Мекленбург-Западна Померанија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Цивилно знаме
Цивилно знаме
Државно знаме
Државно знаме
Статистика
Главен град: Шверин
Површина: 23,170 km²
Жители: 1,790,000 (2001)
Густина на насел.: 77 луѓе/km²
Веб-сајт: http://www.m-v.de/
ISO 3166-2: DE-MV
Политика
Премиер: Хералд Рингштроф (СДП)
Владеачка партија: СДП/ПДС коалиција
Мапа
Germany Laender Mecklenburg-Vorpommern.png

Мекленбург-Западна Померанија (Германски: Mecklenburg-Vorpommern) е сојузна покраина (или држава, односно Bundesland) во североисточна Германија.

Покраината зафаќа површина од 23,170 km², но има само 1.7 милиони жители, како резултат на што оваа држава спаѓа меѓу оние со најниска густина на населението. Плажите на Балтичкото Море и островите, како и многуте езера во внатрешноста, привлекуваат многу туристи секоја година. Постојат два универзитети и неколку факултети за применети науки.

Најголеми градови се Росток, Шверин, Нојбранденбург, Штралзунд, Визмар и Грајфсвалд. Сите имаат помалку од 200,000 жители.

Содржина

Историја [уреди]

Старата Померанија (Pommern), која се состои од градот Шќеќин (Штетин, односно Stettin) и земјата источно од реката Одра (Hinterpommern), сега е дел од Полска. Западна Померанија (Vorpommern) била под шведска контрола од Вестфалскиот Мир во 1648 година до анексијата со Прусија во 1720 и 1815.

Мекленбург, на запад од Западна Померанија, постанал војводство во 1348, но бил поделен од XVII-от век до 1934. Државите Мекленбург-Шверин и Мекленбург-Стрелиц постанале војводства во 1815, но била воспоставена републиканска влада во 1918. Тие биле кратко споени со Западна Померанија во 19471952 година и се дел од денешната држава од обединувањето на Германија во 1990. Помеѓу 1952 и 1990, Мекленбург-Западна Померанија била разделена на три области (Bezirke): Oбласт Росток, Област Шверин и Област Нојбранденбург, именувани по главните градови. Овие градови биле под раководство на централистичката влада на ДРГ.

Географија [уреди]

Шеста по големина по површина, но само тринаесетта по население меѓу шеснаесетте германски држави, Мекленбург-Западна Померанија се граничи со Балтичкото Море на север, Шлезвиг-Холштајн на запад, Долна Саксонија на југоисток, Бранденбург на југ и со Полска на исток. Нејзиното административно седиште е Шверин, но балтичкото пристаниште Росток е двојно понаселено. Брегот на Балтичкото Море содржи неколку острови, меѓу кои и најголемиот германски остров Риген, потоа Хидензе, Узедом и Пел.

Административна поделба [уреди]

Мекленбург-Западна Померанија е поделена на дванаесет Kreise (области):

Граници на областите

  1. Бад Доберан
  2. Демин
  3. Густроу
  4. Лудвигслуст
  5. Мекленбург-Стрелиц
  6. Муриц
  1. Нордфоарпомерн
  2. Нордвестмекленбург
  3. Остфоарпомерн
  4. Пархим
  5. Риген
  6. Уекер-Рандоу

Исто така, постојат и шест независни градови кои не припаѓаат на ниту една област:

  1. Грајфсвалд
  2. Нојбранденбург
  3. Росток
  4. Шверин
  5. Штралзунд
  6. Визмар

На декември 2003 година, беше започната втората административна реформа, која ќе ја организира сојузната држава во пет области до 2008. Додатно на поголемата територија, областите ќе добијат и некои одговорности од централната влада. Епилогот на новите области не е довршен сеуште.

Надворешни врски [уреди]

Туристички врски [уреди]


Германското знаме Сојузни покраини во Германија Германскиот грб

Баварија | Баден-Виртемберг | Берлин | Бранденбург | Бремен | Долна Саксонија | Мекленбург-Западна Померанија | Северна Рајна-Вестфалија | Рајнска област-Пфалц | Саксонија | Саксонија-Анхалт | Сар | Тирингија | Хамбург | Хесен | Шлезвиг-Холштајн