Алстердорф
| Алстердорф | |
| Кварт од Хамбург | |
| Поглед на каналот Брабанд | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Хамбург |
| Град | Хамбург |
| Реон | Хамбург-Норд |
| Основни податоци | |
| Површина | 3 km2 (1.2 sq mi) |
| Население | 12.955 (31 декември 2006) |
| - Густина | 4.318 /km2 (11.184 /sq mi) |
| Други информации | |
| Часовна зона | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | HH |
| Повик. бр. | 040 |
| Местоположба на Алстердорф во Хамбург | |
Алстердорф е кварт во округот Хамбург-Норд на Хамбург, Германија. Името води потекло од реката Алстер, која подоцна била заградена во две езера Аусеналстер и Биненалстер во центарот на Хамбург.
Содржина |
[уреди] Историја
Околу 1803, населбата станала имот на Хамбург.
[уреди] Географија
Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Алстердорф имал вкупна површина од 3,1 км². Реката Алстер рече од североисток кон југозапад е границата со квартот Грос Борстел на запад. На југ Алстердорф се граничи со квартот Винтерхуде. На исток е квартот Олсдорф.
Делови од големите гробишта Олсдорф (Ohlsdorfer Friedhof (германски)) припаѓаат на квартот Алстердорф.
[уреди] Демографија
Во 2006, во квартот Алстердорф живееле 12.955 луѓе. Густината на населението била 4.232 жители на км². 14,2% биле деца под 18 години, а 20,2% имале 65 или повеќе години. 11,6% биле странски жители. 467 лица биле регистрирани како невработени.[1]
Во 1999, имало 6.508 домаќинства од кои 15,3% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 54,4% од сите домаќинства биле сочинети од еден член. Просечната големина на домаќинството била 1,77.[2]
Население по години [1]
| 1987 | 1988 | 1989 | 1990 | 1991 | 1992 | 1993 | 1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 |
| 12.455 | 12.487 | 12.551 | 12.563 | 12.520 | 12.449 | 12.622 | 12.577 | 12.476 | 12.209 | 12.027 | 11.847 | 11.827 |
| 2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 |
| 12.180 | 12.379 | 12.480 | 12.723 | 12.825 | 12.872 | 12.955 |
Во 2006, имало 1.283 кривични дела (99 дела на 1.000 луѓе).[3]
Има едно 1 основно и 2 средни училишта во квартот Алстердорф и 30 лекари во приватни ординации и 5 аптеки.[4]
[уреди] Спорт
До отворањето на O2 World (Хамбург) во 2002, Алстердорфер Шпортхале била најголемата затворена спортска сала во Хамбург, служејќи и како место за концерти, саеми и други манифестации.
[уреди] Сообраќај
Алстердорф е поврзан со железничкиот систем на подземната железница. Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 4.847 приватни возила (377 возила/1000 луѓе).[4]
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 Биро за регистрација на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
- ↑ Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ 4,0 4,1 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
[уреди] Надворешни врски
Податотеки поврзани со Alsterdorf на Заедничката ризница
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)
|
|||||||||||||||||