирачки”. Како и да е, многу ситуации можат и имаат последици кои го менуваат животот, особено ако вклучуваат тешки/хронични злоупотреби, и/или одмазда против жртвата која не се согласува на малтретирањето или се жали за тоа отворено. Всушност, психолози и социјални работници изјавуваат дека тешко/хронично сексуално малтретирање може да ги има истите психолошки последици како и силувањето или сексуалниот напад. (Кос, 1987). На пример, во 1995 година, Џудит Кофлин извршила самоубиство поради хронично сексуално малтретирање од нејзиниот шеф и нејзините колеги. (Нејзиното семејство подоцна било наградено со 6 милиони долари оштета.) јаки реакции и обвинувањето на жртвата можат понатаму да ги влошат последиците. Згора на тоа, секоја година, трошоците за сексуално малтретирање чинат стотици милиони долари, а така се губат образовните и професионалните можности, најмногу за девојки и жени. (Боланд, 2002)


Чести последици на жртвите


Вообичаени професионални, академски, финансиски и социјални последи од сексуалното малтретирање:

• Намалена ефикасност во работата или училиштето; зголемено отсуство

• Загуба на работата или кариерата, загуба на приходи

• Откажување од курсеви, менување на академски планови или напуштање на училиштето (загуба на школарина)

• Приватниот живот на жртвата е ставен под лупата на јавноста – жртвата станува „обвинетиот” и нејзината или неговата облека, начиннот на живеење и приватниот живот подлежат на критики.

• Да се биде жртва, подразбира жртвата да подлежи на понижување и оговарање.

• Жртвата станува јавно малтретирана (група на луѓе ја „проценуваат” жртвата за да установат дека тој или таа е „вредна” за сексуалното внимание или ризикот на кариерата на личноста која сексуално малтретира.

• Озборување за карактерот и репутацијата

• Губење на доверба во средини слични на оние каде се случило малтретирањето.

• Губење на доверба во типови на луѓе кои имаат слични позиции како личноста која сексуално малтретира или неговите/нејзините колеги.

• Екстремен стрес во врска со други, кои понекогаш резултираат со развод; екстремен стрес во долги врски или во врски со колеги.

• Ослабување на мрежата за поддршка или протерување од професионалните и академските кругови (пријатели, колеги или семејствата можат да се оддалечат од жртвата или да го избегнуваат него или нејзе

• Менување на друг град, друга работа или друго училиште

• Загуба на препораки

Некои од психолошките и здравствените последици кои ги има лице што бил сексуално малтретиран: депресија, вознемиреност и/или напади на паника, несоница и/или кошмари, срам и вина, тешкотии при концентрирање, главоболки, замор или губење на мотивација, стомачни проблеми, нарушување на исхраната ( добивање или губење на килограми), алкохолизам, чувство дека се предадени и/или злоупотребени, чувство на лутина и насилност кон сторителот, чувство на немоќност или губење на контрола, зголемен крвен притисок, загуба на самодоверба и самопочит, повлекување и изолирање, севкупно губење на доверба во луѓето, трауматски стрес, пост-трауматично стресно нарушување, комплексно пост-трауматично стресно нарушување, мисли и обиди за самоубиство, самоубиство.


Ефекти од сексуалното малтретирање во организации


• Намалена продуктивност и зголемени конфликти во тимот

• Намалување на успехот за достигнување на финансиските цели (поради конфликти во тимот)

• Намалено работно задоволство

• Загуба на персонал и стручен кадар од откажување за да се избегне малтретирање или оставки/откази на наводни личности што малтретираат; загуба на ученици кои се откажуваат од училиштето за да избегнат малтретирање

• Намалена продуктивност и/или зголемено отсуство на персоналот или студентите кои искусуваат малтретирање

• Зголемени здравствени и болнички трошоци поради здравствените последици од малтретирањето

• Знаењето дека малтретирањето е дозволено, можат да ги нарушат етичките стандарди и дисциплина во организацијата во целина, како персонал и/или студентите да го губат почитувањето и довербата во постарите кои уживаат во или се прават слепи за сексуално малтретирање.

