Велингсбител
| Велингсбител | |
| Кварт во Хамбург | |
| Поранешното училиште (1888–1974) во Велингсбител, сега здравствен и советодавен центар и гранка на јавните библиотеки. | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Хамбург |
| Град | Хамбург |
| Реон | Вандсбек |
| Основни податоци | |
| Население | 9.874 (31 декември 2006) |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | HH |
| Повик. бр. | 040 |
| Местоположба на Велингсбител во градот Хамбург | |
| Координати | |
Велингсбител е кварт во округот Вандсбек во градот Хамбург во северна Германија, порано бил независна населба.
Содржина |
Историја [уреди]
Првите доказа за Велингсбител се од 1296.[1] Велингсбител станал дел од Хамбург во 1937/38 со Законот за голем Хамбург.
Географија [уреди]
Во 2007, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот имал вкупна површина од 4,1 км². Се наоѓа во долината на реката Алстер (Alstertal) во северен Хамбург. На север се квартовите Попенбител и Зазел (североисток), на исток е Брамфелд, а на југ е квартот Олсдорф на округот Хамбург-Норд.
Демографија [уреди]
Во 2007, квартот Велингсбител имал население од 9.874 луѓе. Густината на населеност била 2.419 луѓе на км². 15,7% биле деца под 18 години, а 27,5% имале 65 години или повеќе. 6,3% биле имигранти. 130 луѓе биле регистрирани како невработени.[2]
Во 1999, постоеле 4.724 домаќинства, од кои 17,9% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 38,7% од сите домаќинства биле составени од еден член. Просечната големина на домаќинството била 2,06.[3]
Во 2007, имало 577 кривични дела (59 дела на 1000 луѓе).[4]
Образование [уреди]
Постоеле 2 основни училишта во 2007.[5]
Култура [уреди]
Музеи [уреди]
Приватниот Alstertal Museum се наоѓа во дворецот Велингсбител Манор од 1957.
Инфраструктура [уреди]
Здравствен систем [уреди]
Во 2007, Велингсбител имал 5 дневни центри за деца и исто така 21 лекар во приватни ординации и 2 аптеки.[5]
Сообраќај [уреди]
Јавниот превоз е во Велингсбител е обезбеден со железничкиот систем на градските возови преку железничката станица Велингсбител и неколку автобуски линии. Ова е обезбедено преку Hamburger Verkehrsverbund.
Според секторо за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 4.788 приватни возила (486 возила/1000 луѓе) во 2007.[5] Се случиле 47 сообраќајни несреќи, вклучувајќи и 36 со жртви.[6]
Наводи [уреди]
- ↑
- пренасочување Шаблон:Наведена книга
- ↑ Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)
- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
- ↑ Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)
- ↑ Статистика за сообрајот, Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Wellingsbüttel“ |
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)
|
|||||||||||||||||

