Хановер (регион)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хановер
—  Округ  —
Земја  Германија
Покраина Долна Саксонија
Адм. цент. Хановер
Површина
 • Вкупна 2.290 км2
Население (31 декември 2012)[1]
 • Вкупно 1.112.675 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. H
Портал region-hannover.de

Регион Хановер (германски: Region Hannover) е округ во Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од север во правец на стрелките на часовникот) окрузите Хајдекрајс, Келе, Гифхорн, Пајне, Хилдесхајм, Хамелин-Пирмонт, Шаумбург и Нинбург.

Округот Хановер има уникатен правен статус помеѓу окрузите на Долна Саксонија. Го вклучува градот Хановер, покраинскиот главен град, кој ги има истите привилегии како град, кој не е дел од округ. Како последица, округот е многу поголем во население отколку останатите окрузи во покраината. Негово административно тело е Regionsparlament („Регионален парламент“), воден од Regionspräsident или „претседател на регион“ (Хауке Јагау (SPD) од 2006). Членовите на Regionsparlament се бирани еднаш на секои пет години и Regionspräsident е биран еднаш на секои осум години на локални избори.

Историја[уреди]

Градот Хановер не бил дел од округот до 2011, кога стариот Округ Хановер и градот (тогаш службено познат како Kreisfreie Stadt Hannover, што означува „Слободен град Хановер“) биле споени со цел да се формира новиот округ Регион Хановер (немојте да бидете збунети со поранешниот Regierungsbezirk Hannover).

Во текот на Втората светска војна, Хановер бил седиште на воениот округ (Wehrkreis) XI, кој бил одговорен за Брауншвајг, Анхалт и дел од Хановер. Исто така бил гарнизонски град за 71-та пешадиска дивизија.

Географија[уреди]

Округот го опкружува Градот Хановер и ги вклучува предградијата на неговата метрополитенска област. Реката Лајне влегува во округот на југ, тече низ Хановер и го напушта округот на север. На северозапад е Штајнхудер Мер, езеро со површина од 32 км², во рамките на регионот познат како Хановерско море.

Грб[уреди]

Coat of arms

Грбот бил прогласен на 1 мај 2003. Листот од детелина е од грбот на Градот Хановер. Лавот бил хералдичко животно на семејството Велфен, кои владееле со регионот од Средниот век до 1866.

Градови и општини[уреди]

Градови Општини
  1. Барзингхаузен
  2. Бургдорф
  3. Бургведел
  4. Гарбзен
  5. Герден
  6. Хановер
  7. Хеминген
  8. Лацен
  9. Лангенхаген
  1. Лерте
  2. Нојштат ам Рибенберге
  3. Патензен
  4. Роненберг
  5. Зелце
  6. Зенде
  7. Шпринге
  8. Вунсторф
  1. Изернхаген
  2. Ице
  3. Ведемарк
  4. Венигзен

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]