Препречна согласка
| Начини на творба |
|---|
| Препречни |
| Избувни |
| Слеани |
| Струјни |
| Шушкави |
| Гласници |
| Носни |
| Едноударни |
| Приближни |
| Течни |
| Самогласка |
| Полусамогласка |
| Странични |
| Трепетни |
| Механизам |
| Белодробни |
| Исфрлени |
| Уфрлени |
| Чрапави |
| Алитерација |
| Асонанца |
| Поврзано: Место на творба |
| Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош] |
| уреди |
Препречна согласка (опструент) е согласка што се создава со попречување (опструкција)[1] на воздушниот тек, предизвијувајќи зголемување на притисокот во говорниот апарат (на пр. како кај согласките [k], [d͡ʒ] и [f]). Во фонетиката, творбата на гласовите се дели на две големи класи: препречни и гласници (сонанти).
Препречните гласови се творби што подразбираат затворње во говорниот апарат, запирајќи или сметајќи му на воздушниот тек. Можат да се поделат на избувни (плозиви): п, т, к, б, д, г, со целосно затворање на гласовниот апарат, проследено од нагол испуст; струјни (фрикативи), со делумно затворање, каде текот не целосно сопрен, туку се соочува со пречка што предизвикува струење; и слеани (африкати), кои почнуваат со целосна преграда, но испустот им е налик на струјните. Прототипно, препречните согласки се безвучни, но често се среќаваат и звучни. По ова се разликуваат од гласниците, кои многу поретко се безвучни.
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ „опструкција“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
- Ian Maddieson (1984). „Patterns of Sounds“. Cambridge University Press. ISBN 0-521-26536-3.
- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). „The Sounds of the World's Languages“. Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-19814-8.