Сива боја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сива
Color icon gray v2.svg
Општоприфатен симболизам
песимизам, депресија, блуткавост, досада, неутралност, магла, неодреденост, старост, задоволност, мозокот (сива материја) и брзина
За координативе     Бојни координати
Хекс. тројка #808080
sRGB1    (r, g, b) (128, 128, 128)
CMYK2   (c, m, y, k) (0, 0, 0, 50)
HSV       (h, s, v) (--°, 0%, 50%)
Извор HTML/CSS[1]
1: Нормализирано на [0–255]
2: Нормализирано на [0–100]

Сива бојабоја во помеѓу црната и белата, неутрална или ахроматска (букв. „безбојна боја“).[2] Ова е бојата на облачното време, пепелта и оловото.[3]

Оптика на сивата боја[уреди | уреди извор]

Во ликовната уметност, сивата традиционално се добивала со мешање на црна и бела боја. Потоплите сиви бои ги добивале со додавање на малку црвена, а за постудените додавале малку сина. Уметникот добива сива боја и со мешање на две комплементарни бои како портокалова и сината.

Денес сивата на екраните и телевизорите се добива користејќи го моделот RGB. На црн екран, црвената, зелената и сината светлина при полна јачина даваат бела боја. Намалувајќи ја јачината, се добиваат разни нијанси на сива.

Во печатарството, сивата обично се добива по моделот CMYK, користејќи синозелена (цијан), магента, жолта и црна. До сива боја се доаѓа со употреба на црна и бела, или пак со мешање на подеднакво количество на синозелена, магента и жолта. Највеќето сиви нијанси имаат студен или топол изглед. Топлиот се добива со додавање на жолта, портокалова или црвена, додека пак студените имаат додадено зелена, сина и виолетова.[4] Кога нема никаква додавка, бојата се нарекува „неутрална сива“, „ахроматска сива“ или просто „сива“. Сликите што се состојат само од црна, бела и сиви нијанси се нарекуваат монохромни, црно бели или сиво нијансирани.

Grays.svg
топла сива студена сива
измешана со 6% жолта. измешана со 6% сина.

Сивата во животинскиот свет[уреди | уреди извор]

Сива чапја

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Боен модул TR CSS3 на W3C, клучни зборови за бои во HTML4 Архивирано на 14 декември 2010 на WebCite
  2. „ахроматичен“ — Лексикон на македонскиот јазик на оф.нет
  3. „сива“ - Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. Палета на бои Архивирано на 14 декември 2010 на WebCite

Надворешни врски[уреди | уреди извор]