Затерландски фризиски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Затерландски фризиски
Seeltersk
Застапен во Германија
Подрачје Затерланд
Говорници 6.370  (2001)[1]
Јазично семејство
индоевропско
Јазични кодови
ISO 639-3 stq
Linguasphere 52-ACA-ca[2]
Frisian languages in Europe.svg
Застапеност на фризиските јазици во Европа:
  затерландски фризиски

Затерландскиот фризиски јазик (или сатерски, самонар. Seeltersk), е единственото преостанато наречје на источнофризискиот јазик кое е во блиско сродство со фризиски јазици: севернофризискиот (во Германија) и западнофризискиот (во Холандија).

Стариот источнофризиски и неговата судбина[уреди]

Стариот источнофризиски јазик се говорел во Источна Фризија (Ostfriesland) - областа помеѓу реката Лауерс во Холандија и Везер во германската покраина Долна Саксонија. Во подрачејто влегувале и два мали округа на источниот брег на Везер, наречени Вурстен и Вирден. Јазикот може да се подели на две наречја: везерско на исток, емско на запад. На почетокот на XVI век почнал да се повлекува под силен притисок на околните долногермански дијалекти и полека да се губи. Денес важи за изумрен, со исклучок на затерландското наречје.

Емското наречје се говорело сè до средината на VII век, а везерското практично изумрело на почетокот на XVIII век, со извесни говорници на островот Вангероге, каде последниот починал во 1953 г. Денес јазикот повеќе не се зборува, но голем број од локалното население се смета за фризиско и го нарекува матичниот дијалект Freesk (на долногермански). На германски, овој дијалект е наречен „источнофризиски“ (Ostfriesisch) и се одликува со забележлив фризиски супстрат и покрај темелната германизација.

Присуството на јазикот во ова подрачје се должи на преселба на фризиско население од Источна Фризија во денешен Затерланд во текот на XI век. Јазикот се зачувал низ вековите благодарение на ограничените контакти на населението со соседните групи поради непроодниот барски терен околу затерландската област. Друга причина е угледот на фризискиот, кој долго важел за попрестижен од долногерманскиот.

Веројатно важна улога за јазикот одиграла и Триесетгодишната војна, кога Затерланд влегол во состав на епископското кнежество Минстер. Населението му се вратило на католицизмот и кај 1630 г. престанало со склучување на бракови со протестантски семејства од останатиот дел на Источна Фризија.

Говорници[уреди]

Двојазичен знак, with the second line showing the place name in Sater Frisian

Денес затерландскиот фризиски има 2.250 говорници од вкупно 10.000 жители во општината. Се проценува дека 2.000 го владеат добро, а околу половина од нив се матични говорници.[1] Огромен дел од лицата што го користат како мајчин јазик се постари, па затоа затерландскиот се смета за загрозен јазик. Се претпоставува дека јазикот повеќе не е на умирање бидејќи во последно време предизвикува зголемен интерес кај помладите. Меѓу нив постојат и такви што посветено го говорат во домот и ги воспитуваат децата на тој јазик.

Дијалекти[уреди]

Јазикот има три дијалекти, застапени во трите главни села во општината Затерланд: Рамслох (Ромелсе), Шарел (Схедел) и Штриклинген (Струкелје). Дијалектот во Расмлох денес ужива престижен статус налик на стандард поради тоа што е земен при изготвувањето на граматиката и лексиконот.

Статус[уреди]

Германската влада нема направено знајачни напори за зачувување на затерландскиот фризиски јазик, иако е признаен како загрозен малцински јазик со повелбата на ЕУ од 1998 г. Сите активности за запазување и промовирање на јазикот ги врши организацијата „Затерландски сојуз“ (Seelter Buund) каде членуваат активисти и јазичари. Во XX век е напишан и извесен број на книжевни дела на овој јазик. Постои и превод на Новиот Завет.

Фонетика и фонолгија[уреди]

Изговорот на затерландскиот фризиски се смета за многу конзервативен, како што била и сета источнофризиска група во однос на старофризискиот.[3] Следниве табели се водат според трудовите на Марон К. Форт.[4]

Самогласки[уреди]

Монофтонзи[уреди]

Согласката /r/ често се остварува како самогласка [ɐ] на крајот од слогот.

Кратки самогласки:

Графема Фонема Пример Белешки
a [a] fat (дебел)
ä [ɛ] Sät (извесно време)
e [ə] ze (тие) темен глас
i [ɪ] Lid (екстремитет)
o [ɔ] Dot (детенце)
ö [œ] bölkje (вика)
u [ʊ] Buk (книга)
ü [ʏ] Jüpte (длабочина)

Полудолги самогласки:

Графема Фонема Пример
ie [] Piene (болка)
uu [] kuut (краток)

Долги самогласки:

Графема Фонема Пример
aa [] Paad (патека)
ää [ɛː] tään (тенок)
ee [] Dee (теско)
íe [] Wíek (седмица)
oa [ɔː] doalje (тврди)
oo [] Roop (јаже)
öä [œː] Göäte (олук)
üü [] Düwel (ѓавол)
úu [] Múus (глушец)

Дифтонзи[уреди]

Графема Фонема Пример
ai [aːi] Bail (залог)
au [aːu] Dau (роса)
ääu [ɛːu] sääuwen (себе)
äi [ɛɪ] wäit (влажен)
äu [ɛu] häuw (удира)
eeu [eːu] skeeuw (кос)
ieu [i.u] Grieuw (предност)
íeu [iːu] íeuwen (рамно, чисто)
iu [ɪu] Kiuwe (подбрадок)
oai [ɔːɪ] toai (жилав)
oi [ɔy] floitje (свири )
ooi [oːɪ] swooije (ниша)
ou [oːu] Bloud (крв)
öi [œːi] Böije (gust of wind)
uui [uːɪ] truuije (се заканува)
üüi [yːi] Sküüi (прелив)

Согласки[уреди]

Избувни: Денес звучните избувни согласки на завршетокот од слогот обично се обезвучени. Постарите лица може да користат необезвучени завршетоци.

