Патка ластовичарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
  1. a0b0ff"
  1. a0b0ff"
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. a0b0ff" | Патка ластовичарка
Мажјак (лево) и женка (десно).
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. a0b0ff" | Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Фамилија: Anatidae
Род: Anas
Вид: A. acuta
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. a0b0ff" | Биномен назив
Anas acuta
(Linnaeus, 1758)
светлозелено - гнездење

сино - презимување
темнозелено - станарка
црвено X - сретнати надвор од типичните живеалишта

Патката ластовичарка[1] (Anas acuta) е широко распространета патка која се размножува во северните подрачја на Европа, Азија и Северна Америка. Станува збор за птица преселница која презимува на југ, сè до екваторот. Необично за вид со вакво распространување, таа нема подвидови (ако Anas eatoni се вброи како посебен вид).

Физички опис[уреди]

Ова е причично голема патка, со долг зашилен опаш, сличен на опашот на ластовицата, по што и го добила името „ластовичарка“. Мажјакот е со упадливо кафеава, сива и бела боја, а женката е најмногу со светлокафеава боја со пократок опаш. Мажјакот се огласува со специфично свиркање („фјур, фјур“), а женката квака како и дивата патка.

Размножување[уреди]

Двата пола стануваат полово зрели по првата година од животот. Мажјакот се додворува на женката пливајќи блиску до неа со спуштена глава и подигнат опаш, свиркајќи. Ако има група од мажјаци, ќе ја бркаат женката и ќе летаат сè додека не остане само еден од нив. Женката се подготвува за парење спуштајќи го телото. По парењето, мажјакот ја кренува главата и свирка.

Размножувањето се одвива во текот на април и јуни. Гнездото го градат на земјата, скриено во вегетацијата и подалеку од водата. Женката снесува седум до девет јајца во крем боја, и тоа по едно на секој ден. Женката сама ги инкубира јајцата во текот на 22 до 24 денови. Кога ќе се родат пилињата, женката ги носи до водата, каде се исхрануваат со инсекти од водната површина.

Околу ¾ од птиците го преживуваат овој период, но не повеќе од половина од нив живее толку долго за да почнат да се размножуваат. Најдолга забележана должина на живот е 27 години, но оваа возраст ја достигнуваат само мал број птици.

Исхрана[уреди]

Патката ластовичарка се храни со водни растенија навечер и ноќе, а поголем дел од денот го поминува одмарајќи се. Долгиот врат и овозможува да собере храна 30 cm од под површината на водата. Зиме јаде најмногу водни растенија, но понекогап се храни со корења и семиња во полињата. За време на сезоната на парење главно јаде без‘рбетници.

Наводи[уреди]