Нојверк
| Нојверк | |
|---|---|
Нојверк |
|
| Географија | |
| Локација | Северно Море, Устие на Елба |
| Администрација | |
| Покраина | Хамбург |
| Округ | Хамбург-Мите |
| Демографија | |
| Население | 39 ((2007-12-31)) |
Нојверк (герм. Neuwerk) е остров во Ваденското Море на германскиот северен брег и истоимен кварт на градот Хамбург, Германија, во округот Хамбург-Мите. Се наоѓа северозападно од Куксхафен, помеѓу делтите на Везер и Елба, оддалеченоста од центарот на Хамбург е 120 километри. Зафаќа површина од 3 км² и има 39 жители.
Во текот на ниска плима на островото може да се стигне пешки или со коњ од Куксхафен, во други времиња со брод.
Помалите острови Шархерн и Нигехерн близу Нојверк се резервати за птици, затворени за јавноста. Сите три острови и Ваденското Море околу нив, го создаваат Национален парк Ваденско Море (Хамбург).
Содржина |
Историја [уреди]
Најстариот постоечки документ, во кој е спомнат Нојверк е фризиски договор од 1316, каде неговото старо име Nige O е користено.
Откако, реката Елба била витална за членот на Ханза Хамбург, во 1299 35-метри висока кула била изградена како светилник и заштита против пиратите. Светилникот постои и денес, бил изграден помеѓу 1367 и 1369 по пожарот, кој го уништил минатиот. Таа е најстарата постоечка зграда во Хамбург, како и дел од последното утврдување на Хамбург.
Поради Законот за поголем Хамбург, Нојверк станал дел од Прусија во 1937 и така по Втората светска војна бил даден на новата покраина Долна Саксонија. Во 1969, Хамбург г поништил постарите права на пристаништен имот во Куксхафен во корист на Нојверк и Шархерн.[1]
Во раниот 20-ти век, туризмот станал важен за Нојверк.
Демографија [уреди]
На 31 декември 2007, квартот Нојверк имал 39 жители, 26 жени и 13 мажи. 11 жители биле странци.[2]
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Закон за договор со покраината Долна Саксонија... [1] (на германски)
- ↑ (на германски) „Статистички извештај A I 1 - j/07 H“, Статистичко биро за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, 2008-09-11, http://www.statistik-nord.de/uploads/tx_standocuments/A_I_1_j07_H.pdf, проверено на 2009-10-31
Надворешни врски [уреди]
|
|||||||||||||||||
|
||||||||||||||||