Занкт Георг (Хамбург)

Координати: 53°33′11″N 10°0′55″E / 53.55306° СГШ; 10.01528° ИГД / 53.55306; 10.01528
Од Википедија — слободната енциклопедија
Занкт Георг
Кварт во Хамбург
Улично кафуле во улицата Lange Reihe
Улично кафуле во улицата Lange Reihe
Улично кафуле во улицата Lange Reihe
Занкт Георг во рамките на Германија
Занкт Георг
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Хамбург-Мите
Основни податоци
Површина 2 км2
Население 10.551  (31 декември 2006)
 - Густина 5.276 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на Занкт Георг во градот Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°33′11″N 10°0′55″E / 53.55306° СГШ; 10.01528° ИГД / 53.55306; 10.01528

Занкт Георг е централен кварт во округот Хамбург-Мите во Хамбург, Германија.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1410, членовите 17 и 18 на договорот (Rezeß) помеѓу Сенатот и граѓаните биле се регулирал престојот во болницата Занкт Георг (S. Georg / Suente Juergens).[1] Оваа болница сè уште постои како Asklepios Klinik St. Georg.

Квартот Занкт Георг во 1855

Во 1868, квартот Занкт Георг службено станал дел од Хамбург, вклучувајќи ја и болницата за епидемијата на чумата.

Поради проблемите со дрогата, проституцијата и високата стапка на криминал, во 2007 Сенатот на Хамбург усвоил закон за забрана на оружјето во областа Hansaplatz од Занкт Георг. Единственото друго место во Хамбург е областа Reeperbahn, Занкт Паули.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Занкт Георг е на југоисток од вештачкото езеро Аусеналстер, кое е на граница на округот Ајмсбител. Според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, урбаниот кварт имал вкупна површина од 1,8 км².

Делови на квартот Занкт Георг се рангирани како добра адреса од бирото на градскиот развој и животната средина на Хамбург.[3] Централната локација Занкт Георг и многуте места за ноќен живот, уличните кафулиња и продавниците е изворот за гентрификација во овој кварт од 1980-тите. Градот Хамбург и округот Хамбург-Мите имаа специјални програми да го променат овој кварт.

Поради многуте пријателски настроени кафулиња и ноќни клубови кон хомосексуалците, Занкт Георг се смета за главното место на хомосексуалците во Хамбург. Во улицата Lange Reihe е почетното место на хамбуршката годишна парада Christopher Street Day.[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 2006, во квартот Занкт Георг живееле 10.551 лице. 9,2% биле деца под 18 години, а 13,2% имале 65 или повеќе години. 31,4% биле имигранти. 629 луѓе биле регистрирани како невработени.[5] Во 1999, постоело 6.882 домаќинства и 67,8% од сите домаќинства биле сочинети од индивидуалци.[6]

Религија[уреди | уреди извор]

Domkirche St. Marien е римокатоличката катедрала во Занкт Георг. Сегашната зграда потекнува од 1890-тите.

Образование[уреди | уреди извор]

Главниот кампус на универзитетот за применети науки Хамбург е на улицата Berliner Tor.

Постојат 3 основни и 6 средни училишта во Занкт Георг.[7]

Култура[уреди | уреди извор]

Германскиот театар

Германски театар (Deutsches Schauspielhaus), основан во 1901, се наоѓа во квартот Занкт Георг. Меѓу другото Sportverein St. Georg von 1895 е спортски клуб во овој кварт, кој ги користи објектите во квартот.

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Почесниот генерален конзулат на Кралството Тајланд основан во Хамбург во 1881 се наоѓа во улицата An der Alster 45 и ги опфаќа покраините Бремен, Хамбург и Шлезвиг-Холштајн.[8]

Здравствен систем[уреди | уреди извор]

Asklepios Klinik St. Georg е општа болница со 758 кревети и 67 дневни места (н.п. за пациенти со СИДА). Болницата има 10 департмани, вклучувајќи интерна медицина, хирургија (вклучувајќи урологија), неврологија, неврохирургија, анестезиологија и интензивна нега и итна помош. Болницата е специјализирана меѓу другото за кардиохирургија и онкологија. Исто така, обезбедува и пружа услуги во итната помош. Болницата се наоѓа во Lohmühlenstrasse.[9]

Од 2008, во болницата се наоѓа медицинското училиште Asklepios, приватно медицинско училиште водено од Asklepios Kliniken Hamburg и добро познатиот унгарски универзитетот Семелвајс.

Во 2006, имало 67 лекари во приватни ординации и 9 аптеки.[7]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Занкт Георг е опслужуван од железничкиот систем на градските возови и подземната железница преку станиците Ломиленштрасе и Берлинер Тор. Јавниот превоз, исто така, е обезбедуван и од автобуси.

Главната железничка станица во Хамбург се наоѓа во Занкт Георг, исто така и централната автобуска станица, за далечни одредишта кон многу градови во Европа.

Според секторо за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во Занкт Георг биле регистрирани 2.134 приватни возила (205 возила на 1.000 жители).[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rezeß zwischen Rat und Bürgerschaft Artikel 17-18 betr. die Versorgung der Siechen und Pfründer im Hospital S. Georg. (D. Boedecker, side 25-28)
  2. Забрана на оружјето во Хамбург (германски)
  3. Behörde für Stadtentwicklung und Umwelt, Amt für Wohnen, Wohnlagenverzeichnis, November 2007
  4. CSD Hamburg Архивирано на 4 октомври 2011 г. (германски) Посетено на July 31, 2008
  5. Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичкот биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  6. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  7. 7,0 7,1 7,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  8. Список на конзулатни претставништа, трговски мисии, културни и меѓународни институции во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Сенат на Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Канцеларство на Сенатот (април 2008)
  9. Болници во Хамбург, стр. 6

Надворешни врски[уреди | уреди извор]