Ротербаум

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ротербаум
Кварт во Хамбург
Улицата Grindelallee (поглед северозапад)
Улицата Grindelallee (поглед северозапад)
Ротербаум се наоѓа во Германија
Ротербаум
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Ајмсбител
Основни податоци
Површина 3 км2
Население 16.853  (31 декември 2006)
 - Густина 5.618 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на Ротербаум во градот Хамбург
Карта
Координати 53°34′05″ СГШ 9°59′18″ ИГД / 

Ротербаум (германски: Rotherbaum) е кварт на Ајмсбител, округ во Хамбург, Германија.

На германски, „roter Baum“ означува црвено дрво. „th“, кое главно било укинато со јазичната реформа од 1900, се задржало во одредени имиња. Во зависност од граматичкиот контекст, може да се изговара и со n како Rothenbaum.

Историја[уреди]

Куриохаус

Од 1800, влијателните и богати граѓани на Хамбург граделе палати на бреговите на езерото Аусеналстер, да се преселат од градот во подобра средина. Пример е зградата на улицата Alsterufer бр.27, изградена од Мартин Халер—архитектот на Градски дом на Хамбург—зградата подоцна била во сопственост Антон Ридеман, основачот на Германско-американското нафтено претпријатие (Deutsch-Amerikanischen Petroleum-Gesellschaft) — подоцна Esso. До 2009, генералниот конзулат на САД ја користел зградата.[1]

Од 1946 до 1948, судењата за воените злосторства биле одржани од британскиот вооружени сили во Куриохаус,[2] канцелариска зграда, која е именувана по Јохан Карл Даниел Курио. Лоцирана во Ротербаум на Rothenbaumchaussee 15, го преживеала бомбардирањето на Хамбург. Меѓудругите, предмет на процесот во Куриохаус биле Фриц Кнехлајн за Le Paradis massacre, СС-физичарот Алфред Трзебински од концентрациониот камп Нојенгаме, познатиот хамбуршки фудбалер Ото Хардер (осуден на 15 години затвор)[3] и компанија Tesch & Stabenow, која продавала циклон Б.[4]

Географија[уреди]

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, Ротербаум имал вкупна површина од 2,9 км². На север е квартот Харфештехуде. Јужната граница, Ротербаум ја дели со квартовите Нојштат, Занкт Паули и Штерншанце е долж железничката пруга на градските возови. На запад е квартот Ајмсбител. На исток, езерото Аусеналстер е граница со квартот Занкт Георг.

Демографија[уреди]

Во 2006, 16.853 жители живееле во Ротербаум. Густината на населеност била 5.842 жители на км². 11,3% биле деца под 18 години, а 13,7% имале 65 или повеќе години. 22,6% биле имигранти. 503 лица биле регистрирани како невработени.[5]

Во 1999, имало 11.615 домаќинства, од кои 11,1% имале деца под 18 години кои живееле со нив и 63,3% од сите домаќинства биле составени од индивидуалци. Просечната големина на домаќинството била 1,57.[6]

Во 2006 се случиле 3.299 кривични дела (192 дела на 1.000 луѓе).[7]

Образование[уреди]

Кампусите на Хамбуршкиот универзитет и Универзитетот за музика и драма во Хамбург се наоѓаат во Ротербаум. Во 2006, имало едно основно училишта, Grundschule Turmweg и едно средно училиште, the Sophie-Barat-Schule.[8][9][10] Talmud Tora Schule, кое било основан во 1805 и затворено во 1942, повторно отворено во 2002, исто така се наоѓа во Ротербаум.[11] Гимназијата Вилхелм се наоѓала во Ротербаум од 1885 до 1945.[12]

Спорт[уреди]

Централниот терен Am Rothenbaum

Главниот тениски терен на (поранешното Отворено првенство на Германија) турнирот Хамбург Мастерс се наоѓа на стадионот Am Rothenbaum.[13]

Хокејскиот клуб, Club an der Alster, има објекти во Ротербаум.[14]

Шпортплац на Ротенбаум, кој бил отворен во 1910, бил стадион користен од страна на Hamburger SV и подоцна од нивниот аматерски тим и за промоција на финалните средби на крајот на секоја сезона, додека стадионот не бил урнат во 1994.[15]

Инфраструктура[уреди]

Директно на вештачкото езеро Аусеналстер е генералниот конзулат на Соединетите Американски Држави.

