Асонанца

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Асонанца (асонанција) е повторување на исти самогласки за постигнување на звучен ефект. (На пр.: око соколово)

Откако Ленка остави

кошула тенка ленена

недовезена на разбој...

......................................

...„Зошто ми, зошто остана

кошула недоткаена?

Кошула беше даровна...“

(Ленка - Кочо Рацин)

Гласот О е доминантен во целата песна, а особено во стиховите: „Зошто ми, зошто остана...“ кои се израз на длабоката тага заради прерано завршениот живот. Гласот О асоцира на бооолка, на ооофкање, на дооолго тагување и не е случајно употребен во песната.


Книга Ова е недовршена статија за литература. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка.