Отмаршен

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Отмаршен

Отмаршен

Кварт во Хамбург
Хамбуршкото пристаниште и квартот Отмаршен (напред). Поглед од северозапад.
Хамбуршкото пристаниште и квартот Отмаршен (напред). Поглед од северозапад.
Отмаршен се наоѓа во Германија
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Алтона (Хамбург)
Основни податоци
Население 12.169  (31 декември 2006)
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на Отмаршен во Хамбург
Карта
Координати 53°33′10″ СГШ 9°53′40″ ИГД / 

Отмаршен (германски: Othmarschen) е кварт во округот Алтона на Хамбург во северна Германија.

Историја[уреди]

Првите спомнувања на Отмаршен се од 1317. Заедно со Алтона, Отмаршен станал дел од Хамбург во 1937/1938 поради Законот за голем Хамбург.

Географија[уреди]

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Отмаршен имал вкупна површина од 6 км². На запад е квартот Нинштетен. На југ реката Елба е граница со Валтерсхоф. На север се квартовите Грос Флотбек и Баренфелд, додека на исток се граничи со квартот Отензен.

Демографија[уреди]

Во 2006, квартот Отмаршен имал население од 12.169 луѓе. Густината на населеност била 2.023 жители на км². 16,7% биле деца под 18 години, а 22,9% имале 65 или повеќе години. 11,3% биле странци. 153 лица биле регистрирани како невработени.[1]

Во 1999, постоеле 5.672 домаќинства од кои 17,8% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 45,8% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинствата била 1,98.[2]

Во 2006, се случиле 1.178 кривични дела (97 дела на 1000 жители).[3]

Образование[уреди]

Приватото Меѓународно училиште Хамбург се наоѓа во Отмаршен.

Постојат 1 основно и 3 средни училишта во квартот Отмаршен.[4]

Култура[уреди]

Музеи, галерии[уреди]

Соседството Ефелгене

Ernst Barlach Haus е музеј за работата на експресионистичкиот вајар, печатар и писател Ернст Барлах. Се наоѓа во Jenisch Park.

Пристанишниот музеј во соседството Ефелгене е мало пристаниште со некои стари бродови.

Jenisch Haus била изградена од 1831-1834 од Франц Густаф Форсман во соработка со Карл Фридрих Шинкел во Jenisch Park како дом за одморање на Мартин Јохан Јениш, градоначалник на Хамбург. Денес е дел Altonaer Museum во Отензен. Главно содржи слики и други уметнички дела од првата половина на 19-от век.[5]

Рекреација[уреди]

Glazier erratic "Alter Schwede". Пронајден во реката Елба, сега на плажа во Отмаршен

Во Отмаршен е Jenisch park и Hindenburgpark и Schröders Elbpark, директно до плажата на реката Елба.

Инфраструктура[уреди]

Генералниот конзулат на Народна Република Кина основан во Хамбург во 1921 се наоѓа на улицата Elbchaussee 268.[6]

Здравствен систем[уреди]

Asklepios Klinik Altona е општа болница со 922 кревети, која се наоѓа Paul-Ehrlich-Strasse. Болницата има 13 оддели, вклучувајќи ги за интерна медицина, хирургија, гинекологија, урологија, неврологија, неврохирургија, офталмологија, анестезиологија и интензивна нега и итна хирургија.[7]

Во Отмаршен постојат 10 градинки за деца и исто така 27 лекари во приватни ордиации и 1 аптека.[4]

Сообраќај[уреди]

Јавниот сообраќај во Отмаршен е обезбеден преку железничкиот систем на градските возови со станиците Отмаршен и Баренфелд и неколку автобуски линии. Овие се координирани преку Hamburger Verkehrsverbund.

Излезот на Автопатот 7 и северниот влез на Елпскиот тунел се наоѓаат во Отмаршен.

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 5.475 приватни возила (464 возила на 1000 луѓе).[4] Се случиле вкупно 92 сообраќајни несреќи, вклучувајќи 76 со жртви.[8]

Наводи[уреди]

  1. Служба за пријавување невработени, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  2. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  3. Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  4. 4,0 4,1 4,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  5. Website Altoner Museum (германски) Retrieved on 2008-05-10
  6. Список на конзуларни претставништва, трговски мисии, културни институции и меѓународни институции во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Сенат на Хамбург, Канцеларство на Сенатот на Хамбург (април 2008)
  7. Болници во Хамбург, страница 7
  8. Статистика за сообраќајни несреќи, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Надворешни врски[уреди]