Закон за голем Хамбург

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Историја на Хамбург
Грб на Хамбург
Дел од серијалот
Хамбуршка култура
 
Португалска еврејска заедница
 
Поштенска историја
 
Опсада на Хамбург (1813)
Закон за голем Хамбург (1937)
Концентрационен камп Нојенгаме
(1938–45)
Бомбардирање на Хамбург
(1939–45)
Поплава на Северното Море во 1962
 
Поврзано:
Историја на Германија

   п • р • у 

Законот за голем Хамбург (германски: Groß-Hamburg-Gesetz) бил донесен од владата на Нацистичка Германија на 26 јануари 1937 и предвидел размена на територии помеѓу Хамбург и Слободната држава Прусија. Стапил во сила на 1 април 1937.1 Неговиот полн назив на германски бил Gesetz über Groß-Hamburg und andere Gebietsbereinigungen („Закон за голем Хамбург и други територијални промени“).

Содржина

[уреди] Поголем Хамбург

Хамбург ги изгубил поголемиот дел од неговите енклави, меѓу нив Гестахт и Куксхафен. За возврат, Хамбург бил проширен со поранешните пруски градови, како што се Алтона, Вандсбек и Харбург-Вилхелмсбург, како и голем број на села. Ова претставува формално спојување на она што претходно се однесувало на „Регион Четири града“.

Симоболично, но важна промена било „преименувањето“ на Хамбург. Требало да се вика „Hansestadt Hamburg“ („Ханзеатски град Хамбург“) наместо „Freie und Hansestadt Hamburg“ („Слободен и ханзеатски град Хамбург“). Повикувањето на слободен во постарото име потекнува од Светото римско царство, кое вклучувало голем број на повеќе или помалку независни слободни царски градови, меѓу нив и Хамбург.

[уреди] Прусија

Покрај прописите за Хамбург, законот пропишал Слободниот град Либек да се спои со Прусија. Некои помали села биле приклучени кон државата Мекленбург. Либек бил независен член на федерацијата на држави на Рајхот во периодот на 1933-1934. Адолф Хитлер дал отпор за Либек, откако градскиот совет му ја забранил кампањата таму во 1932[1], иако исто така требало да биде компензирана Прусија за загубите на Хамбург. Покрај Либек, кој бил припоен кон пруската Провинција Шлезвиг-Холштајн, Хамбург се откажал од своите имоти Гестахт, кој бил припоен кон Шлезвиг-Холштајн и Рицебител (кој се приклучил кон Куксхафен), кој пак бил споен со Провинција Хановер. Од поседите кои Прусија му ги отстапила на Хамбург, Алтона и Вандсбек припаѓале на Шлезвиг-Холштајн, додека Харбург-Вилхелмсбург бил дел од Хановер.

Како цела Нацистичка Германија бил поделен во Гау, водачите на Гау на регионите на соседните Либек, Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург почнале да се борат за контрола на градот. Неговите припојување со Прусија претставува победа на водачот на Шлезвиг-Холштајн.

[уреди] Литература

  • Dr. William Boehart: Das Groß-Hamburg-Gesetz - Ein Rückblick 70 Jahre danach. In Lichtwark-Heft Nr. 71, November 2006. Verlag HB-Werbung, Bergedorf. ISSN 1862-3549

.

[уреди] Поврзано

[уреди] Наводи

  1. „Либек: Градот кој му кажа НЕ на Либек“, Сајмон Хефер, www.telegraph.co.uk, Retrieved 2010-06-28.

[уреди] Забелешки

  1. Со исклучок на членот 2 (обединување на Хамбург во една општина (Gemeinde)), кој според членот 15 требало да влезе во сила различно од датумот одреден од министерот за внатрешни работи, но не подоцна од 1 април 1938 и со исклучок на членот 10, кој стапил во сила веднаш.
  2. Германска страница за историјата на Либек

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици