Избувна согласка (преградна согласка, плозив, експлозив)[1][2] е согласка каде се затвора гласниот провод, со што престанува текот на воздухот, за потоа да „избувне“ при творбата. Затворањето може да го врши јазикот (рамниот дел: [t], [d] или основата: [k], [ɡ]), уснените ([b], [p]) или гласилката ([ʔ]). Се разликуваат од носните согласки, каде звучниот провод се затвора, но воздухот продолжува да излегува низ носот (на пр. m и n, како и со струјните согласки, каде делумното затворање го отежнува, но не го запира воздушниот тек во гласниот провод.
Застапеност во јазиците [уреди]
Сите јазици во светот имаат избувни согласки,[3] и во највеќето од нив се присутни барем безвучните [p], [t] и [k], но постојат исклучоци: во разговорниот самоански отсуствува преднојазичната согласка [t], а неколку северноамерикански јазици како ирокеските ја немаат уснената согаска [p]. Од сите безвучните избувни согласки во светот, уснената е најнестабилна, што може да се забележи од неусловената гласовна промена [p] → [f] (→ [h] → Ø) што се има случено во разни несродни јазици низ историјата како што се (класичниот јапонски, класичниот арапски и пракелтскиот јазик. Формалниот самоански содржи само еден збор со заднонепчената согласка [k], додека разговорниот самоански ги поистоветува /t/ и /k/ како /k/. Нихауанското наречје на хавајскиот јазик има [t] на местото на /k/ во поголема мера од литературниот хавајски, но обата не разликуваат /k/ од /t/. Поточно кажано, самоанскиот и хавајскиот ги имаат двете самогласки, но не ги разликуваат.
Македонски [уреди]
Во македонскиот јазик се присутни избувните гласови п, б, т, д, ќ, ѓ, к и г.
При творбата на избувниот глас разликуваме три фази:
- Прекин: дишниот провод се затвора, и воздухот нема каде да оди.
- Задршка (оклузија): дишниот провод се држи затворен, што предизвикува мала разлика во притисокот.
- Испуст (избув): пороводот се отвора и воздухот излегува наеднаш, во облик на звук (глас). Ова се нарекува „избувнување“.
Во многу јазици како малајскиот и виетнамскиот, ваквите согласки на крајот од зборот немаат избув (дури и кога им следи самогласка) или имаат носен испуст.
Кај слеаните согласки, прекинот и задршката се од избувен вид, но испустот е како на струјна согласка. Ова значи дека слеаните согласки претставуваат избувно-струјни контури.
Во Меѓународната фонетска азбука (МФА) се претставени следниве избувни согласки.
Поврзано [уреди]
- ↑ Кепески, Круме (1990). „Граматика на македонскиот литературен јазик“ (X издание). Скопје: Просветно Дело. стр. 61.
- ↑ Кепески ја нарекува „избувлива“ согласка.
- ↑ König, W. (ed) dtv Atlas zur deutschen Sprache dtv 1994
- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). „The Sounds of the World's Languages“. Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-19814-8.
- Ian Maddieson, Patterns of Sounds, Cambridge University Press, 1984. ISBN 0-521-26536-3
| Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош] |
| Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка. |
| Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби. |
| * Симболот го нема во МФА. |