Попенбител

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Попенбител
Кварт од Хамбург
Попенбител во рамките на Германија
Попенбител
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Вандсбек
Основни податоци
Површина 8 km2 (3.1 sq mi)
Население 21.930  (31 декември 2006)
 - Густина 2.741 /km2 (7.100 /sq mi)
Други информации
Часовна зона CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на Попенбител во Хамбург
Карта

53°39′33″N 10°5′5″E / 53.65917°N 10.08472°E / 53.65917; 10.08472

Попенбител е кварт во округот Вандсбек во Хамбург, Германија.

Содржина

[уреди] Историја

Попенбител станал дел од Хамбург во 1937, како последица на Законот за голем Хамбург. Во текот на Втората светска војна постоеле работни оддели на подкампот Зазел на концентрациониот камп Нојенгаме во квартот.[1]

[уреди] Географија

Според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот имал вкупна површина од 8,1 км². На север Попенбител се граничи со покраината Шлезвиг-Холштајн, на запад е квартот Химелсбител. На југ е квартот Велингсбител и на исток се квартовите Зазел и Лемзал-Мелингштет.

[уреди] Демографија

21.930 луѓе живееле во квартот во 2006, густината на населеност била 2.701 на км². 14,5% биле деца под 18 години, а 30,4% имале 65 или повеќе години. 5,6% биле странци. 413 лица биле регистрирани како невработени.[2] Во 1999, постоеле 10.260 домаќинства и 36,7% од сите домаќинства биле составени од поединци.[3]

[уреди] Образование

Во 2006 имало 3 основни и 3 средни училишта во квартот Попенбител.[4]

[уреди] Инфраструктура

[уреди] Здравствен систем

Автобуската станица
Споменик Хамбург-Попенбител

До 2006 имало 92 доктори во приватни ординации и 8 аптеки.[4]

[уреди] Сообраќај

Попенбител е опслужуван од железничкиот систем на подземната железница и градски возови преку неколку станици. Железничката станица Попенбител е терминал за лонијата S1.

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 10.581 приватни возила (484 возила на 1000 луѓе).[4]

[уреди] Споменик за концентрациониот подкамп

Од септември 1944 до април 1945, еврејски жени од подкампот Хамбург-Зазел биле приморани да градат куќи во овој кварт. Последната постоечка куќа се наоѓа во улицата Критенбарг и сега е спомен-куќа.[5]

[уреди] Наводи

  1. Местата се запишани под број 1161 Попенбител-Зазле во службениот германски список.
  2. Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  3. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  4. 4,0 4,1 4,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  5. Споменик Нојенгаме (германски)

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици