Алтенвердер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Алтенвердер
Кварт од Хамбург
Контејнерски терминал Алтенвердер во 2004
Контејнерски терминал Алтенвердер во 2004
Алтенвердер во рамките на Германија
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Хамбург-Харбург
Основни податоци
Површина 7 km2 (2.7 sq mi)
Население 2  (31 декември 2006)
 - Густина 0 /km2 (1 /sq mi)
Други информации
Часовна зона CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на Алтенвердер во Хамбург
Карта

53°30′0″N 9°55′0″E / 53.5°N 9.916667°E / 53.5; 9.916667

Алтенвердер е кварт во округот Харбург на Слободниот и ханзеатски град Хамбург во северна Германија. Во 1970-тите, градот Хамбург ги објавил формалните планови за купување на целокупниот имот за градба на контејнерскиот терминал Алтенвердер. Терминалот започнал со работа во 2003. Квартот Алтенвердер скоро и да не е населен. Во 2007, населението било 2.

Содржина

[уреди] Историја

Карта на Алтенвердер во 1878

Околу 1418, населбата била одново заградена со насипи, поради договорот помеѓу војводата на Брауншвајг-Линебург и Јохан Сламсдорп, надбискупот на Бремен.

[уреди] Географија

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Алтенвердер имал вкупна површина од 6,8 км². На север е квартот Валтерсхоф на округот Хамбург-Мите, на исток е квартот Вилхелмсбург. Алтенвердер се граници на југ со Морбург и на запад со Франкоп.

[уреди] Демографија

Во 2006, во квартот Алтенвердер живееле две лица.[1]

Во 1999, имало 18 домаќинства, од кои 11,1% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 83,3% од сите домаќинства биле сочинети од само еден член. Просечната големина на домаќинството било 1,44.[2]

Население по години [1]

1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999
76 74 67 90 105 421 410 319 324 130 52 37 23
2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006
1 12 0 0 0 0 2

Во 2006, имало 54 кривични дела.[3]

[уреди] Наводи

  1. 1,0 1,1 Служба за пријавување на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  2. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  3. Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици