Дива патка
- a0b0ff"
- a0b0ff"
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
|
|
|---|---|
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
|
|
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Птици |
| Ред: | Гусковидни |
| Фамилија: | Anatidae |
| Род: | Anas |
| Вид: | A. platyrhynchos |
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
|
|
| Anas platyrhynchos (Linnaeus, 1758) |
|
Дивата патка (Anas platyrhynchos) е средноголем претставник од фамилијата патки, од редот гусковидни. Тежи меѓу 0,9 и 1,7 kg. Должината на телото изнесува 56-65 cm. Силно е изразен половиот диморфизам. Летно време перјето на двата пола е исто, но мажјаците поседуваат жолтозелен клун. Лета и полетува шумно, гласот и е тивок, сличен на тој на домашните патки.
Содржина |
Физички опис [уреди]
Мажјакот на главата и на вратот има темнозелени пердуви со метален сјај со бел прстен на дното. Градите му се во смеѓа боја, а стомакот и долната страна на крилјата се светлосиви. Кратките опашни пердуви се бели. Двете средни опашни пердуви се завиени во кадрици. Клунот е жолт и од страните е назабен. Женката е прекриена со неугледни светлосмеѓи и темносмеѓи пердуви кои имаат заштитна улога. Портокаловите кратки нозе меѓу прстите поседуваат широки пловни кожички.
Распространетост [уреди]
Дивата патка е широко распространета и се среќава во голем број во Европа, Азија и Северна Америка, а ја има и во Македонија. Интродуцирана е во Австралија и Нов Зеланд. Ги населува сите типови на реки и езера, како во планински, така и во рамнински области.
Размножување [уреди]
Може да е полигамна и моногамна; често се образуваат стабилни парови уште во текот на зимата, што не води до распаѓање на јатото. Понекогаш паровите се задржуваат и до неколку години. Во пролет машките птици често се тепаат, обидувајќи се да се здобијат со други женки и да ја запазат територијата. Гнездото се гради на добро скриено место, меѓу густо обраснатите крајбрежни делови, често под некоја грмушка. Познати се случаи и кога гнезди на дрвја, користи стари гнезда на врани, чапји или пошироки дупки. Во изградбата не земаат учество машките единки. Гнездото е составено од суви растенија, листови, трева и сено, кое подоцна се користи за да ги покрие и топли јајцата додека женката е отсутна. Таа секојдневно снесува по едно јајце, сè додека не се соберат од 6 до 14. Тие се бели со лесен зеленкаст отсјај, кој најпосле исчезнува. Инкубацијата трае 26 денови. Младите се испилуваат доволно развиени и можат да се тркаат, пливаат, нуркаат и хранат самостојно во текот на многу часови. Младите сакаат и умеат да нуркаат многу добро, за разлика од возрасните птици, кои нуркаат ретко и безволно. Кога ќе наполнат месец и половина, запираат да пискаат и започнуваат со крекањето (како возрасните). На двомесечна возраст започнуваат да учат да летаат. Поради многуте непријатели кои ги имаат (грабливци, човек), ¾ од младите не успеваат да достигнат полова зрелост.
Дополнителна информација [уреди]
Дивата патка е родоначалник на сите раси на обични домашни патки со кои успешно може да се вкрстува и да остави животоспособно поколение. Регистрирани се и случаи на вкрстување со патката ластовичарка. Лесно се припитомува, живее и се размножува добро во домашни услови.