Хамбуршки дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Хамбуршки е група на севернодолногермански јазична варијанта што се говори во Хамбург, Германија. Повремено, терминот Hamburgisch е користен за хамбуршкиот Missingsch, варијатет на стандардниот германски јазик со долногермански влијанија. Овие се урбани дијалекти, кои имаат прифатено бројни англиски и холандски позајмени зборчиња, на пример Törn ‘патување’ (< вртење) и suutje ‘благ’ (< холандски zoetjes).

Хамбург е изговаран [ˈhambɔrç] во овие дијалекти, со „ch“ слично на стандарниот германски збор Milch. Типични за хамбуршките дијалекти и другите дијалекти во Долна Рајна е изговарањето на eu (изговарана oi) за дифтонгот /œɪ/ (пишувано öö, öh or ö), на пр.

Во Хамбург Насекаде Англиски
keupen [ˈkʰɔɪpm] köpen [ˈkʰœɪpm] to buy
scheun [ʃɔɪn] schöön [ʃœɪn] beautiful

Меѓутоа, како и другите долносаксонските (долногерански) дијалекти, долгата буква /øː/ е изговаран [ø] (како на француски peu), на пример Kööm ~ Kœm [kʰøːm] ‘ким’.

Долносаксонскиот јазик во Хамбург е поделен на неколку дијалекти, на пр.

  • Финквардер Плат
  • Олвардер Плат
  • Верланер Плат (со многу поддијалекти)
  • Бармбекер Плат

Hamborger Veermaster е позната морска песна во регионалниот дијалект.

Литература[уреди]

  • Кристоф, Валтер; Лаш, Агата; Кун, Ханс; Прецел, Улрих; Шел, Кете; Мајер, Jürgen; Мен, Dieter (1985-2006), „Hamburgisches Wörterbuch“ (2 издание), Нојминстер: K. Wachholtz, OCLC 182559541  (германски) Шаблон:Nds

Надворешни врски[уреди]