• Ако проблемот е игнориран, имиџот на компанијата или училиштето може да страда

• Ако проблемот е игнориран, правните трошоци и обвинителите ќе го донесат проблемот до суд. (Боланд 1990)


Ефектите на организацијата за сексуалното малтретирање


Истражувања покажуваат дека организационата клима (толеранција, политика, процедура и тн. на организацијата) и средината на работното место се важни за разбирање на условите во кои би се случило сексуалното малтретирање и начинот на кој тоа би влијаело на неговите жртви. (сеуште фалат истражувања на специфични политики и процедури и свест и стратегиска превенција). Друг елемент кој го зголемува ризикот за сексуално малтретирање е содржината на работата која се дели според полот( има многу малку жени кои работат во околина која зближува или практикуваат работа на терен што не е својствено за жени).

Според д-р Орит Камир, најефективен начин за да се избегне сексуално малтретирање на работното место и да се влијае врз јавното мислење, е работодавачот да усвои јасна политика со која се забранува сексуално малтретирање и да ја разјасни на вработените. Многу жени повеќе сакаат да обвинат некого и да го средат тоа на работното место отколку да „ го извади нечистиот веш” со јавно обвинување и сите колеги, надзорници и вработени да ја гледаат како предавник, додава Камир. Види исто така: Роув, Мери „Луѓето кои се чувствуваат малтретирано имаат потреба од систем за обвинување со формални и неформални мислења”, во преговарачки журнал, април 1990, Vol. 6, No. 2, pp. 161–172., и Роув, Мери „Справување со малтретирање: пристап на системот,” во Сексуално малтретирање: перспективи, граници и стратегии за одговор, Жени и работа, Vol. 5, Маргарет Стокдејл, уредник, Сејџ Публикејшнс, 1996, pp. 241–271. Многу жени повеќе сакаат прагматично решение што ќе го прекине малтретирањето и ќе спречи понатамошен контакт со личноста која сексуално малтретира отколку да го пријават тоа во полиција. Повеќе за потешкотиите за претворање на навреда во правен акт може да се најде во студијата на Фелстајнер и Сарат (1981), која објаснува 3 чекори што секоја жртва (во секаков спор) мора да ги помине пред да се обрати на правниот систем: именување – да му даде на нападот дефиниција, обвинување – разбирање кој е крив за прекршување на правата и соочување со нив, и конечно, изјаснување – пријавување на властите. При сексуални престапи постои голема тешкотија за жртвите да ги поминат овие чекори, и колку е поблиска врската помеѓу жртвата и напаѓачот, толку е потешко да се земе секој чекор.


Еволуција на законот за сексуално малтретирање


Соединетите американски држави


Работно место


Во Соединетите американски држави, Актот за граѓански права од 1964 поглавје VII забранува вработувачка дискриминација заснована на раса, пол, боја, национално потекло или религија. Забраната за сексуална дискриминација ги покрива и мажите и жените. Оваа дискриминација настанува кога полот на работникот е услов за вработување (сите женски келнерки и машки дрводелци) или каде ова е потреба од работата која не напоменува пол но сепак повеќе ги спречува луѓето од еден пол за оваа работа отколку луѓето од другиот пол како што се граници за висина и тежина).

