Гусковидна патка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гусковидна патка
Возрасен мажјак
Возрасна женка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Потсемејство: Tadorninae
Род: Tadorna
Вид: Гусковидна патка
Научен назив
Tadorna tadorna
(Linnaeus, 1758)
Native range
(жолто: лето, сино: зима, зелено: цела година)

Гусковидна патка (Tadorna tadorna) е широко распространета во Евроазија, главно одгледувана во регионите со суптропска клима, а во зима таа исто така може да се најде во северозападна Африка. Нејзиното научно име има келтски корени и значи "шарена птица". Овој вид се среќава и во Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Гусковидната патка има мал краток гусковиден врат. Таа е впечатлива птица поради нејзиниот црвено-розов клун, розови стапала, бело тело со црн стомак и темнозелена глава и врат. Горните делови на крилјата се бели а средишниот дел е црн. Половите се слични, но женката е помала со некои бели ознаки на лицето, додека мажјакот има поостри бои на него во сезоната на парење, а неговиот клун е светлоцрвен.

Патчињата се бели со црна капа. Тие се слично обоени и имаат сивкаста боја на горниот дел и претежно бела боја надолу, но веќе крилјата им имаат изглед како на возрасни.

Распространетост и живеалиште[уреди | уреди извор]

Ова е птица која се населува во умерените делови на Евроазија. Поголемиот дел од популацијата се сели во суптропските области во зима, но највеќе ги има во западниот дел во Европа. Гусковидната паткa ја има околу брегот на Велика Британија каде што ја има кај мочуриштата и утоките. Оваа птица е реткост во Северна Америка и е пријавена како редок посетител на САД и Канада.

Поведение[уреди | уреди извор]

Јатата на гусковидните патки можат да бидат огромни (100.000) бидејќи голем број на парови ги напуштаат нивните делумно одгледани младенчиња. Овој вид е главно поврзан со езера и реки на отворена земја. Тие се гнездат во дивината во зајачки јами, дупки во дрва и слично.

Оваа птица е еден од видовите на која што се однесува Спогодбата за заштита на африканско-евроазиските миграторни водени птици. Младенчињата нуркаат за да избегнат разни грабливци.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Tadorna tadorna. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]