Свиена носна согласка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свиена носна согласка
ɳ
МФА-бр. 117
Шифрирање
Единица (дек.) ɳ
Уникод (хекс.) U+0273
X-SAMPA n`
Киршенбаум n.

 

Свиената носна согласка (ретрофлексен назал) е вид на согласка во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја претставува со симболот ⟨ɳ ⟩, а X-SAMPA го користи n`. Како и сите свиени согласки, симболот во МФА е создаден со придодавање на надесно свртено ченгелче кон десната ногарка на буквата n (буквата на соодветната венечна согласка). Симболот е по изглед сличен на ⟨ ɲ⟩ (преднонепчена носна согласка), но неговото ченгелче излегува од левата ногарка и е свртено налево, а потсетува и на ⟨ŋ⟩ (заднонепчена носна согласка), кој има налево свртено опавче што продолжува од десната ногарка.

Особености[уреди]

Свиената носна согласка ги има следниве особености:

  • Начинот на творба е препречен, што значи дека се создава со попречување на воздушниот тек во говорниот апарат. Бидејќи согласката е исто така носна, попречениот тек се пренасочува низ носот.
  • Местото на творба е свиено, што прототипно значи дека се создава со подјазично - со врвот на јазикот свиткан нагоре. Поопшто земено, гласот е задновенечен без да претрпи палатализација. Ова значи дека покра прототипната подјазична творба, јазичниот допир може да биде и врвен или рамен.
  • Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
  • Ова е носна согласка, што значи дека воздухот излегува низ носот, или само низ носот (носна избувна согласка) или истовремено и низ устата.
  • Бидејќи гласот не се создава со воздушен тек по јазикот, за оваа согласка не важи двојбата „среднастранична“.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.

Јазици[уреди]

Јазик Збор МФА Значење Белешки
виетнамски [1] bạn trả [ɓaɳ˧ˀ˨ʔ ʈa˧˩˧] 'плаќаш' Алофон на /n/ пред /ʈ/.
енинтиљаква yingarna [ jiŋaɳa] 'змија'
канада ಅಣೆ [ʌɳe] 'брана'
малајалам[2] അണ [aɳa] 'челуст'
марати बा [baːɳ] 'стрела'
норвешки garn [ɡɑːɳ ]  'преѓа'
орија ବଣି [bɔɳi] 'стар'
паштунски اتڼ Atə [IPA transcription?] 'атан'
пенџапски ਪੁਰਾਣਾ / پُراڻا [pʊraːɳaː] 'стар'
тамилски[3] அணல் [aɳal] 'врат'
телугу ఒణ్ఢు [oɳɖu] 'готвач'
хинди गणेश [ɡəɳeʃ ] 'Ганеша'
шведски[4] garn [ɡɑːɳ ]  'преѓа'

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Библиографија[уреди]

  • Eliasson, Stig (1986), „Sandhi in Peninsular Scandinavian“, Anderson, Henning, „Sandhi Phenomena in the Languages of Europe“, Berlin: de Gruyter, стр. 271–300 
  • Keane, Elinor (2004), „Tamil“, „Journal of the International Phonetic Association“ 34 (1): 111–116, doi:10.1017/S0025100304001549 
  • Ladefoged, Peter (2005), „Vowels and Consonants“ (II издание), Blackwell 
  • Thompson, Laurence (1959), „Saigon phonemics“, „Language“ 35 (3): 454–476, doi:10.2307/411232 


Табела на белодробни согласки по МФАLoudspeaker.svg аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ kʟ̝̊
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.