Барнс против Треин (1974) се смета за првиот случај на сексуално малтретирање во Америка, иако поимот „сексуално малтретирање“ не беше користен. Во 1976 година, Вилијамс против Сексби го утврдија сексуалното малтретирање како вид на сексуална дискриминација кога половата предност од машки надзорник против вработена, доколку е докажано, ќе се смета за вештачка бариера за вработување поради давање предност на еден пол пред другиот. Во 1980 година Комисијата за можност за рамноправно вработување (Equal Employment Opportunity Commission - EEOC) усвои правила за објаснување на сексуалното малтретирање и соопшти дека тоа е вид на дискриминација забранета од законот за заштита на граѓанските права од 1964 година. Во случајот Meritor Savings Bank против Винсон, во 1986 година, Врховниот Суд најпрво го призна „сексуалното малтретирање“ како прекршок на поглавјето VII, ги усвои нормите за анализирање доколку однесувањето било добредојдено и нивото на одговорностите на работодавецот, и дека разговорот или однесувањето во истото такво однесување може да создаде „непријателска средина“. Законот за заштита на граѓанските права од 1991 година додаде одредба во заштитите од поглавје VII кои вклучуваат проширување на правата на жените да тужат и да земат дополнителна и казнена оштета за сексуална дискриминација и малтретирање, и случајот Елисон против Брејди заврши со одбивање на стандардите на разумната личност и гласање за „стандардите на разумната жена“, кои дозволија случаите да се разгледуваат од страна на тужителот а не од страната на обвинетиот. Исто така во 1991, Џенсон против Eveleth Taconite Co. стана првиот случај за сексуално малтретирање кој доби статус класирана активност со што градеа пат за другите. Седум години подоцна, во 1998 година, овој случај утврди нов преседан за одредување граници во „откривањето“ на процесот во случаите на сексуално малтретирање и дозволи психолошки повреди од процесот на парничење да бидат вклучени во наградите за проценување на штетата. Истата година, судовите одлучија во случаите Фарагер против City of Boca Raton, Florida, и Брлингтон против Елерт, дека работодавците се одговорни за малтретирање на нивните вработени. Згора на тоа, Онкал против Sundowner Offshore Services, го одредија преседанот за малтретирање од исти пол и сексуалното малтретирање без мотивација од „сексуална желба“, тврдејќи дека секоја дискриминација базирана на секс е казнива доколку тоа ја става жртвата во објективно неповолна работна состојба, без разлика на полот на жртвата или личноста што сексуално малтретира.

Во случајот на Burlington Northern & Santa Fe Railway Co. против Вајт во 2006 година, стандардите за одмазда против обвинителот за сексуално малтретирање беа повторно испитани за да се исклучат било какви непријателски одлуки за вработување или постапка која најверојатно ќе го разубеди „разумниот работник“ да направи или подржи тужба за дискриминација.

Само за време на 2007 година, Комисијата за можности за рамноправно вработување во Соединетите Американски Држави и слични државни агенции примија 12 510 нови тужби за сексуално малтретирање на работното место.


Образование


Поглавјето IX од Амандманите за образование од 1972 година (Соединетите Американски Држави) вели "Ниедна личност во Соединетите Американски Држави на база на секс, што прима Сојузна финансиска поддршка нема да биде исклучена од учеството во, ќе му се одбијат придобивките, или ќе подлежи на дискриминација во било која образовна програма или активност.

Во случајот Френклин против Gwinnett County Public Schools (1992 година), Врховниот Суд во Соединетите Американски Држави пренесе дека приватните граѓани можат да земат награда за оштета доколку наставниците ги малтретирале своите ученици. Во случајот Bethel School District No. 403 против Фрејзер (1986 година), судовите одредија дека училиштата имаат моќ да ги дисциплинираат учениците доколку употребуваат „безобразности, лаички јазик или гестикулации“, кој се смета дека значајно и непостојано се меша со образовниот систем и „основните вредности на образованието на јавните училишта“. Согласно регулативата усвоена во 1997 година од страна на Американското министерство за образование, која што ја администрира главата IX, училишните области треба да бидат одговорни за сексуално малтретирање од страна на наставниците доколку злоставувачот „е помогнат во извршувањето на сескуалното малтретирање врз студенти поради неговата/нејзината позиција на авторитет во рамки на институцијата.“ Во Дејвис против Monroe County Board of Education ии Мјурел против School Dist. No. 1, во 1999 година, на училиштата им беше доделена одговорност за рамноправен пристап кон сексуалното малтретирање доколку обвинителот утврди присуство на „намерна индиференост“ на „постоење на премолчено знаење“ за дискриминација од страна на администрацијата.


