Обична белочелна гуска

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Обична белочелна гуска
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Фамилија: Патки
Потфамилија: Anserinae
Племе: Anserini
Род: Anser
Вид: Обична белочелна гуска
Биномен назив
Anser albifrons
(Scopoli, 1769)
Подвидови
  • A. a. albifrons
    European White-fronted Goose (Scopoli, 1769)
  • A. a. frontalis
    Pacific White-fronted Goose (Baird, 1858)
  • A. a. gambeli
    Gambel's White-fronted Goose (Hartlaub, 1852)
  • A. a. elgasi
    Tule Goose (Delacour & Ripley, 1975)(disputed)
  • A. a. flavirostris
    Greenland White-fronted Goose (Dalgety & (Scott, 1948)
Синоними

Branta albifrons Scopoli, 1769

Обичната белочелна гуска (Anser albifrons) е тесно поврзано со малата белочелна гуска (A. erythropus). Во Европа е попозната како Белочелна гуска, а во Северна Америка како Голема белочелна гуска и ова име е усвоено на меѓународно ниво .[1] Именувана е по белите пердуви кои ги има околу клунот. Оваа гуска ја има во Македонија.

Опис[уреди]

Обичните белочелни гуски достигнуваат должина од 64 до 81 см, имаат од 130 до 165 см распон на крилјата и тежина од 1.93 до 3.31 kg.Тие имаат светло портокалови нозе, сиви предуви на грбот, а карактеристични им се воочливите бели пердуви на лицето и црните линии на стомакот. Освен што е поголема од малата белочелна гуска, се разликува од неа по тоа што нема жолт прстен околу окото.[2]


Таксономија и распространетост[уреди]

Обичната белочелна гуска се дели на пет подвида. A. a. albifrons се размножува на далечниот север на Европа и Азија, а зимува во јужна и западна Европа. A. a. frontalis е незначително поголема и со малку подолг клун; распространета е од Сибир до арктичка Канада, а зимува во САД и Јапонија. Два подвида со ограничена распространетост живеат на север од Северна Америка A. a. gambeli и A. a. elgasi. Сите овие подвидови се слични, а се разликуваат само по големина. Единствено петтиот подвид, A. a. flavirostris која се размножува на запад од Грнеланд е многу потемна и со многу тенка бела линија кај опашката. Има повеќе црни линии и портокалов, а не розев клун. Зимува во Ирска и западна Шкотска. Неодамнешните истражувања предложија гренландскиот подвид да се одвои од A. albifrons. Интересно за овој подвид е тоа што грижата за младенчињата е многу долга,[3] дури и по неколку години, па се случува и бабите и дедовците да се грижат за младите, што би можело да биде единствен ваков пример од редот на гусковидните.

Живеалиште[уреди]

Обичната белочелна гуска е широко распространета во Европа, Азија и Северна Америка. Таа е типична птица преселница. Гнезди на отворени пространства - тундри, во близина на морски брег или влажни места. Во зимскиот период се храни од обработени ниви или други тревни површини.

Исхрана[уреди]

Се храни претежно со растителна храна, зрнести култури, а понекогаш нанесува штети на насадите на нивите.

Размножување[уреди]

Почетокот на гнездењето е обично во втората половина на јуни. Малечките се испилуваат во втората половина на јули. Гнездото го сместуваат директно на земја, во мала дупка слабо послана со сува трева, мов и пердувчиња. Несат 3-6 јајца кои ги инкубираат 27-28 дена. За време на инкубацијата и одгледувањето на малечките, мажјакот е постојано до женката. Кога ќе се испилат, малечките се доволно развиени да может да се движат и хранат самостојно. Во август, кога малечките се потпораснати, обичната белочелна гуска образува мешани јата со други патки и гуски.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2004). Anser albifrons. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 г. МСЗП 2006. консултирано на 11 May 2006 (англиски)
  2. Perrins, Christopher M.; Attenborough, David (1987). „New Generation Guide to the Birds of Britain and Europe“. Austin, TX: University of Texas Press. стр. 76–77. ISBN 0-292-75532-5. 
  3. Fox, A.D. & Stroud, D.A. (2002): Greenland White-fronted Goose. Birds of the Western Palearctic Update 4(2): 65–88.

Надворешни врски[уреди]