Фулсбител

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фулсбител
Кварт во Хамбург
Терминал 2 на аеродромот Хамбург
Терминал 2 на аеродромот Хамбург
Фулсбител се наоѓа во Германија
Фулсбител
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Хамбург-Норд
Основни податоци
Површина 7 км2
Население 11.890  (1 јануари 2006)
 - Густина 1.699 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположбата на Фулсбител во градот Хамбург
Карта
Координати 53°38′06″ СГШ 10°00′58″ ИГД / 

Фулсбител е урбан кварт во северниот дел на Хамбург, Германија во округот Хамбург-Норд. Познат е како место на меѓународниот аеродром Хамбург и место на затворот, кој служел како концентрационен камп во нацистичкиот систем на репресија.

Историја[уреди]

Влез на споменикот за кампот Фулсбител

Во 1871, со декларација на германското царство, селото Фулсбител било дадено на покраината Хамбург.

Концентрационен камп Фулсбител[уреди]

На 4 март 1933, делови од затворот Фулсбител, првично изграден како регуларен затвор во 1879, станале подкамп на концентрациониот камп Нојенгаме[1] три месеци по станување на Хитлер како канцелар на Германија (20 јануари 1933). Најпрвин, бил под команда на СА. Повеќето од затвореници биле комунисти, социјалдемократи и други политички ривали на нацизмот, Евреи, Јеховини сведоци, Роми, хомосексуалци и други од кои режимот гледал закана. Во 1936, Гестапо започнал да го води кампот, тогаш наречен Polizeigefängnis Fuhlsbüttel (полициски затвор). Над 700 луѓе биле интернирани во кампот за време на кристалната ноќ во 1938. Концентрациониот камп Фулсбител бил именуван и како акронимот KolaFu (скратено од Kozentrationslager Fuhlsbüttel) и станал синоним за репресија и смрт преку тешка работа. Фулсбител често бил почетната точка за затворање на затворениците, кои биле праќани во други кампови, како што се Бухенвалд, Естервеген, Нојенгаме, Равенсбрик или Заксенхаузен. Кампот бил ослободен на 3 мај 1945, во кој дотогаш веќе биле убиени над 250 луѓе.

Денес, постои споменик за кампот во близина.

Географија[уреди]

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Фулсбител имал вкупна површина од 6,6 км².

Клима[уреди]

Климатска табела за Фулсбител, Хамбург, за периодот 1961 - 1990

Демографија[уреди]

Во 2006, 11.890 живееле во квартот Фулсбител. Густината на население била 1.806 на км². 14,6% биле деца под 18 години, а 20,5% имале 65 години или повеќе. 9,7% биле имигранти. 508 луѓе биле регистрирани како невработени.[2] Во 1999, имало 6.768 домаќинства и 49,7% од сите домаќинства биле сочинети од еден член.[3]

Според секторот за патнички возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 5.004 приватни возила во квартот Фулсбител (425 возила/1000 луѓе).[4]

Има 2 основни училишта и 1 средно училиште во квартот Фулсбител и 26 лекари во приватни ординации и 5 аптеки.[4]

Сообраќај[уреди]

Фулсбител е опслужуван од метрото од линијата У1, со две станици, Фулсбител и Фулсбител Норд (порано наречена Флугхафенштрасе).

Од декември 2008, Фулсбител е опслужуван исто така и од градските возови со линијата С1, преку аеродромската железничка станица.[5]

Познати згради[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Службен германски список (германски)
  2. Биро за регистрација на граѓаните Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  3. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  4. 4,0 4,1 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  5. Биро (2008-12-14), „Надземна железница/ Регионални возови (План на мрежата, pdf)“, Hamburger Verkehrsverbund, http://www.hvv.de/pdf/fahrplaene/usar/hvv_usar_regio.pdf, конс. 3 март 2009 

Надворешни врски[уреди]