Еволуција на законот за сексуално малтретирање во други надлежности


Во Индија, случајот Вишака против државата Раџастан, во 1997 година беше означен со тоа што сексуалното малтретирање го прогласија за нелегално. Во Израел, Законот за можности за рамноправно вработување, во 1988 година, одмаздата на работодавачот врз вработениот, кој одбил сексуални предности, ја прогласи за злодело, но се до 1998 година законот за сексуално малтретирање во Израел не го прогласи таквото однесување за нелегално. (Камир. 2005 година)

Во мај 2002 година, Советот и Парламентот на Европската Унија ја подобри директивата на Советот за рамноправниот третман на мажите и жените во вработувањето, да се забрани сексуалното малтретирање на работното место, именувајќи го како вид на сексуална дискриминација и нарушување на достоинството. Оваа директива побара од сите земји членки на Европската Унија да усвојат закон за сексуално малтретирање или пак да ги поправат или подобрат веќе постоечките за да се согласуваат со Директивата од октомври 2005 година.

Во 2005 година, Кина додаде нови мерки во Законот за заштита на правата на жените, за да го вклучи сексуалното малтретирање. Во 2006 година, нацртот „ Прилогот на Шангај“беше составен за понатамошно објаснување на сексуалното малтретирање во Кина.


Разни правни насоки и дефиниции


Генералната препорака број 19 на Обединетите Нации на конвенцијата за елиминација на секаков вид на дискриминација врз жените го дефинира сексуалното малтретирање врз жените како:

„такво непосакувано сексуално определено однесување како физички контакт или предност, сексуално дискриминирани забелешки, покажување порнографија и сексуални барања, дали преку зборови или дела. Такво однесување може да биде понижувачко и може да претставува здравствен или безбедносен проблем; дискриминирачки е кога некоја жена има разумна причина да верува дека нејзиниот објективизам ќе биде неповолен за нејзината врска со вработувањето, кое вклучува регрутирање или промоција, или кога создава непријателска работна средина.“

Додека такво однесување може да биде малтретирање на жените од страна на мажите, многу закони низ светот кои го забрануваат сексуалното малтретирање, велат дека и мажите и жените можат да бидат они кои сексуално малтретираат други личности. Но, како и да е, многу од жалбите за сексуално малтретирање произлегуваат од жените.

Има многу сличности и исто така важни разлики во законите и дефинициите кои се користат низ целиот свет. По покривањето на една држава за определено прашање, (Соединетите Американски држави), пристапите низ другите држави се претставени по азбучен редослед.


Соединетите американски држави


Има голем број на можности во Соединетите Американски Држави за еден обвинител: посредување, поднесување жалба кај Комисијата за можност за рамноправно вработување или покренување тужба согласно државниот статут за еднакви практики при вработување (state Fair Employment Practices (FEP) statute) (и двете се за сексуално малтретирање на работното место), да поднесување општа правна прекршочна жалба и тн. Не секое сексуално малтретирање ќе се смета за доволно тешко за да може да се создаде основата за правна тужба. Како и да е, многу се чести неколку видови на малтретирачко однесување и нема некое минимално ниво за малтретирачко однесување според законот (Боланд, 2002 година) Многу повеќе го искусиле сексуалното малтретирање отколку што имале солидно правен случај против обвинетиот. Поради ова и општата предност за подмирување, неколку случаи едвај стигнуваат до сојузниот суд. Делот подолу ги објаснува правните дефиниции направени за сексуално малтретирање на работното место. Слични дефиниции се направени за сексуално малтретирање во академските средини во Водичот за сексуално малтретирање во одделот за образование во Соединетите Американски Држави..


