Вандсбек
| Вандсбек | |
| Округ во Хамбург | |
|
Stormarnhaus во Вандсбек Локално канцеларија на округот |
|
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Хамбург |
| Град | Хамбург |
| Округ единици | 18 квартови |
| Основни податоци | |
| Површина | 148 км2 |
| Население | 409.771 (1 јануари 2006) |
| - Густина | 2.769 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | HH |
| Повик. бр. | 040 |
| Окрузи во Хамбург | |
| Координати | |
Вандсбек е втор најголем од сите седум окрузи, кои го сочинуваат градот Хамбург, Германија. Името на округот доаѓа од реката Вандзе, која поминува тука. Квартот Вандсбек, кој е поранешен слободен град, е урбан и заедно со квартовите Ајлбек и Маринтал е дел од градското економско и културно јадро.
Содржина |
Историја[уреди]
Во текот на Втората светска војна од 2 мај 1944 до 3 мај 1945 се наоѓал подкамп на нацистичкиот концентрационен камп Нојенгаме во Вандсбек, запишан како бр. 565 Хамбург-Вандсбек во службениот германски список.[1]
На 1 јануари 2007, Ortsämter (месни заедници) биле распуштени и организацијата на сите окрузи во Хамбург била реорганизирана. Во округот Вандсбек, во поранешната месна заедница припаѓале квартовите Ајлбек, Јенфелд, Маринтал, Тондорф, Вандсбек и Ралштет. Квартовите Хумелсбител, Попенбител, Зезел и Велингсбител припаѓале на Алстертал. Месната заедница Брамфелд се состоела од Брамфелд и Штајлсхоп. Во Ралштет бил квартот Ралштет. И месната заедница Валдерфер биле Бергштет, Дуфенштет, Фармзен-Берне, Лемзал-Мелингштет, Фолксдорф и Волдорф-Олштет.[2]
Географија[уреди]
Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, округот Вандсбек имал вкупна површина од 147,5 км². На север и на на исток се граничи со покраината Шлезвиг-Холштајн, на југ е округот Хамбург-Мите и на запад главно е Хамбург-Норд. Само три квартови од квартовите: Ајлбек, Вандсбек и Маринтал во срцето на округот се урбани. Најсеверните делови на Волдорф-Олштет, Фолксдорф, Дуфенштет се сè уште прилично рурални, каде што може да се најдат понови објекти и фарми.
Административни единици[уреди]
Како сите окрузи во Хамбург, Вандсбек е поделен на неколку квартови. Тие се:
Демографија[уреди]
Во 2006, во округот Вандсбек живееле 409.771 жител. Густината на населеност била 2.777 жители на км². 16,5% биле деца под 18 години и 22% имале 65 или повеќе години. 10,1% биле странци. 18.452 лица биле регистрирани како невработени.[3] Во 1999, имало 200.560 домаќинства од кои 21,2% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 41,6% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинството била 2,02.[4]
Во 2006 се случиле 37.957 кривични дела во округот (93 дела на 1.000 жители).[5]
Политика[уреди]
Вандсбек е еден од окрузите на Хамбург.
- Поврзано: Окрузи и квартови во Хамбург#Окрузи
Окружно собрание[уреди]
Симултано со изборите за покраинскиот парламент (Hamburgische Bürgerschaft), Bezirksversammlung е избран како претставник на граѓаните. Се состои од 57 претставници.
Избори[уреди]
Изборите биле одржани во Хамбург на 24 февруари 2008. Петте партии, кои имале повеќе од 5 проценти во неодамнешните избори (минимум за квалификување) се конзервативната CDU, социјалдемократската SPD, еколошката Зелена партија (GAL), левата Die Linke и либералната FDP. Излезноста на гласачите била 63,6%.[6]
| Партија | Процент | Места |
|---|---|---|
| CDU | 43,5 | 25 |
| SPD | 30,8 | 18 |
| GAL | 11,5 | 7 |
| Die Linke | 6,0 | 3 |
| FDP | 6,2 | 4 |
Инфраструктура[уреди]
Постојат 61 основно училишта и 46 средни училишта во округот Вандсбек и 695 доктори во приватни ординации и 91 аптека.[7]
Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во округот Вандсбек биле регистрирани 171.334 приватни возила (421 возило на 1000 луѓе).[7]
Точки на интерес[уреди]
- Ботаничка градина Вандсбек, општинска ботаничка градина
Поврзано[уреди]
Наводи[уреди]
- ↑ Службен германски список на концентрациони кампови Verzeichnis der Konzentrationslager und ihrer Außenkommandos gemäß § 42 Abs. 2 BEG (германски)
- ↑ Verwaltungsreform (административна реформа)
- ↑ Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
- ↑ Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Конечни избори резултати, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2008)
- ↑ 7,0 7,1 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Надворешни врски[уреди]
| „Вандсбек“ на Ризницата |
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)
|
|||||||||||||||||
| „Вандсбек“ на Ризницата |