Здравствен систем[уреди]

Во Ротербаум постојат 16 градинки, 142 лекари во приватни ординации и 9 аптеки.[8]

Сообраќај[уреди]

Ротербаум е опслужуван од железничкиот систем на градските возови преку станиците Хамбург-Дамтор, која се наоѓа во истоименото место. Исто така, на оваа станица има и опции за возови со далечни дестинации. Hamburg U-Bahn е опслужуван преку станицата Халерштрасе.

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Ротербаум биле регистрирани 5.446 приватни возила (324 возила на 1.000 луѓе).[8] Имало вкупно 201 сообраќајна несреќа, вклучувајќи 173 сообраќајни несреќи со жртви.[16]

Наводи[уреди]

  1. „Alstervillen“ (на германски). ADAC. http://www.wissen.de/wde/generator/wissen/ressorts/reisen/reisefuehrer/hamburg/index,page=1642286.html. конс. 23 октомври 2009. 
  2. Curiohaus / Културен споменик (Хамбург) - Tourism-guide.org
  3. Staff (26 јуни 2002). „"Tull" Harder - Vom Idol zum Kriegsverbrecher“. abendblatt.de. http://www.abendblatt.de/daten/2002/06/26/40188.html. конс. 21 август 2008  (германски)
  4. KZ-Gedenkstätte Neuengamme (Hrsg): Die frühen Nachkriegsprozesse. Bremen 1997 (Beiträge zur Geschichte der nationalsozialistischen Verfolgung in Norddeutschland. Heft 3) ISBN 3-86108-322-1 (германски)
  5. Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  6. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  7. Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  8. 8,0 8,1 8,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  9. Meukow, Sally (5 октомври 2009). „Rotherbaum: Die Wetterfrösche der Klasse 3b - Die Drittklässler an der Grundschule Turmweg zeichnen Hamburgs Wetter auf - in Bildern und Worten.“. Hamburger Abendblatt. http://www.abendblatt.de/hamburg/schule/article1213563/Rotherbaum-Die-Wetterfroesche-der-Klasse-3b.html. конс. 12 јануари 2011. 
  10. „Sophie-Barat-Schule“. „Branchenbuch Hamburg“. Axel Springer. http://www.hamburg.de/branchenbuch/hamburg/eintrag/10287557/. конс. 12 јануари 2011. 
  11. Stapelfeldt, Dorothee. „Rotherbaum“. „Wahlkreis“. SPD. http://www.dorothee-stapelfeldt.de/wahlkreis/rotherbaum/. конс. 12 јануари 2011. 
  12. Мозел, Вилхелм. „18. No. 40 Moorweidenstraße.“. „Згради на Евреи во Хамбург - Ајмсбител“. Хамбуршки универзитет. http://www1.uni-hamburg.de/rz3a035//moorweidenstrasse.html. конс. 12 јануари 2011. 
  13. Тениски центар Ротенбаум
  14. Harms, Carsten (13 јануари 2010). „Club an der Alster feiert heute seinen 90. Geburtstag“. „Welt Online“. Axel Springer. http://www.welt.de/die-welt/sport/article5828778/Club-an-der-Alster-feiert-heute-seinen-90-Geburtstag.html. конс. 12 јануари 2011. 
  15. „Hamburger SV“. Водиш во Германија. http://www.abseits-soccer.com/clubs/hsv.html. конс. 12 јануари 2011. 
  16. Статистика за сообраќајни несреќи, Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Надворешни врски[уреди]