EEOC дефиниција


Во 1980 година, Комисијата за можност за рамноправно вработување произведе сет од насоки за дефинирање и присилување на Поглавје VII (во 1984 година беше проширено за да се вклучат и образовните институции), Комисијата за можност за рамноправно вработување го дефинира сексуалното малтретирање како:

Непосакувани сексуални предности, барања за сексуални услуги или други вербални или физички однесувања од сексуална природа кога:

1. Покорност кон такво однесување е направено експлицитно или имплицитно од состојбата на вработувањето на индивидуата,

2. Покорност кон или одбивање на таквото однесување од индивидуата е користено како основа за одлуките за вработување кои ја засегаат таа индивидуа, или

3. Таквото однесување има цел или ефект на неразумно мешање со исполнувањето на работните обврски на индивидуата или да создаде застрашувачка, непријателска или навредлива работна средина.

1. и 2. се наречени „ quid pro quo “ (латински за „ услуга за услуга“, „ова за тоа“ или „нешто за нешто“). Во суштина тие се „сексуално подмирување“ или ветување на придобивки или „сексуална принуда“.

Третиот вид, познат како „непријателска работна средина“, досега е највообичаен вид. Овој вид е помалку јасно дефиниран и повеќе субјективен.

Забелешка: обвинителот за малтретирање на работното место мора да поднесе тужба кај Комисијата за можност за рамноправно вработување и да добие дозвола за „право да тужи“, пред да поднесат тужба во сојузниот суд против некоја компанија. (Боланд, 2002 година)


Сексуално малтретирање – услуга за услуга


Услуга за услуга значи „ова за тоа“. На работното место, тоа се случува кога работна придобивка е директно поврзана со вработениот кој влегува во непосакувани сексуални предности. На пример, надзорникот му ветува на вработениот дека ќе му ја зголеми платата ако тој или таа не оди на состанок со него или нејзе, или ќе му каже на вработениот дека е отпуштен доколку таа или тој не спие со него или нејзе. Услуга за услуга - малтретирањето исто така се случува кога вработениот прави одлука врз база на проценки или доставува или ги задржува професионалните можности кои се базираат на покорност на друг вработен на вербален, невербален или физички контакт со сексуална природа. Услуга за услуга – малтретирањето е подеднакво незаконски доколку жртвата се спротивстави или го преживее нанесената штета или се покори и ја избегнува нанесената штета.


Сексуално малтретирање во непријателска средина


Ова се случува кога вработениот станува предмет на коментари со сексуална природа, непосакувано физичко однесување или навредливи сексуални материјали како нормален дел од работната средина. За поголемиот дел, еден издвоен инцидент нема да биде доволен за да се докаже дека малтретирањето е во непријателска средина доколку тоа не вклучува екстремно сурово и незамисливо однесување. Судовите ќе пробаат да одлучат дали однесувањето е и „сериозно“ и „постојано“. Надзорниците, менаџерите, соработниците па дури и муштериите можат да бидат одговорни за создавањето на непријателската средина. Најверојатно најславниот случај со сексуално малтретирање во непријателска средина до ден денес е Џенсон против Eveleth Taconite Co. кој беше инспирација за филмот North Country).

Границата помеѓу малтретирањето „услуга за услуга“ и малтретирањето „непријателска средина“ не е секогаш јасна и двата вида на малтретирање најчесто се случуваат заедно. На пример, кога непријателски сексуалната работна средина резултира со конструктивно ослободување, се влијае врз условите за работата на вработениот. Во исто време, надзорникот кој сексуално напредува кон подчинет вработен може да создаде имплицитна закана за да се одмазди врз нејзе или него доколку не ги почитува барањата и правилата на надзорникот.

„Непријателска средина“ – малтретирањето може да има карактеристики на „услуга за услуга“ малтретирањето доколку навредливиот надзорник го злоупотреби својот авторитет врз одлуките за вработување за да ја присили жртвата да го трпи или да учествува во сексуалното однесување. Сексуалното малтретирање може да кулминира во отказ како одмазда доколку жртвата и каже на личноста која сексуално ја малтретира или на работодавачот дека повеќе нема да пристанува на малтретирањето и тогаш да биде отпуштена како како одмазда за тоа што се побунила. Под овие услови, соодветно е да се заклучи дека се случиле и малтретирањето и одмаздата како прекршување на делот 704 (а) од Поглавјето VII.


