Сив сокол
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Сив сокол | |
|---|---|
| Сив сокол (Falco peregrinus) | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Птици |
| Ред: | Штркови |
| Фамилија: | Соколовидни |
| Род: | Сокол |
| Вид: | F. peregrinus |
| Биномен назив | |
| Falco peregrinus Тунстал, 1771 |
|
Сивиот сокол (лат. Falco peregrinus) е најбрзата птица, а воедно и живо суштество на планетата. Се храни со птици, најчесто гулаби, патки, сколовранци и сл. Во својот добро познат пад од небото развива фантастична брзина која е измерена до 320 km на час. Својот плен го лови исклучиво во воздух. Мажјакот кај сивиот сокол, како и кај повеќето птици-грабливки е 1/3 помал од женката. Својата сива боја ја добива по една година возраст, претходно младите се темно кафени.
Во Македонија се среќаваат два подвида: F.P. peregrinus или номиналниот подвид и медитеранскиот подвид, нешто помал - F.P.brookei.
Се гнезди во дупки на непристапни карпи. Како и сите останати соколи никогаш не прави гнездо, туку користи стари напуштени гнезда од гаврани, или, пак, едноставно ги несе своите јајца на карпата. Во гнездото обично несе од 3 до 4 јајца, во зависност од пристапот до храна. По 38-42 дена инкубација воглавно од страна на женката, се испилуваат малите сосема беспомошни соколчиња.За да излетаат од гнездото потребни се 40 дена. А за да станат неприкосновени ловци како своите родители, потребни се уште наредни 40 дена. Важно да се напомене е тоа дека само 1/3 од младите соколи успеваат да ја преживеат првата зима.
