Синозелена боја

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Синозелена
Pallete of color icon cyan.png
Спектрални координати
Бран. долж. 490–520 нм
Фреквенција 610–575 ТХц
Општоприфатен симболизам
вода
За координативе     Бојни координати
Хекс. тројка #00FFFF
sRGB1    (r, g, b) (0, 255, 255)
Извор Боен модул за CSS, III степен
1: Нормализирано на [0–255]

Синозелената боја (или цијан, од грчки: κυανoῦς) е назив за секоја боја во опсегот помеѓу сината и зелената. Во минатото не се сметала за посебна боја од видливиот спектар - боите што денес се нарекуваат синозелени се сметале за сини или делумно зелени и немале свое име бидејќи важеле за мешавини. Во системот на адитивни бои, поимот синозелена (цијан) се однесува на бојата што се добива при мешање на подднакво количество на сина и зелена светлина. Се добива и со отстранување на црвената од белата светлина, што значи дека е комплементарна на црвената: синозелените пигменти ја впиваат црвената светлина. Присутна е во бојните системи RGB и CMYK.

Некои тонови близу до синозелената се берија, тиркизната боја, електричната сина и аквамаринот.

Електрична наспроти печатарска[уреди]

Синозелена (адитивна вторична)
За координативе     Бојни координати
Хекс. тројка #00FFFF
sRGB1    (r, g, b) (0, 255, 255)
CMYK2   (c, m, y, k) (100, 0, 0, 0)
HSV       (h, s, v) (180°, 100%, 100%)
Извор X11
1: Нормализирано на [0–255]
2: Нормализирано на [0–100]

Силната синозелена бојна што се гледа на електронските приказни уреди се нарекува и „електрична синозелена“ за да се разликува од потемната тиркизна како печатарската синозелена (process cyan) согласно CMYK што се користи во печатењето во боја.

Мрежната бојавода (аква)“ е синоним за електричната синозелена.


Синозелена (суптрактивна првична)
За координативе     Бојни координати
Хекс. тројка #00B7EB
sRGB1    (r, g, b) (0, 183, 235)
CMYK2   (c, m, y, k) (100, 22, 0, 8)
HSV       (h, s, v) (193°, 100%, 92[1]%)
Извор CMYK[2]
1: Нормализирано на [0–255]
2: Нормализирано на [0–100]

Во природата и науката[уреди]

Молекули[уреди]

  • Чистата вода е речиси безбојна, меѓутоа прима малку повеќе црвена отколку сина светлина, што и ја дава синкавата нијанса при достатно голема количина. Ситните честички во водата го зголемуваат распрснувањето на сината светлина и таа се поместува малку кон зелената.[3]
  • цијанидот го добил името од синиот пруски пигмент што се содржи во неговиот јон.

Бактерии[уреди]

Астрономија[уреди]

Енергетика[уреди]

  • Земен гас (метан) што се користи во домаќинството и индустријата има синозелен пламен.

Медицина[уреди]

  • Цијаноза - абнормално синило на кожата поради слаб довод на кислород

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]