Одмазда


Одмазда се случува кога вработениот страда од негативно влијание по пријавувањето за сексуалното малтретирање, поднесувањето на жалба, помагањето некому во обвинувањето, или учеството во активностите за превенција од дискриминација. Негативното влијание подразбира и отказ, демотивација, суспензија, одбивање на унапредување, слаба проценка, непосакувано работно префрлување – секоја непријателска одлука за вработување која што сигурно ќе го одврати „разумниот работник“ од поднесувањето или поддржувањето на тужба за дискриминација ( види Burlington Northern & Santa Fe Railway Co. против Вајт). Одмаздата е нелегална исто како и сексуалното малтретирање, но исто така тешко да се докаже. Исто така одмаздата е нелегална дури и кога оригиналната жалба за сексуално малтретирање не била докажана.


Австралија


Законот за сексуална дискриминација од 1984 година го дефинира сексуалното малтретирање како „... непосакувано однесување со сексуална природа, во околности во кои одговорна личност, која без оглед на околностите, предвидела дека личноста која е сексуално малтретирана ќе биде навредена, понижена или заплашена.“


Република Чешка


Непосакувано однесување со сексуална природа на работното место, доколку тоа однесување е непосакувано, неприкладно или навредувачко, или пак ако тоа е прифатено како оправдано однесување од засегнатата партија како услов за одлуки кои влијаат на примената на правата и обврските за осигурување од работни односи.


Данска


Сексуалното малтретирање е дефинирано како: кога секое вербално, невербално или физичко дело употребено за да се промени сексуалниот статус на жртвата, против нејзина волја и како резултат на тоа жртвата да се чувствува инфериорно или пак да се повреди достоинството на жртвата. На мажите и жените се гледа еднакво, и секое дело што се користи како алатка за да се смени рамнотежата во статусот со разлики во полот е исто така сексуално малтретирање. На работното место шегите, забелешките и тн., исто така се сметаат за дискриминирачки ако работодавачот го изложил тоа во напишаната политика. Жените се сметаат одговорни за сексуалното малтретирање како што може да биде кога тие ќе му мавнат шамар на личноста која сексуално малтретира. Законот со број 1385 од 21 декември 2005 ја регулира оваа област.


Франција


Член 222-33 од Францускиот Криминален Код го објаснува сексуалното малтретирање како „Фактот што при сексуалното малтретирање се користат наредби, закани или забрани, со цел да се задржат услугите со сексуална природа, од личност која го злоупотребува својот авторитет се пренесува на него...“ Тоа значи дека личноста која сексуално малтретира може да биде некој над малтретираниот само со авторитет (во суштина, не може да се случи сексуално малтретирање помеѓу работници кои го имаат истиот ранг). Како и да е, моралното малтретирање се случува кога вработениот станува предмет на репетирани дејства (едно не е доволно), целта или ефектот од кој може да се дојде до деградација (влошување) на неговата состојба на вработеност што може да ги наруши неговите права или достоинство, да влијаат на неговото физичко или ментално здравје или да ја изложи на опасност неговата професионална иднина. Како и сексуалното така и моралното малтретирање му се познати на законот.


Индија


Сексуалното малтретирање во Индија е означено како „Eve teasing“ и е објаснето како: непосакуван сексуален гест или однесување, без разлика дали е директен или индиректен како што се сексуално дискриминираните забелешки; физички контакт или пуштање; покажување порнографија; барање за сексуални услуги; секој друг непожелен физички, вербално/невербално однесување кое е сексуално по природа. Критичните фактори се непосакуваното од однесувањето, според тоа ударот од таквите дејства врз примателот се поважни отколку намерата на прекршителот. Според уставот на Индија, сексуалното малтретирање ги прекршува основните права на жените во половата еднаквост според Член 14 од уставот на Индија и нејзините права за достоинствен живот според Член 21 од уставот на Индија. Иако во Индија нема посебен закон за сексуалното малтретирање на работното место, многу одредби во други законодавства даваат заштита од сексуално малтретирање на работното место, како Оддел 354, IPC договори со „навреда или криминална сила врз жена со намера да се малтретира нејзината скромност, и Оддел 509, IPC договори со „збор, гест или дело кое има за намера да ја навреди скромноста на жената“.


