Слободна Држава Прусија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Слободна Држава Прусија
Freistaat Preußen
Држава на Германија

 

1918–1935/1947
Знаме Грб
Гесло
Gott mit uns
„Господ со нас“
Слободната Држава Прусија во 1925.
Главен град Берлин
Јазици германски
Уредување Слободна држава
Рајхсштатхалтер
 -  1933–1935 Адолф Хитлер
 -  1935–1945 Херман Геринг
Министер-претседател
 -  1918 Фридрих Еберт (прв)
 -  1933–1945 Херман Геринг (последен)
Законодавство Ландтаг
 -  Горен дом Државен совет
 -  Долен дом Парламент
Историски период Меѓувоен период / Втора светска војна
 -  Германска револуција 9 ноември 1918
 -  Усвоен устав 30 ноември 1920
 -  Укинување на Прусија 20 јули 1932
 -  Пренос на власта на нацистите 30 јануари 1933
 -  Рајхштатхалтергезец 30 јануари 1935
 -  Формално укинување 25 февруари 1947
Површина
 -  1925[1] 292695.36 км²
Население
 -  1925[1] 38175986 
     Густина 130.4 жит/км²
Валута Папирмарка (ℳ),
(1918–1923)
Рентна марка (ℛℳ),
(1923–1924)
Рајхсмарка (ℛℳ)
(1924–1945)

Слободната Држава Прусија (германски: Freistaat Preußen) била германска држава создадена по укинувањето на Кралството Прусија по завршувањето на Првата светска војна. Била главна држава во рамките на Германскиот Рајх во текот на времето на Вајмарската Република, претставувајќи скоро 58 (62,5%) од нејзината територија и население.[1] Слободна држава е друг германски назив за република, кој бил создаден како спротивност на латинскиот збор, кој бил поврзуван со непријателот Франција во умовите на многу Германци во тоа време.

Демократската Слободна Држава Прусија била онеспособена кога била преземена со Прускиот удар (Preußenschlag; распуштање на владата) во 1932–1933 и Ото Браун бил истеран од функцијата. Неговата влада ја поразила оваа одлука на суд, но во 1933, нацистичкиот режим ја преземал контролата на пруската влада.

Од 1933, Слободната држава била лишена од парламентарна демократија и била владеена единствено од Националсоцијалистичката германска работничка партија (нацистичка партија). Првично, Прусија била администрирана од страна на нацистот Херман Геринг, кој бил назначен за премиер на Прусија. Во 1935, територија на Слободната држава била поделена на регионални Гау, некои од нив вклучувале и територии надвор од Прусија, со што Прусија престанала да биде единствена територијална единица во Германија. Иако Слободна држава Прусија продолжила да постои под тоа име под водство на Херман Геринг во текот на нацистичкиот период, од 1935, пруската влада била ефективно припоена кон владата на Германскиот Рајх и местото на Геринг како министер-претседател била сметана повеќе како церемонијална улога во споредба со поголемите надлежности на владата на Третиот Рајх.

По крајот на Втората светска војна, Ото Браун им пристапил на американските власти за повторно да се воспостави легалната пруска влада. Тие и другите окупациски сојузнички сили, кои ја окупирале цела Германија, биле против таа идеја и ја прогласиле Прусија за укината во 1947.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Beckmanns Welt-Lexikon und Welt-Atlas“. Лајпциг/Виена: Verlagsanstalt Otto Beckmann. 1931.