| Безвучна забна струјна согласка |
| θ |
|
|
| МФА-бр. |
130 |
| Шифрирање |
| Единица (дек.) |
θ |
| Уникод (хекс.) |
U+03B8 |
| X-SAMPA |
T |
| Киршенбаум |
T |
|
Безвучната нешушкава забна струјна согласка ('безвучен забен фрикатив) е вид на согласка што се среќава во некои јазици. Во латиницата, гласот е познат како англискио или албанскио th. Иако, во светски рамки, гласот е редок како фонема, истиот се среќава во некои од најраспостранетите и највлијателни јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи согласката со симболот ⟨θ⟩, а во X-SAMPA истата е означена со T.
Забните струјни согласки честопати се нарекуваат „меѓузабни“ бидејќи се изговараат со јазикот меѓу горните и долните заби, а не со јазикот врз задната страна на горните заби, како кај забните согласки.
Од вкупно 60 јазици во светот со повеќе од 10 милиони говорници, само англискиот, литературниот арапски, кастилјскиот шпански (т.е. само во Шпанија), бурманскиот и грчкиот ја имаат оваа согласка.
Низ историјата, со текот на времето гласот се изгубил во некои јазици како највеќето германски јазици и говори, задржувајќи се само во англискиот и исландскиот.
Особености [уреди]
Безвучната забна струјна согласка ги има следниве особености:
- Начинот на творба е струен, што значи дека се добива со стеснување на воздушниот тек низ тесен провод во местото на творба, предизвикувајќи бурно струење. Ја нема забразденоста на јазикот, насоченоста на воздушниот тек и високите фреквенции на шушкава согласка.
- Местото на творба е забно, што значи дека се создава со јазикот во допир со горните или долните заби или обете. (Највеќето избувни и течни согласки што се опишуваат како забни се всушност забно-венечни.)
- Фонацијата е безвучна, што значи дека се создава без треперење на гласните жици. Во некои јазици, гласните жици активно се одвојуваат, така што согласката е секогаш безвучна. Во други пак, жиците се лабави, па така согласката може да ја поприми звучноста на соседните гласови.
- Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
- Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
- Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Безвучна венечна нешушкава струјна согласка [уреди]
| Voiceless alveolar non-sibilant fricative |
| θ̠ |
| ɹ̝̊ |
|
Безвучната венечна нешушкава струјна согласка (безвучен алвеоларен несибилантен фрикатив) е согласка што се јавува во извесни јазици. МФА нема посебни симболи за венечните согласки (се користи еден ист за сите преднојазични места на творба што не се меки). Гласот обично се претставува со <θ̠>, <θ͇> (вовлечено или венечно θ), или пак со <ɹ̝̊> (стиснато безвучно ɹ).
Особености [уреди]
- Начинот на творба е струен, што значи дека се добива со стеснување на воздушниот тек низ тесен провод во местото на творба, предизвикувајќи бурно струење. Ја нема забразденоста на јазикот, насоченоста на воздушниот тек и високите фреквенции на шушкава согласка.
- Местото на творба е венечно, што значи дека се создава при допир на врвот или рамниот дел на јазикот и забниот венец, па затоа може да биде „врвнојазична“ или „рамнојазична“.
- Фонацијата е безвучна, што значи дека се создава без треперење на гласните жици. Во некои јазици, гласните жици активно се одвојуваат, така што согласката е секогаш безвучна. Во други пак, жиците се лабави, па така согласката може да ја поприми звучноста на соседните гласови.
- Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
- Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
- Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Поврзано [уреди]
Библиографија [уреди]
- Hickey, Raymond (1984), „Coronal Segments in Irish English“, „Journal of Linguistics“ 20 (2): 233–250, doi:10.1017/S0022226700013876
- Marotta, Giovanna; Barth, Marlen (2005), „Acoustic and sociolingustic aspects of lenition in Liverpool English“, „Studi Linguistici e Filologici Online“ 3 (2): 377–413, http://www.humnet.unipi.it/slifo/2005vol2/Marotta-Barth3.2.pdf
- Martínez-Celdrán, Eugenio; Fernández-Planas, Ana Ma.; Carrera-Sabaté, Josefina (2003), „Castilian Spanish“, „Journal of the International Phonetic Association“ 33 (2): 255–259, doi:10.1017/S0025100303001373
- Thelwall, Robin (1990), „Illustrations of the IPA: Arabic“, „Journal of the International Phonetic Association“ 20 (2): 37–41, doi:10.1017/S0025100300004266
- Wells, John C (1982), „Accents of English“, second, Cambridge: Cambridge University Press, ISBN 0-521-24224-X
Надворешни врски [уреди]
| Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош] |
| Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка. |
| Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби. |
| * Симболот го нема во МФА. |