Занкт Паули

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Занкт Паули

St. Pauli

Кварт во Хамбург
Ландунгсбрикен и хамбуршкото пристаниште
Ландунгсбрикен и хамбуршкото пристаниште
Занкт Паули се наоѓа во Германија
Занкт Паули
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Хамбург-Мите
Основни податоци
Површина 3 км2
Население 27.612  (31 декември 2005)
 - Густина 9.204 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Координати 53°33′25″ СГШ 9°57′50″ ИГД / 

Занкт Паули се наоѓа во округот Хамбург-Мите и е еден од 105 квартови на градот Хамбург, Германија. Се наоѓа на десниот брег на реката Елба, Ландунгсбрикен е северниот дел на хамбуршкото пристаниште. Во Занкт Паули се наоѓа светски познатиот црвен кварт околу улицата Репербан.

Историја[уреди]

На почетокот на 17-от век е развиено соседство наречено 'Hamburger Berg' (хамбуршка планина) надвор од портите на соседниот град Хамбург и близу градот Алтона. Името доаѓа од ридот во областа, кој бил планиран во Хамбург во 1620 поради одбранбени причини (слободно поле за артилериски оган). Така, населбата првично била дозволено тука, но наскоро бизнисите, кои не биле посакувани во Хамбург, н.п. поради нивниот мирис и ѓубре биле преместувани во 'Hamburger Berg'. Исто така, јажарите (или 'Reeper' на долногермански) дошле тука, бидејќи во градот бил тешко да најдат доволно простор за нивната работа. Името на најпознатата улица на Занкт Паули, Репербан, или „Јаже патека“, враќајќи ја историјата. Кога и службено им било дозволено на луѓето да живеат во Занкт Паули на крајот на 17-от век, градската влада ги преселила работничките домови и инфективните болници надвор од градот во 'Hamburger Berg', кој подоцна бил именуван по неговата црква, 'St. Pauli' (Свети Павле).

Настанале различни социјални борби во текот на последните декади (примери се Хафенштрасе, Роте Флора и Бамбуле).

Годишниот саем „Hamburger Dom“ ноќе.

Географија[уреди]

Се наоѓа директно на северниот брег на реката Елба близу хамбуршкото пристаниште. На југ се наоѓа Ајмсбител, на запад е Хамбург-Нојштат и источно од Алтона. Според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот имал вкупна површина од 2,6 км².

Демографија[уреди]

Занкт Паули имал 27.612 жители во повеќе од 17.000 домаќинства.[1] Имигрантите биле 27,9% од населението.[2] Имало 11,9% деца под 18 години и 9,3% од жителите имале 65 или повеќе години.[2] 63,4% од сите домаќинства биле сочинети од поединци.[1]

Ландунгсбрикен во 1900

Образование[уреди]

Институтот за тропска медицина Бернхард Нохт (BNI) се наоѓа на Bernhard Nocht Straße 7. Тоа е истражувачки центар за тропски и заразни болести и обезбедува информационен центар околу здравствените ризици, вакцинациите и медицинските податоци околу другите држави за туристички и бизнис патувања. Порано во Bernhard Nocht Straße се наоѓал и болнички дел, кој сега е дел од Универзитетско-медицинскиот центар Хамбург-Епендорф (UKE), Martinistraße 52. BNI website

Во 2006, имало 2 основни 1 средно училиште во Занкт Паули.[3]

Култура и рекреација[уреди]

Познат симбол е нејзиниот фудбалски клуб, ФК Занкт Паули и стадионот Милернтор. Клубот бил домаќин на првиот FIFI Wild Cup во мај-јуни 2006. Во 2010, клубот Занкт Паули ја одбележал неговата 100-годишнина. За јубилејот фан-клубот 18auf12 снимил песна: One Hundred Beers (тесктот и музиката од Хенинг Кнор & Кристоф Брикс).[4]

Занкт Паули има долга традиција како рекреација и центар за уживање. Големото хамбуршко пристаниште водело многу морнари во Хамбург, кои сакале да го трошат нивното слободно време (додека нивните бродови биле растоварени и повторно натоварени) во оваа област. Оттогаш, започнала проституцијата во Занкт Паули и сè уште е најпознатиот црвен округ во Хамбург. Црвениот округ е областа околу неколку улици околу улицата Репербан, често нарекувана како Kiez.

Баровите и музичките клубови имаат долга традиција во Kiez St. Pauli. The Beatles живееле во Занкт Паули и свиреле во Star-Club пред да станат познати. Пејачот и актер Ханс Алберс е силно поврзуван со Занкт Паули, обезбедувајќи му ја неофицијалната химна на квартот, со „Auf der Reeperbahn Nachts um Halb Eins“ („На Репербан во половина полноќ“) од филмот Große Freiheit Nr. 7.

Квартот е наведен во песната „St Pauli“ од Art Brut, кои исто така содржи текстови „Punk rock ist nicht tot“ („панк-рокот не е мртов“).

Инфраструктура[уреди]

Сојузната поморска и хидрографска агенција Bundesamt für Seeschiffahrt und Hydrographie (BSH) се наоѓа во Bernhard Nocht Str. 78. BSH е сојузна агенција која спаѓа под надлежност на сојузното министерство за транспорт, градежништво и урбани прашања. Меѓудругото, обезбедува информации за сите прашања на бродоградбата, специјалните фондови, пловните закони, сертификација на морнарите и информациите на трошоците и крајбрежните води на Германија. Службена страница на BSH

Сообраќај[уреди]

Железничкиот систем го опслужува Занкт Паули со градските возови, преку станиците Landungsbrücken и Reeperbahn и подземната железница, преку станиците Landungsbrücken, St. Pauli и Feldstrasse. Јавниот превоз е обезбедуван и од автобусите и фериботите на другите брег на реката Елба.

Во 2006, според секторот на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 5.487 приватни возила во Занкт Паули.[5]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Служба за пријавување граѓани (1999) (Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн)
  2. 2,0 2,1 Служба за пријавување граѓани (31 декември 2005) (Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн)
  3. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  4. One Hundred Beers страница на фан-клубот 18auf12 14.11.2010
  5. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн

Поврзано[уреди]

  • Репербан, улица во квартот Занкт Паули (т.н. црвена улица).

Надворешни врски[уреди]