Графема Фонема Пример Белешки
p [p] Pik (наклон)
t [t] Toom (узда)
k [k] koold (студен)
b [b] Babe (татко) Понекогаш се озвучува во слоговниот завршеток
d [d] Dai (day) Може да се озвучени во завршетокот кај постарите говорници
g [ɡ] Gäize (goose) При остварувањето, помладите го користат овој глас наместо [ɣ].

Струјни:

Графема Фонема Пример Белешки
g [ɣ,x] Gäize (гуска), Ploug (плуг) Звучна заднонепчена струјна согласка; се остварувабезвучно во слоговниот завршеток и пред безвучна согласка. Помладите говорници тежнеат кон избувното [ɡ] наместо [ɣ] како што е во германскиот. Меѓутоа, ова не е е заведено во највеќето научни дела.
f [f,v] Fjúur (оган) Се остварува звучно со наставка: ljoof - ljowe (драг - љубов)
w [v] Woater (вода) Обично е звучна усненозабна струјна согласка како во германскиот, но по u се остварува како двоуснена полусамогласка (вид. подолу).
v [v,f] iek skräive (врескам) Се остварува безвучно пред безвучни согласки: du skräifst (врескаш)
s [s,z] säike (трага), zuuzje (фршти) Звучното [z] во слоговниот почеток е необично за фризиските дијалекти и ретко кај затерландскиот. Во јазикот не фигурира минималниот пар s - z, па затоа /z/ веројатно не е фонема. Помладите говорници сè повеќе користат [ʃ во комбинацијата „/s/ + согласка“, како на пр. во fräisk (фризиски), каде не велат [frɛɪsk] туку [frɛɪʃk]. Меѓутоа, ова не е е заведено во највеќето научни дела.
ch [x] truch (низ) Само во јадрото и завршетокот на слогот.
h [h] hoopje (се надева) Само во слоговниот почеток.

Други согласки:

Графема Фонема Пример Белешки
m [m] Moud (смелост)
n [n] näi (нов)
ng [ŋ] sjunge (пее)
j [j] Jader (виме)
l [l] Lound (земја)
r [r,ɐ] Roage (’рж) Традиционално е вевно или просто венечно [r] на слоговните почетоци или поемѓу самогласки, а по самогласки и во слоговниот завршеток станува [ɐ]. Помладите корисници тежнеат кон ресичното [ʀ]. Меѓутоа, ова не е е заведено во највеќето научни дела.
w [w] Kiuwe (подбрадок) Слично како англиското „двојно ве“; се остварува како своуснена полусамогласка само по u.

Споредба со други јазици[уреди]

затерландски фризиски: Die Wänt strookede dät Wucht uum ju Keeuwe un oapede hier ap do Sooken.
севернофризиски (мориншки): Di dreng aide dåt foomen am dåt kan än mäket har aw da siike.
западнофризиски: De jonge streake it famke om it kin en tute har op 'e wangen.
источнофризиски долносаксонски: De Jung straktde dat Wicht üm't Kinn to un tuutjede hör up de Wangen.
германски: Der Junge streichelte das Mädchen ums Kinn und küsste sie auf die Wangen.
холандски: De jongen aaide/streelde het meisje over haar kin en kuste haar op haar wangen.
африканс: Die seun streel die meisie oor haar ken en soen haar op haar wange.
англиски: The boy stroked the girl on the chin and kissed her on the cheeks.

македонски: „Момчето ја погали девојката по подбрадокот и ја бакна во образите.“

Литература[уреди]

  • Fort, Marron C. (1980): Saterfriesisches Wörterbuch. Hamburg: Helmut Buske.
  • Kramer, Pyt (1982): Kute Seelter Sproakleere - Kurze Grammatik des Saterfriesischen. Rhauderfehn: Ostendorp.
  • Stellmacher, Dieter (1998): Das Saterland und das Saterländische. Oldenburg.

Поврзано[уреди]

Википедија
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на затерландски фризиски јазик

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Наведени 6.370 говорници во Fort, Marron C., "Das Saterfriesische", in Munske (2001), стр. 410. Во анкетата од 1995 г. се пребројани 2.225 говорници: Stellmacher, Dieter (1995). „Das Saterland und das Saterländische“. Florian Isensee GmbH. ISBN 978-3-89598-567-6.  Ethnologue вели дека еднојазичното население брои 5.000 жители, но ова веројатно се однесува не на говорници, туку на лицата што се сметаат себеси исклучиво за етнички Затерландски Фризи.
  2. „s“. „Записник на Linguasphere“. стр. 252. http://www.linguasphere.info/lcontao/tl_files/pdf/index/LS_index_r-s.pdf. конс. 1 март 2013.  (англиски)
  3. Versloot, Arjen: "Grundzüge Ostfriesischer Sprachgeschichte", in Munske (2001).
  4. Fort, Marron C., "Das Saterfriesische", in Munske (2001), стр. 411–412. Fort, Marron С. (1980). „Saterfriesisches Wörterbuch“. Hamburg. стр. 64–65. 
  • Munske, Horst Haider, уред (2001) (на German and English). „Handbuch des Friesischen – Handbook of Frisian Studies“. Tübingen: Niemeyer. ISBN ISBN 3-484-73048-X. 

Надворешни врски[уреди]