Електроника

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Електронска плочка со компоненти

Електроника е наука за употребата на електрични направи кои работат со контрола на текот на електроните или други честици со електричен полнеж. Изучувањето на ваквите направи се смета за дел од физиката, додека конструкцијата на електричните кола за решавање на практични проблеми е дел од полето на електричното, електронското и сметачкото инженерство.

Содржина

Преглед на електронските системи и кола[уреди]

Комерцијален дигитален волтметар кој проверува прототип

Електронските системи се користат за широк опсег на функции. Главна употреба на електронските кола е:

  1. Контрола и обработка на податоци.
  2. Конверзија од/во и дистрибуција на електрична моќност.

И двете примени вклучуваат креирање и/или детекција на електромагнетно поле и електрична струја. Иако електричната енергија е користена подолго време за пренос на податоци преку телеграфски и телефонски жици, со развојот на електрониката во последно време се фаворизира безжичен пренос.

Еден начин на разгледување на електронски систем е негова поделба на 3 делови:

Електронски кола и компоненти[уреди]

Електронските компоненти се физички делови во еден електронски систем чијашто улога е да влијаат на токот на електроните и соодвените електични и магнетни полиња на тој начин што тоа ќе биде конзистентно со планираната функција на електронскиот систем. Компонентите се во основа сврзани со електромеханички контакти, најчесто поврзани со лемење на електронска печатена плочка (PCB), за да се оствари електронско коло со определена функција (на пример засилувач, радио приемник или осцилатор). Компонентите можат да бидат спакувани како единечки или во комплексни групи како што се интерираните кола.

Типови на колата[уреди]

Аналогни кола[уреди]

Hitachi J100.

Повеќе аналогни електронски уреди, како што се радио приемниците, се конструирани со комбинирање на неколку типови на поедноставни кола. Аналогните кола користат континуиран опсег на напонски нивоа за разлика од дискретните нивоа на дигиталните кола. Бројот на различните аналогни кола е огромен, затоа што под електронско коло може да се дефинира се, почнувајќи од една компонента, до системи конструирани од неколку илјади компоненти.

Аналогните кола се некогаш нарекуваат и линеарни кола иако многу нелиниеани ефекти се користат во аналогните кола како што се миксети, модулатори и сл. Добри примери за аналогни кола се транзисторски засилувачи, операциски засилувачи и осцилаторите.

Некои аналогни кола користат дигитални кола па дури и микрообработувачи за да ги унапредат основните способности на колото. Овие кола се нарекуваат мешани кола.

Дигитални кола[уреди]

Дигиталните кола се електрични кола базирани на одреден број на дискретни напонски нивоа. Дигиталните кола најчесто ја претставуваат физичката репрезентација на Буловата алгебра и се основа за сите дигитални сметачи. За мнозинството инжинери, изразите "дигитално коло", "дигитален систем" и "логика" се еквивалентни во контектстот на електронските кола.

Најчесто број на различни состојби на еден јазол е два, претставен со еден од двата напонски нивоа означени "Ниско" и "Високо". Често "Ниско" напонско ниво е еднакво на 0 волти а "Високо" ќе биде на повисоко ниво во зависност од користеното напојување.

Основни блокови:

Интегрални уреди:

Електронска теорија[уреди]

Математичките методи се многу важни во проучувањето на електроникате. За да се стане искусен во електрониката е битно да се стане вешт во математиката на анализа на колата.

Анализа на колата е наука за изучувањето на методите за решавање на генерално линеарни системи за непознати варијабли како што се напон во одредени јазли или на струјата низ одредена гранка. Најчесто користената алатка е SPICE симулаторот.

Многу важно за изучувањето на електрониката е и разбирањето на теоријата на електроматнегните полиња.

Гранки на електрониката[уреди]

Видете исто така[уреди]

Портал „Електроника

Надворешни врски[уреди]

Wikibooks
Англиските Викикниги нудат повеќе материјал на тема:

Шаблон:Електроника