Лангенхорн (Хамбург)
| Лангенхорн | |
| Кварт од Хамбург | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Хамбург |
| Град | Хамбург |
| Реон | Хамбург-Норд |
| Основни податоци | |
| Површина | 14 km2 (5.4 sq mi) |
| Население | {{{Einwohner or population}}} |
| Други информации | |
| Часовна зона | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | HH |
| Повик. бр. | 040 |
| Местоположба на Лангенхорн во Хамбург | |
Лангенхорн е кварт во округот Хамбург-Норд на Хамбург, Германија.
Содржина |
[уреди] Историја
На 25 јануари 1332, Лангенхорн бил продаден на Хамбург од грофот на Холштајн.[1] Оттогаш, Лангенхорн бил дел од Хамбург.
Подкамп на концентрациониот камп Нојенгаме постоел во Лангенхорн од 12 септември 1944 до 4 април 1945.[2]
[уреди] Географија
Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Лангенхорн имал вкупна површина од 13,8 км². На север и запад е покраината Шлезвиг-Холштајн. На исток е квартот Хумелсбител, во округот Вандсбек и на југ е квартот Фулсбител.
[уреди] Демографија
Во 2006, населението на квартот Лангенхорн било 40.425. Густината на населеност била 2.939 inhabitants per square kilometre (7,612 /sq mi). 18,1% биле деца под 18 години, а 20,1% имале 65 или повеќе години. 11,8% биле имигранти. 1.975 биле регистрирани како невработени.[3] Во 1999, имало 20.546 домаќинства и 43,8% од сите домаќинства биле сочинети само од еден член.[4]
[уреди] Образование
Постојат 6 основни и 5 средни училишта во квартот Лангенхорн.[5]
[уреди] Инфраструктура
Основан во 1832, почесниот конзулат на Кралството Белгија се наоѓа во улицата Langenhorner Markt 9.[6]
[уреди] Здравствен систем
Alskelpios Klinik Nord има вкупно 1.331 кревет и 143 места во дневните центри во 13 департмани. Поделена е на деловите Ochsenzoll и Heidberg, порано двете независни јавни болници. Двете се општи болници и универзитетски болници на универзитетот во Хамбург и имаат капацитет за примање на итни случаи. Делот Оксенцол, Лангенхорнер Хаусе 560, е специјализирано во психијатриски проблеми и геријатриски болести. Делот Хајдберг, Тангштетер Ландштрасе 400, делумно се наоѓа во поранешните СС бараки, има оддели за офталмологија, уши, нос и грло и гинекологија.[7]
Има 22 дневни центри за деца, 57 лекари во приватни ординации и 11 аптеки.[5]
[уреди] Сообраќај
Лангенхорн е поврзан со железничкиот систем на подземната железница со неколку станици. Според секторо на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 16.274 приватни возила (403 возила/1000 луѓе) во квартот Лангенхорн .[5]
[уреди] Познати луѓе
Хелмут Шмит, поранешен канцелар на Германија, живее во Лангенхорн.
[уреди] Наводи
- ↑ Приватен архив Лангенхорн (германски)
- ↑ Кампот е набројан како 559 Хамбург-Лангенхорн во службениот германски список (германски)
- ↑ Служба за пријавување на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Список на конзуларни претставништа, трговски мисии, културни институции и меѓународни институции во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Сенат на слободниот и ханзеатски град Хамбург, (април 2008)
- ↑ Болници во Хамбург, страници 8
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Лангенхорн (Хамбург)“ |
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)
- Болници во Хамбург 2006, Владина агенција за социјални работи, семејни работи, здравство и животна средина на Хамбург Службена страница (германски)
|
|||||||||||||||||