Гронинген (покраина)
| Гронинген Groningen |
|||
|---|---|---|---|
| — Покраина во Холандија — | |||
|
|||
| Химна: Grunnens Laid | |||
| Местоположба на Гронинген во Холандија | |||
| Земја | Холандија | ||
| Админ. центар | Гронинген | ||
| Управа | |||
| • Краличин комесар | Макс ван ден Берг | ||
| Површина | |||
| • Земја | 2.329 км2 | ||
| • Вода | 576 км2 | ||
| Површина | VIII | ||
| Население (2006) | |||
| • Земја | 574.042 | ||
| • Ранг | IX | ||
| • Ранг по густина | IX | ||
| ISO 3166 | NL-GR | ||
| Вероисповед (2005) | протестанти 18,0% католици 4,6% муслимани 2,5% |
||
| Портал | provinciegroningen.nl | ||
Гронинген (хол. Groningen холандски изговор: [ˈɣroː.nɪ.ŋə(n)] (
слушни); грониншки: Grönnen; западнофризиски: Grinslân) е најсеверната покраина на Холандија. На исток се граничи со Долна Саксонија во Германија, на југ со покраината Дренте, на запад со покраината Фризија, а на север со Ваденското Море. Административен центар е градот Гронинген.
Содржина |
Географија [уреди]
Земјиштето е претежно искористено за земјоделски цели. Кај Слохтерен се експлоатира големо наоаѓалиште на земен гас. Покраината има и многу места и објекти од историско значење и стари зданија во речиси секое село.
Историја [уреди]
Гронинген првобитно бил дел од Фризија, а околу 785 г. што влегол во состав на Царството на Франките. Карло Велики му ја доверил христијанизацијата на ова ново владение на мисионерот Лудгер. Во XI век, подоцнежниот град Гронинген бил село во покраината Дренте, во состав на Утрешката епископија, а најголемиот дел на покраината припаѓала на Минстерската епископија. Во средниот век, централната власт била мошне оддалечена, па затоа градот Гронинген функционирал како град-држава со превласт над околните места како Омеланден. Околу 1500 г., царот Максимилијан I му ги дал Гронинген и Фризија на војводата на Саксонија Алберт III, но овој не успеал трајно да ја наметне својата власт. Во 1514/15 г. Гронинген му припаднал на војводството Гелдерн, а во 1536 на Хабсбуршка Холандија. Во 1594 г. Холандската Република извојувала победа во покраината и ја припоила кон себе. Гронинген останал во нејзин состав до денешно време.
Култура [уреди]
Наречје [уреди]
Во гронинген традиционално се говори типично холандско долносаксонско наречје наречено „гронингс“ (Gronings Grönnegs/Grunnegs) со локални нијасни. Денес, голем дел од населението не го употребува овој говор. Ова е особено случај во градот Гронинген, каде добар дел од населението е доселено од други краишта.
Општини [уреди]
- Апингедам
- Бедум
- Белингведе
- Вендам
- Винсум
- Влагтведе
- Гронинген
- Гротегаст
- Де Марне
- Делфзејл
- Емсмонд
- Зејдхорн
- Лек
- Лоперсум
- Марум
- Ментерволде
- Олдамбт
- Пекела
- Слохтерен
- Стадсканал
- Тен Бур
- Харен
- Хогезанд-Сапемер
Познати личности [уреди]
- Абел Тасман (1603-1659) - истражувач
- Даниел Бернули (1700 -1782) - математичар
- Јозеф Израелс (1824-1911) - сликар
- Арјен Робен (р. 1984) - фудбалер
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Гронинген (покраина)“ |
- Покраински портал на Гронинген (холандски)
- Портал на градот Гронинген (холандски) (германски) (англиски)
- Подробна карта на градот Гронинген (холандски)
|
|||||||