Хамбуршко пристаниште
| Пристаниште Хамбург Hamburger Hafen |
|
|---|---|
| Ландунгсбрикен („Jetties“), во квартот Занкт Паули | |
| Местоположба | |
| Држава | Германија |
| Локација | Хамбург |
| Детали | |
| Отворено | 7 мај 1189 од Фридрих I |
| Управувано од | Пристанишни власти Хамбург Hamburger Hafen und Logistik AG (HHLA) |
| Поседувано од | Пристанишни власти Хамбург |
| Вид на пристаниште | вештачко |
| Површина | 43,31 km2 (16.72 sq mi) |
| Големина | 73,99 km2 (28.57 sq mi) |
| Вработени | 10.000 (2004) |
| Статистика | |
| Пристигнати бродови | 12.217 |
| Годишна контејнерска големина | |
| Годишен приход | |
| Главни тргувања | основни фармацевтски материјали, кафе, зачини, теписи, хартија |
| Мрежно место | www.hafen-hamburg.de |
Пристаништето Хамбург (германски најчесто: Hamburger Hafen) е пристаниште во Хамбург, Германија, на реката Елба. Пристаништето се наоѓа 110 километри од устието на Елба во Северното Море.
Нарекувано е германска „порта кон светот“ и е најголемо пристаниште во Германија. Тоа е второ најпрометно пристаниште во Европа (по тоа во Ротердам), по поглед на капацитетот и 11-то најголемо во светот. 9,74 милиони контејнери биле тргувани во Хамбург во 2008.
Пристаништето покрива површина од 73,99 км² (64,80 км² корисна), од кои 43,31 км² (34,12 км²) се земјена површина. Местото е природна предност на разграноците на Елба, создавајќи идеално место за пристаништен комплекс со складови и бродски објекти. Продолженото слободно пристаниште исто така овозможува бесплатен превоз.
Содржина |
Историја [уреди]
Историјата на пристаништето е скоро стара колку и самата историја на Хамбург. Основано на 7 мај 1189 од Фридрих I поради неговата стратешка локација, било главно пристаниште на Централна Европа со векови и дозволувајќи му на Хамбург да се развие рано во водечки град на трговијата и на гордата буржоазија.
Во текот на Ханза од 13-от до 17-от век, Хамбург бил сметан за втор, веднаш зад пристаништето и градот Либек, во поглед на неговата позиција како централелн трговски јазол за поморската трговија.
Во текот на втората половина на 19-от век, Хамбург станал главно место за прекуокеанските патници и товарниот сообраќај во Централна Европа и од 1871, па натаму, бил главно пристаниште за трговија на Германија. Линијата Хамбург-Америка била во тоа време, најголема бродска компанија во светот. Слободното пристаниште, основано на 15 октомври 1888 дозволувало на трговците да ги пренесат и складираат добрата без да поминат низ царината, што дополнително ја зајакнала позицијата на Хамбург во поморската трговија со соседните држави. Молдаухафен имал сличен договор, ама единствено и исклучиво со Чешка.
Speicherstadt, една од архитектонските икони денес во Хамбург, е голема складишна зона од 350.000 м² на северниот брег на реката, изградена во 1880-тите, како дел од слободното пристаниште и справувањето со големите количини на складирани добра во пристаништето.
Бродоградилиштето Хамбург ги изгубило своите флоти двапати по Првата и Втората светска војна и по поделбата на Германија помеѓу 1945 и 1990, Пристаништето Хамбург ја изгубило поголемиот дел од својата непосредна околина и како последица на тоа многу од трговските врски. Меѓутоа, по германското реобединување, падот на Железната завеса и проширувањето на ЕУ, Хамбург постепено станува едно од најголемите логистички центри во Европа и едно од најпрометните и најголемите светски морски пристаништа.
Прославата на роденденот на пристаништето (Hafengeburstag) секоја година се одржува во првиот викенд на мај е еден од најголемите јавни настани во Хамбург. Посетителите доаѓаат од цела Германија и Европа да ја доживеат прославата.
Пристап [уреди]
Продлабочувањето на реката Елба за големи пловни објекти е контроверзно поради еколошки причини. Делумно се должи на соработката со Долна Саксонија и Бремен за изградба на ново контејнерско пристаниште (JadeWeserPort) во длабоките води на Jadebusen во Вилхелмсхафен, Хамбург се откажал од овој план по промената на владата во 2001.
Терминали [уреди]
| Пристаниште | Оператор | Вид | Сидришта | Должина на кејот | Кранови на кејот | Површина (Ha) | Капацитет (kTEU) |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| EUROGATE контејнер терминал Хамбург (CTH) | EUROGATE | контејнер | 6 | 2.050 м | 21 | 140 | 2.900 [1] |
| Контејнерски терминал Алтенвердер (CTA) | HHLA | контејнер | 4 | 1.400 м | 26 | 110 | > 3.000 [2] |
| Контејнерски терминал Бухардкај (CTB) | HHLA | контејнер | 8 | 2.850 м | 22 | 140 | 5.200 [3] |
| Контејнерски терминал Толерорт (CTT) | HHLA | контејнер | 4 | 1.000 м | 8 | 40 | 950 [4] |
| Терминал Buss Hansa | повеќенаменски | 840 м | 9 | 30 | |||
| Терминал Buss Ross | повеќенаменски | 230 м | 1 | ||||
| Штајнвег | товарно | 1.150 м | 4 | 250 | |||
| Терминал Buss Hansa | течен товар | 840 м | |||||
| Elbe Mineralölwerke | Royal Dutch Shell | течен товар | 8/брод | ||||
| Vopak Terminal Hamburg | Vopak | течен товар | 840 м | 9 | 720,000 cbm | 5.000 |
Крстарење [уреди]
Хамбург е главна дестинација за бродовите за крстарење, но исто така и главно место за бродоградбата.
Култура [уреди]
Пристаништето Хамбург е исто така една од најголемите атракции а Хамбург, како и станбен, индустриски и логистички центар, но исто така и како позадина на современата култура и пристанишната историја. Во него се наоѓаат различни бродови-музеи, музички театри, барови, ресторани и хотели - дури и пловечка брод-црква.[5]
Туристичките бродски прошетки во пристаништето се нарекувани he lüchts (долногермански за тој лаже), откако често пристанишните работници им довикуваат на туристите, откако ќе ги слушнат приказните на туристичките водичи.
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Хамбуршко пристаниште“ |
- Страница на пристаништето Хамбург
- Трговска комора Хамбург - Пристаниште Хамбург: Факти, бројки и изглед
- Страница на Хафен Сити
- Филхармониска сала Елба - моментално во изградба во Хафен Сити
- Уметност во Хафен Сити
- Слики и видеа од Хамбург
|
|||||||||||||||||