Израел


Во 1998 година, Законот за сексуално малтретирање во Израел, го интерпретира сексуалното малтретирање во целост и го забранува однесувањето како дискриминаторна вежба, забрана на слобода, навреда за човековото достоинство, кршење на правата на секој човек за основна почит и прекршување на правата за приватност. Во прилог на тоа, законот забранува застрашување или одмазда кое излегува во пресрет на сексуалното малтретирање. Според тоа, застрашувањето и одмаздата кои се поврзани со сексуалното малтретирање според законот се дефинирани како „предсудски третман“. (Камир, 2005 година)


Пакистан


Пакистан усвои Код за раководење на половата правда на работното место кој ќе се справува со случаи на сексуално малтретирање. Сојузот против сексуално малтретирање (ААЅН) изјави дека тие ќе работат со комисијата за воспоставување на насоки за судењата. ААЅН го дефинира сексуалното малтретирање многу слично со дефинициите за сексуалното малтретирање во Соединетите Американски Држави и други култури.


Филипини


Законот против сексуалното малтретирање од 1995 година, беше пропишан „најпрво за да се заштити и почитува достоинството на работниците, вработените и кандидатите за вработување како и студентите во образовните институции или центри за обучувања. Овој закон, кој се состои од 10 дела, не снабдува со јасна дефиниција за малтретирање на работното место, во образованието или малтретирање поврзано со обуки и ги прецизира составните делови на сексуалното малтретирање. Исто така не снабдува со должностите и одговорностите на работодавачот во случај на сексуално малтретирање и поставувањето на казни од нивните одредби. Треба да се забележи дека жртвата на сексуалното малтретирање не е ограничена во поднесувањето на посебна и независна жалба за оштета и други олеснувања покрај поднесувањето на жалба за сексуално малтретирање.“


Полска


Нема посебна одредба во законот за вработување кој е за моралното или сексуалното малтретирање; сепак е општо прифатено од правото дека сексуалното малтретирање се случува кога вработениот е предмет на дела од друга личност со цел да се задржат услугите со сексуална природа. Моралното малтретирање се случува кога вработениот е предмет на дела кои можат да резултираат со влошување на неговата состојба со вработувањето или пак да ги наруши неговите права или достоинство како и да влијае врз физичкото или моралното здравје. Овие дефиниции не се согласни со правото, но се прифатени како такви од правните науки.


Русија


Во криминалниот код на Руската Федерација, постои закон кој ја забранува употребата на канцелариската позиција и материјалната потчинета положба за принуда на сексуална интеракција (Член 118, од сегашниот Код). Но, според центарот за родови студии во Москва, во пракса, судовите не ги испитуваат овие прашања.


Велика Британија


Законот за дискриминација од 1975 година, е изменето во 1986 година за да се зацврсти сексуалното малтретирање како вид на дискриминација. Вели дека малтретирањето настанува кога постои непосакувано однесување на база на полот на личноста или непосакувано однесување со сексуална природа и дека тоа однесување има цел или влијание врз нарушувањето на достоинството на личноста или создавањето на застрашувачка, непријателска, деградирачка, навредувачка или понижувачка средина за нив. Ако работодавачот се однесува спрема некој помалку поволно затоа што тие биле одбиени или подлежат на, или вид на малтретирање кое е објаснето погоре, е исто така малтретирање.


