Отензен

Координати: 53°33′14″N 9°55′4″E / 53.55389° СГШ; 9.91778° ИГД / 53.55389; 9.91778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Отензен

Ottensen

Кварт во Хамбург
Ottenser Hauptstraße (пешачка зона)
Ottenser Hauptstraße (пешачка зона)
Ottenser Hauptstraße (пешачка зона)
Отензен во рамките на Германија
Отензен
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Алтона (Хамбург)
Основни податоци
Површина 3 км2
Население 32.757  (31 декември 2006)
 - Густина 10.919 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на квартот Отензен во Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°33′14″N 9°55′4″E / 53.55389° СГШ; 9.91778° ИГД / 53.55389; 9.91778

Отензен (старо име: Ottenhusen) се наоѓа во Хамбург, Германија во округот Алтона на десниот брег на реката Елба, е поранешен град. Тој сега е еден од 105-те квартови на Хамбург. Отензен е урбана населба.

Историја[уреди | уреди извор]

Деца пред компанијата за стакло Glasfabrik C. E. Gätcke во Отензен, до Алтона/Елба, Германија

Првите докази за Отензен потекнуваат од 1310. Во 1390, станал седиште на претставникот на округот Пинеберг. Населбата, скоро целосно била населена од фармери и занаетчии. Во текот на 1640-тите, била припоена кон соседната Алтона. Бил припоен кон Прусија во 1867 и населението се зголемило значително: од 2.441 во 1840 на 37.738 во 1900.

Подоцна била припоен кон градот Алтона, кој пак поради Законот за голем Хамбург бил припоен кон Хамбург во 1937.

Географија[уреди | уреди извор]

Според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот имал вкупна површина од 2,9 км2. На југ се граничи со квартот Валтерсхоф преку реката Елба. Железничките пруги ја создаваат северата граница со Баренфелд и источната граница е со квартот Алтона-Алтштат. На запад е квартот Отмаршен.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 2006, во квартот Отензен живееле 32.757 луѓе. Густината на население била 11.445 жители на км2. 14,3% биле деца под 18 години, а 12,7% имале 65 или повеќе години. 16,2% биле странци. 1.863 луѓе биле регистрирани како невработени.[1] Во 1999, постоеле 18.959 домаќинства, од кои 16,6% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 55,9% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинството била 1,72.[2]

Во 2006 се случиле 3.558 кривични дела (109 дела на 1.000 луѓе).[3]

Образование[уреди | уреди извор]

Постојат 4 основни и 2 средни училишта во Отензен.[4]

Култура[уреди | уреди извор]

Музеи, галерии[уреди | уреди извор]

Altonaer Museum Norddeutsches Landesmuseum (Северногерманскиот покраински музеј Алтона) е музеј посветен, меѓудругото на историјата и културата на крајбрежната област на Северна Германија. Основан во 1863 на денешната улица Museumsstrasse, близу железничката станица Хамбург-Алтона. Музејот има 4 дела, самиот Altonaer Museum, Jenisch Haus за уметноста и културата во квартот Отмаршен, Rieck Haus во квартот Курслак и Heine Haus на улицата Elbchaussee 23.[5]

Уметност[уреди | уреди извор]

Altonaer Theater се наоѓа во улицата Museumsstrasse 17. Бил основан во 1876 како Altonaer Stadttheater на улицата Königstrasse. Во 1943 бил унише, а новата локација порано била училиште. Во 1954 Altonaer Theater бил повторно отворен, со Ханс Фице како негов менаџер. Во 1994, театарот бил затворен поради финансиски проблеми. Во 1995, повторно бил отворен и функционира сè до денес.[6]

Помалата сцена Thalia an der Gaußstraße на хамбуршкиот Талија театар се наоѓа во квартот Отензен.

Рекреација[уреди | уреди извор]

Во Отензен постојат две помали зелени пворшини, Donnerspark и Rathenaupark.

Спорт[уреди | уреди извор]

Фудбалскиот клуб ФК Тојтонија Отензен е еден од неколкуте спортски здруженија, кои ги користат разните спортски објекти во Отензен.

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Здравствен систем[уреди | уреди извор]

Altonaer Kinderkrankenhaus е детска болница до 195 кревети, која се наоѓа Bleickenallee 36.[7] Asklepios Klinik Wandsbek има дневна клиника за психијатриски проблеми во Bülowstr. 8.[8]

Во Отензен имало 32 градинки и исто така 130 доктори за приватни ординации и 11 аптеки.[4]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Отензен е опслужен од железничкиот систем на градските возови.

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 9.894 приватни возила (305 возила на 1000 луѓе).[4] Се случиле вкупно 133 сообраќајни несреќи, вклучувајќи 105 несреќи со жртви.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  2. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  3. Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  4. 4,0 4,1 4,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  5. Страница на Altoner Museum Архивирано на 20 мај 2004 г. (германски) Посетено на 2008-05-10
  6. Страница на театарот (германски) Посетено на 2008-05-10
  7. Болници во Хамбург, страница 11
  8. Болници во Хамбург, страница 12
  9. Статистика за сообраќајни несреќи, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]