Англофризиски јазици
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Англофризиски | |
| Insular Germanic | |
| Геог. распределба: |
Изворно во Велика Британија, Ирска и северноморското крајбрежје од Фризија до Јитланд; денес ширум светот |
|---|---|
| Класификација: | Индоевропски
|
| Гранки: | |
Англофризиските јазици (наречени и Островски германски јазици) е група северноморски западногермански јазици која се состои од староанглискиот, старофризискиот јазик, и нивните денешни потомци. Семејната лоза на англофризиските јазици е следнава:
- Англофризиски
Англофризиските јазици се разликуваат од останатите западногермански јазици делумно по северноморскиот назален фрикатив, англофризиско осветлување и палатализацијата на прагерманското *k во преднојазичен африкат пред предните самогласки: спор. англиското cheese и западнофризиското tsiis со холандското kaas и германското Käse, или пак англиското church и западнофризиското tsjerke со холандското kerk и германското Kirche. Раните англофризиски говори образувале јазичен сојуз (шпрахбунд) со старосаксонскиот, кој се вбројува во долносаксонско-долнофранконски јазици.
Германскиот лингвист Фридрих Маурер го отфрла англофризиското групирање како историски правилна целина, и наместо него предлага друга група наречена северноморски германски јазици (или „ингвагеонски“), како заеднички предок на старофризискиот, староанглискиот и старосаксонскиот јазик.
[уреди] Примери
Еве една споредба на називите на броевите од 1 до 10 на разни англофризиски јазици.
|
|
||||||||||||||||||||||||||||||||