Дебати


Иако под фразата „сексуално малтретирање“ се подразбира целосно јасно оштетување и морално несоодветно однесување, неговите граници можат да бидат широки и контроверзни. Според тоа, недоразбирањата можат да изобилуваат. Згора на тоа, законот за сексуално малтретирање е критикуван од експерти како Алан Дершовиц и Јуџин Волок, за наметнување на правото за слобода на говор. Некои феминистички групи ја критикуваат политиката на сексуалното малтретирање за да помогнат при задржувањето на архаични стереотипи за жената како „деликатни, асексуални суштества“, што бараат посебна заштита. Камил Паља на пример, вели дека млади девојки можат да завршат така што ќе го олеснат сексуалното малтретирање, како на пример, со тоа што глуми „фина“ може лесно да стане мета. Паља во интервју со Плејбој кажа „Сфатете го степенот со кој твојата финост може да предизвика луѓето да ти кажуваат непристојни и порнографски работи – некогаш за да ти ја прекршат таа финост. Колку повеќе црвенееш, толку повеќе луѓето сакаат тоа да го прават.“

Политиката и легислативата за сексуалното малтретирање беше критикувана како обид за „управување на романтиката“ што е против човековите нагони. Други критичари тврдат дека сексуалното малтретирање е многу сериозен проблем, но сегашните гледања се концентрираат повеќе на сексуалноста отколку на видот на однесувањето што ја нарушува способноста на мажите или жените да работат заедно и ефикасно. Вики Шулц, професорка по право на Јеил Универзитетот вели „многу од најзастапените видови на малтретирања се создадени за да се заржи работата – особено повисоките редови на работно место – како одбрана од машка конкурентност или авторитет.“ Феминистката Џејн Галоп гледа на ова како еволуција на дефиницијата за сексуално малтретирање, која доаѓа од „пукнатина“ помеѓу она што таа го нарекува„моќни феминистки“, кои се про - секс (како и самата) и она што таа го нарекува „феминистички жртви“, кои не се. Таа тврди дека пукнатината помогнала да се дојде до перверзија на дефиницијата за сексуалното малтретирање, која била за сексизам, но сега станала дефиниција за се што е поврзано со сексот. (Галоп, 1997 година)

Постои грижа и за злоупотребите на политиката од сексуално малтретирање, и користењето на работодавците и директорите кои употребуваат обвинувања како начин за да ги избркаат оние вработени кои сакаат да ги елиминираат од други причини. (Вестхјуз, 1998 година)

Исто така се дискутира дали некои скорешни трендови за облека, која го покажува телото и навиките за дозвола, предизвикале создавање на генерално посексуална средина, во кои некои видови на комуникација се благо малтретирање, но се само реакција на поголема сексуализација во секојдневната средина.

Се дебатира околу тоа како организациите треба да се справуваат со сексуалното малтретирање. Некои набљудувачи сметаат дека организациите треба да се задржат на стандардот на нула толеранција „мора да се пријави – мора да се истражи – мора да се казни. “

Други пишуваат дека оние кои се чувствуваат малтретирано, во многу околности треба да имаат избор од опции. Види „правда на работното место, нула толеранција и нула бариери“, 2001 година од Мери Роув и Корин Бендерски, во Преговори и промена, Од работното место во општеството, Томас Кохан и Ричард Лок (уредници), Издавач Универзитетот Корнел, 2002 година; Мери Роув во „Справување со малтретирање: пристап на системот“, во Сексуално малтретирање: перспективи, граници и стратегии за одговор, Жени и работа, книга 5, Маргарет Стокдејл, уредник, Сејџ публикации, 1996 година, страна 241-271; Мери Роув, „Луѓе кои се чувствуваат малтретирани имаат потреба од систем за обвинување со формални и неформални опции“, во весникот Негошиејшн, април 1990 година, книга 6, број 2, страна 161-172. сексуалното малтретирање по дефиниција е непосакувано и не треба да биде толерирано, но секогаш има голем број на ефективни начини како некој навреден и повреден може да се справи со малтретирањето.