Чапји

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чапји
Период: Lower Eocene-Recent, 55–0 мг
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Надред: Нови птици
Ред: Пеликановидни
Фамилија: Чапји
Leach, 1820
Глобална распространетост
Синоними

Cochlearidae

Чапјите Ardeidae се фамилија долгоноги птици од редот на пеликановидните кои живеат крај вода, и има околу 64 вида. Класификацијата на поодделни видови задава тешкотии, па понекогаш може да се сместат во нови редови и фамилии. Тие се слични со штрковите, ибисите и лажичарките, а се разликуваат од нив по начинот на летање, бидејќи летаат со згрчен врат (а не со испружен).

Опис[уреди]

A beige heron with yellow legs and bill stands hunched, its neck hidden in the feathers of the body, on a wire mesh above water.
Жолта чапја, сосема згрчен врат

Чапјите се средни до големи птици, со долги нозе и вратови. Тие покажуваат сосема мал полов диморфизам во својата големина. Најмалатите чапји се долги 30 cm, а најголемите 152 cm. Вратот може да го држат во форма на S, да го издолжуваат и да го згрчуваат. Го држат згрчено за време на летање, за разлика од сите други долговрати птици. Нозете им се долги и силни, и речиси кај сите видови долниот дел им е без пердуви. Кога летаат, нозете и стапалата им се наназад. На нозете имаат долги тенки прсти, од кои три им се свртени нанапред, а еден наназад.[1] Клуновите им се обично долги и во облик на харпун. Варираат од многу фини, елегантни, до затапени и дебели. Клуновите, како и другите делови без перја им се обично жолти, црни или кафени, но и тие бои може да се менуваат во сезоната на парење. Пердувите на чапјите се меки, а перјето е сино, црно, кафено, сиво или бело.


Однесување[уреди]

Исхрана[уреди]

Риболов со користење на крилјата за сенка

Чапјите се месојадци. Тие живеат крај вода, и нивната исхрана се состои претежно од водни животни: риби, водоземци, влекачи, водни инсекти и сл. Ловат, така што мирно стојат крај водата и чекаат пленот да се приближи во нивниот домет. Понекогаш, прават сенка со своите крилја, за подобро да гледаат во водата и се наведнуваат подолу, за клунот да им е поблиску до пленот. Кога ќе го здогледаат пленот, се движат малку лево-десно, да ја проценат положбата и потоа го прободуваат со својот клун. Во ловот, може да бидат и поактивни, а не само да стојат и чекаат, одејќи полека и гонејќи го пленот откако ќе го здогледаат. Понекогаш ги употребуваат нозете, за да го избркаат скриениот плен.[2]

Размножување[уреди]

Чапјите се моногамни и претежно се размножуваат во колонии. Во колониите може да живеат повеќе видови чапји како и други видови водни птици.[3] Прво мажјаците доаѓаат и го градат гнездото и со свои изведби ги привлекуваат женките. Откако ќе се спарат, заеднички продолжуваат да го градат гнездото. Гнездата ги градат до или над вода, врз вегатеација, ретко на земја.[1][3] Некои видови гнездата ги прават вискоко на дрвјата.[1] Вообичаено, чапјите излегнуваат 3-7 јајца. Тие се сјајно сини или бели, освен кај големите чапји кои имаат маслинасто-кафени јајца.[1]

Систематизација[уреди]

Во 2008 година, по извршените анализи и студии, фамилијата на чапјите беше ставена во редот на пеликановидните,[4] а претходно беа во редот на штрковидните.[5]

Tigrisoma mexicanum
Botaurus stellaris
Ardea modesta

Во фамилијата на чапјите се разликуваат неколку потфамилии со нивните родови:

Потфамилија Tigrisomatinae

  • Род Cochlearius
  • Род Tigrisoma
  • Род Tigriornis
  • Род Zonerodius

Потфамилија Botaurinae

  • Род Zebrilus
  • Род Ixobrychus
  • Род Botaurus

Потфамилија Ardeinae

  • Род Zeltornis
  • Род Nycticorax
  • Род Nyctanassa
  • Род Gorsachius
  • Род Butorides
  • Род Agamia
  • Род Pilherodius
  • Род Ardeola
  • Род Bubulcus
  • Род Proardea
  • Род Ardea — типични чапји (11–17 вида)
  • Род Syrigma
  • Род Egretta
  • Род Mesophoyx

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Martínez-Vilalta, Albert; Motis, Anna (1992). „Family Ardeidae (Herons)“. del Hoyo, Josep; Elliott, Andrew; Sargatal, Jordi. „Handbook of the Birds of the World. Volume 1, Ostriches to Ducks“. Barcelona: Lynx Edicions. стр. 376–403. ISBN 978-84-87334-10-8. 
  2. Meyerriecks, Andrew (1966). „Additional Observations on "Foot-Stirring" Feeding Behavior in Herons“. „The Auk“ 83 (3): 471–472. doi:10.2307/4083060. http://sora.unm.edu/sites/default/files/journals/auk/v083n03/p0471-p0472.pdf. 
  3. 3,0 3,1 Hilaluddin, Aisha S.; Khan, A.; Yahya, H. & R. Kaul (2006). „Nesting ecology of Cattle Egrets and Little Egrets in Amroha, Uttar Pradesh,India“. „Forktail“ 22. http://www.orientalbirdclub.org/publications/forktail/22pdfs/Hilaludin-CattleEgrets.pdf. 
  4. Hackett, Shannon J.; et al., R. T.; Reddy, S.; Bowie, R. C. K.; Braun, E. L.; Braun, M. J.; Chojnowski, J. L.; Cox, W. A.; и др. (2008). „A Phylogenomic Study of Birds Reveals Their Evolutionary History“. „Science320 (5884): 1763–1768. doi:10.1126/science.1157704. PMID 18583609. 
  5. Gill, F. & D. Donsker (Eds). (2010). Family Links. IOC World Bird Names (version 2.4).

Надворешни врски[уреди]